Битката на жените

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
:tapp: Би додала тема на форумов - Зашто машките неможат да прифатат дека мозокот не оди со полнолетноста..

А добро сеа.. Значи ја се рачунам како изрод за темава зашто неам лична карта нели. Па со тоа неам ни право да пишувам на сериозни теми туку само во Играчница, па ако се трефне може и во Хумор да добијам дозвола.. Еве сега ја ќе прашам нешто.. Зашто момците на форумов. Што се одприлика моја возраст, можат сегде да пишуваат без да им коментира некој ко тебе нешто? Или они се пред се физички изградени и не треба гради да им раснат уште? :tapp:
Мислиш бидејќи си девојче од 15 години нема да ти го ценам мислењето? И јас некогаш се соочував со предрасуди за годините, па затоа те разбирам сега.

Ова важи за сите што се тука некаде во возраст со нас и не е битно кој пол се. Доколку вашите постови вредат, никој нема да ви рече ништо туку спротивно - вие ќе изградите добро мислење кај нив. Годините и полот никогаш не се важни, туку паметот во глава. :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Верувам дека burn84 сакаше да каже, дека грл со нејзините годии сеуште не доживеала што значи да си права возрасна жена.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.906
Поени од реакции
23.875
Верувам дека burn84 сакаше да каже, дека грл со нејзините годии сеуште не доживеала што значи да си права возрасна жена.
да во право си ама проблемот е што нашиве и на 30 не можат да го доживеат тоа. Јас сум видел такви жени што ако мажот го снема нема да знаат од дома да излезат до продавница што се вика де.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Со самото тоа што ме исклучува од муабет поради моите 15 години.. Он ги потврдува ко со беше речено -кукањата- на жените. И да.. Муабетов е за сите женски. Нигде не беше напишано - За сите жени што имаат лична карта.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Ама што ти можеш да кажеш дека те репресираат, кога сеуште не си доживеала све што треба. Сфаќаш ли сеа?
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Сум доживеала доволно за да можам да одговорам на темава.. Иначе немаше ни да се нафатам на истото..
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Сум доживеала доволно за да можам да одговорам на темава.. Иначе немаше ни да се нафатам на истото..
Твоите доживувања се тинејџерски, и кон тебе се однесуваат ко кон тинејџер. Уште ли да објаснувам :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Гижо со burn84 под рака и во игротека. Ајд. Немам намера да дискутирам на нешто што попаметни од мене го нашле одговорот пред којзнае колку години.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А кој рече дека човек не може да учи од туѓи примери?

ПОТЦЕНУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО ЗАРАДИ НИВНАТА ВОЗРАСТ, И НИВНО КАТЕГОРИЗИРАЊЕ КАКО МАЛИ И ЗЕЛЕНИ Е КАТАСТРОФАЛНО. Посебно кога дури и во таков случај не кажувате ништо конкретно и конструктивно, туку само го тупите другарчиња мои.

Немојте против некој да се борите со покажување надмоќ преку исмејување, зашто покажувате глупавост наместо супериорност.

Факти, искуства, видено-чуено-размислено.... ајт на маса.



Кој нареден ќе ја навреди Грл, ќе јае чотек.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
јас немам намера да мерам мускули со никој но темава се вика-Битката на жените. Ако некој од вас успее да ми наведе со еден пример како тинејџерки од 15-16 години спаѓаат во жени има пиво од мене.

Јас не ги навредувам нити не ги почитувам туку само укажувам-далеку од тоа дека не можеш да научиш нешто од помладите можеш многу но кога се работи за животно искуство тука младите потфрлаат не дека се недоволно паметни или глупи,туку едноставно немаат живеено толку долго.

Стварно не би сакал да се упропасти темава со вакви диксусии-нека си каже кој што сака и готово немам намера да се расправам со никој посебно не со луѓе што ги почитувам.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Ко прво и самава тема е сајнс фикшн (не видов ниеден валиден пост кој вели дека жените имаат некаква битка, дури и самите жени со исклучок на 2-3 се противат на темава), а башка што е отворена од малолетник (сакам да алудирам на тоа што има и многу девојки на форумов кои што се 25+ и се прашувам зашто они пак не ја отвориле темава:uvo: ). Ај вил бек ап, нејкам расправии пошо некои пресериозно си ја сфатија темава.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Гижо френд... не виде никакви битки па реши да создадеш барем една, не? :)

Конкретно за битката на малолетните девојки кон признавањето на нивните гледишта произлезени од сопствените животни искуства, јас велам Go On! Секој нека каже што има.... и можеби на крај на денот сите ќе научиме по нешто.

Точно дека 15 е дупло помалку од 30, или трипати од 45... Ама секоја планина си има своја тежина.

Ако толку ви смета зборот жени = можам да го менам насловот на темата во Битката на понежниот пол.

Ќе смени ли тоа нешто?

Да не се повторувам и да не се вртиме во круг.....ајде девојки, жени, мајки, тетки и баби.... Вие сте на потег.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Животот е таков така што може некој и приморано да стекне искуство, т.е уште на помлади години, да се соочи со животот и со неговите тешкотии, а има некои што цел живот го живеат колку да се рече и немаат видено ништо подалеку од носот.
Оваа не е само за жени, туку се однесува општо, така да се извинувам за оф топикот.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Гижо френд... не виде никакви битки па реши да создадеш барем една, не? :)

Конкретно за битката на малолетните девојки кон признавањето на нивните гледишта произлезени од сопствените животни искуства, јас велам Go On! Секој нека каже што има.... и можеби на крај на денот сите ќе научиме по нешто.

Точно дека 15 е дупло помалку од 30, или трипати од 45... Ама секоја планина си има своја тежина.

Ако толку ви смета зборот жени = можам да го менам насловот на темата во Битката на понежниот пол.

Ќе смени ли тоа нешто?

Да не се повторувам и да не се вртиме во круг.....ајде девојки, жени, мајки, тетки и баби.... Вие сте на потег.
Вака добива сосема ново значење.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Вака добива сосема ново значење.
...има некои што цел живот го живеат колку да се рече и немаат видено ништо подалеку од носот...
Ајде да видиме подалеку од носот.

Пред извесно време си муабетев со неколку другари и другарки, нити еден од нив не беше Титов пионер. Една колешка нафрли тема на муабет слична со оваа.... Проблемот кој го изнесе се однесуваше на почитувањето на жената во инститцијата брак.

Конкретно, замеруваше на примерите каде на припадничките на нејзиниот пол откако ќе стапат во брак на некој начин им е потиснато правото на професионално развивање и градење кариера, и им е наметната улогата на домаќинки - која пак не им е ценета доволно. Нејзината логика на ваквите примери реагираше со замерка во насока на потребата од почитување на личноста на секоја индивидуа, нејзините амбиции, желби и одговорности.

Не инсистираше на промена на улогите во домот, туку на промена на онаа патријархалност при сваќањето на поимот жена во брак која кај нас се провејува историски, иако тешко се бори со условите на новово време кое не наговестува ништо поинакво во иднина.

Мојата другарка бараше обострано почитување на желбите на двајцата партнери, бараше компромис - нешто врз што се заснова бракот. Ферска поделба на улогите на двајцата учесници во институцијата, без наметнати влијанија од типот: "јас сум маж и ќе работам, ти седи дома и гледај ја куќата".

Што и реков јас на тоа? Дали нејзиниот или онај другиот пристап е правилен или не..... Застанав зад мислењето дека се е индивидуално, лично познавајќи примери и од едниот и од другиот тип.

Таа на тоа реагираше дека жените како суштества кои се склони кон практично покажување на емоциите, секогаш ќе премолчат во критичните ситуации за сметка на своите лични права и ќе го направат она што "треба да се направи".

Дали нашето општество денеска е зрело за задржување на патријархалните сваќања? Дали е зрело за некои нови вредности и гледишта во овие односи? Дали сме подготвени, дали се нашите ега и суети спремни да прифатат поактивна улога на жените кога тие тоа го бараат и кога го заслужиле?

Дали јас, ако сум антиталент за бришење прашина или менување пелени не треба да зготвам ручек или да направам уште некоја од "женските" работи ако можам од стравот дека ќе бидам гледан како слабак, папучар, обезличен?

Дали таа треба да ми го поти Стојко со реакциите за непочитувањето на нејзините елементарни права во домот како основна клетка и пошироко во општеството, а самата да не е свесна дека болната амбиција знае да разруши се пред себе, почнувајќи од неа, од нашиот брак, од нашите деца.... па до нивните деца?

Еве битка, дами и господа.

Имам 21-на година и не сум во брак. Смеам ли да дискутирам за ова?

Не мора да ми одговорите на последното прашање. На претходните - ПОВЕЛЕТЕ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom