Драган, може кога ќе си послободен да објасниш како се игра бејзболов, правила, позиции на играчите, ова она? Ме интересира ептен, а гледам и другите се доста заинтересирани
Фросе, ќе се договорите со Леона неа треба да ја носам на тренинг кај мене да види. Дојдете и двете све ќе ви објаснам.
Вака у кратки црти:
Во тимот кој е распореден по бази (1st base, 2nd base, short stop, 3rd base, left outfield, middle outfield, right outfield тука влага и pitcher тој што фрла топче и catcher тој што го фаќа) задачата им е да изгорат 3 играчи. Значи вториот тим кога ќе го мавне топчето и играчот кој го мавнал трча на прва база. Е сега задачата на тие што се распоредени по базите е да го фрлат топчето на тој што седи на прва база пред играчот (тој што трча) да стапне на базата (важи и за 2 и за 3 база). Исто може и да се изгори ако топчето се фати без да падне. Кога ќе се изгорат 3 играчи, се мењаат страните. Тие што мавале одат на бази, тие што биле на бази одат да маваат. Сега за поените не сум точно сигурен по колку одеа. Мислам дека беше ако се и истрча со паузи (застанување на база) носи 1 поен, а ако одеднаш се истрча цел терен (сите бази) носи мислам 5 поени (Home run).
п.с.Малце краткиве црти подолги станаа.