:fem:
Кхм..
Прво, постојат некои разлики: мажите се во просек поголеми од жените и можат да издржат поголеми напрегања на мускулната енергија; поради анатомијата на карлицата, приспособена за раѓање, жените не можат да трчаат толку брзо како мажите; машките хормони поттикнуваат поагресивно однесување. Нормално дека некои работи не можеме исто да ги правиме како мажите.
Е... Имаме примери каде жената учествувала во политиката - кај Ирокезите каде тие се јавувале како избирачи на поглаварот, а во некои африкански општества имало и жени поглавари.
Има примери за жени премиери на држави (Израел, Индија, Шри Ланка).
Во некои општества некои занаети се сметале за „природно“ машки, а во други за „природно“ женски; некаде мажите биле задолжени да носат дрва и да готват, а некаде жените.
Постои тенденција за целосно исчезнување на она старото „женска и машка работа“, а тоа сите го чувствуваме.
Конкретно, замеруваше на примерите каде на припадничките на нејзиниот пол откако ќе стапат во брак на некој начин им е потиснато правото на професионално развивање и градење кариера, и им е наметната улогата на домаќинки - која пак не им е ценета доволно. Нејзината логика на ваквите примери реагираше со замерка во насока на потребата од почитување на личноста на секоја индивидуа, нејзините амбиции, желби и одговорности.
Не инсистираше на промена на улогите во домот, туку на промена на онаа патријархалност при сваќањето на поимот жена во брак која кај нас се провејува историски, иако тешко се бори со условите на новово време кое не наговестува ништо поинакво во иднина.
Во ваков случај нискиот општествен статус на жените претставува облик на угнетување на жените од страна на мажите, но
жените се помалку или повеќе доброволни жртви.
Просто... Умре времето кога родителите го бираат животниот сопатник на своето дете, туку сега секој може сам да си избере по своја волја. Ако одбрала да биде со човек кој бара да биде само дома, тогаш и нејзе така и` одговара. Сепак има голема разлика. И мажот и жената се запознават пред да стапат во брак, а не оди се` „Ајде здраво, јас сум Митре, ова е нашата свадба, ајде да играме“.
Можеби вака мислам затоа што не знам пример жената да седи дома и да ја гледа домашната работа затоа што така сака мажот.
Serpico напиша:
Мојата другарка бараше обострано почитување на желбите на двајцата партнери, бараше компромис - нешто врз што се заснова бракот. Ферска поделба на улогите на двајцата учесници во институцијата, без наметнати влијанија од типот: "јас сум маж и ќе работам, ти седи дома и гледај ја куќата".
И во домашните и во вондомашните сфери, секогаш постои простор во кој мажите и жените можат да преговараат, да помагаат и да допринесуваат, да бидат пријатели или непријатели. Без разлика како „гледа“ едно општество, сето тоа не е последица на вродените својства на мажите и жените, туку на структурните ограничувања во чии рамки тие ги развиваат своите стратегии за стекнување моќ и почит.
И аман со тоа кукање за нерамноправност.:salut: