Вака добива сосема ново значење.
		
		
	 
	
		
	
	
		
		
			...има некои што цел живот го живеат колку да се рече и немаат видено ништо подалеку од носот...
		
		
	 
Ајде да видиме подалеку од носот.
Пред извесно време си муабетев со неколку другари и другарки, нити еден од нив не беше Титов пионер. Една колешка нафрли тема на муабет слична со оваа.... Проблемот кој го изнесе се однесуваше на почитувањето на жената во инститцијата брак.
Конкретно, замеруваше на примерите каде на припадничките на нејзиниот пол откако ќе стапат во брак на некој начин им е потиснато правото на професионално развивање и градење кариера, и им е наметната улогата на домаќинки - која пак не им е ценета доволно. Нејзината логика на ваквите примери реагираше со замерка во насока на потребата од почитување на личноста на секоја индивидуа, нејзините амбиции, желби и одговорности. 
Не инсистираше на промена на улогите во домот, туку на промена на  онаа патријархалност при сваќањето на поимот жена во брак која кај нас се провејува историски, иако тешко се бори со условите на новово време кое не наговестува ништо поинакво во иднина.
Мојата другарка бараше обострано почитување на желбите на двајцата партнери, бараше компромис - нешто врз што се заснова бракот. Ферска поделба на улогите на двајцата учесници во институцијата, без наметнати влијанија од типот: "јас сум маж и ќе работам, ти седи дома и гледај ја куќата".
Што и реков јас на тоа? Дали нејзиниот или онај другиот пристап е правилен или не..... Застанав зад мислењето дека се е индивидуално, лично познавајќи примери и од едниот и од другиот тип. 
Таа на тоа реагираше дека жените како суштества кои се склони кон практично покажување на емоциите, секогаш ќе премолчат во критичните ситуации за сметка на своите лични права и ќе го направат она што "треба да се направи".
Дали нашето општество денеска е зрело за задржување на патријархалните сваќања? Дали е зрело за некои нови вредности и гледишта во овие односи? Дали сме подготвени, дали се нашите ега и суети спремни да прифатат поактивна улога на жените кога тие тоа го бараат и кога го заслужиле?
Дали јас, ако сум антиталент за бришење прашина или менување пелени не треба да зготвам ручек или да направам уште некоја од "женските" работи ако можам од стравот дека ќе бидам гледан како слабак, папучар, обезличен?
Дали таа треба да ми го поти Стојко со реакциите за непочитувањето на нејзините елементарни права во домот како основна клетка и пошироко во општеството, а самата да не е свесна дека болната амбиција знае да разруши се пред себе, почнувајќи од неа, од нашиот брак, од нашите деца.... па до нивните деца?
Еве битка, дами и господа.
Имам 21-на година и не сум во брак. Смеам ли да дискутирам за ова?
Не мора да ми одговорите на последното прашање. На претходните - ПОВЕЛЕТЕ!