Бермудски триаголник

Член од
9 февруари 2010
Мислења
315
Поени од реакции
910
spored mene sigurno imaat nekoi prekrsuvanja vo elektromangetnata gravitacija. sum cital deka sve e elektromagnetizam i gravitacija. ima i atomski i nuklearni sili ama tie se mnogu mali no silni i se za atomski bombi i nuklearki. e sega spored mene takvite nekoi prekrsuvanja moze da donese do cudni nastani, posto tuka ne se znae ni prostor ni vreme moze tuka pobrzo tece ili posporo ako se secavate ko na digimon svetot koj bea u digimonite. taka da se e mozno
 

Член8

Avatar
Член од
7 февруари 2010
Мислења
30
Поени од реакции
2
можеби е worm hole?
Вака Портали или микро црвотичини(микро worm holes) најчесто се појавуваат на точно одредени места на земјината топка поточно на места каде енергиите се спојуваат од повеќе страни на едно место или некој вид на чакри на планетата како што се местата каде се сечат меридианите и тие другите (не ми текнуе како се викаа у моментов) и каде што има највеке пресекувања се прави голема мрежа на енергии и доаѓа до аномалии на простор времето каде се прекрстубваат нашата 3 димензија со веројатно најблиската до нас валда 4 димензија.Е сеа претпоставувам дека и бермудскиот триаголника е нешто такво, исто така најнови извори кажуваат дека во мементов е отворен нов портал во Јемен каде што се претпоставува дека америка ке окупира наводно поради "терористички напади" кои сите веќе знаеме дека тоа е само илузија создадена од нив за да имаат причина да окупираат како и сеа со земјотресот во хаити наместо храна и секаква помош добија војски од нато и компанија и окупација многу нормално како и во Ирак итн.. како и да е тие би го окупирале Јемен за да можат на раат да го истражуваат порталот кој се претпоставува дека со помош на такви портали може да се гледа во иднина и минато или да се испраќаат информации и примаат, за патување од едно место на друго или од едно време на друго незнам точно али можда може и тоа не викам не не викам да. Е сеа дали сакаат да го затворат или да го држат отворен не се знае али има теории дека ако се користат такви приридни портали со помош на технологија можно е за време на поклопувањето со галактичкиот центар (2012 до 2016/18) кога ке најдојдат масивни космички зраци да се насобере премногу голема енергија преку овие портали и да влијае на целата планета катастрофално а за да се спречи ова требало да бидат сите портали кои се вештачки направени да се исклушат и тие зрачења да делуваат приридни и нели во наш бенифит :vozbud:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Во право си . Бермудскиот триаголник е - stargate и има врска со електромагнетното поле на земјата и чакрите на земјината топка.
 
Член од
19 февруари 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
:toe:Eve nekoi nedoreseni misterii od Bermudskiot triagolnik.


  • 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
  • 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
  • 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
  • 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
  • 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
  • 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
  • 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
  • 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
  • 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
  • 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
  • 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
  • 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
  • 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
  • 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.

Luge site informacii za triagolnikov se napisani od istrazuvanata na USA i nikoj ne moze da potvrdi deka se tocni (moe mislene)

Sepak mislam deka ovie informacii se predpostavki od istrazuvanata na USA....nikoj ne moze da potvrdi deka seto ova e visitna....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Доста интересно:

Раб на изгубениот свет, триаголник на смртта, гробишта на Атлантикот, Зона на самракот, ѓаволски триаголник, бермудски триаголник – сите овие се називи за имагинарно подрачје на Атлантикот, со кои се врзуваат мистериозни приказни за необјасниви исчезнувања на бродови, луѓе и авиони, необични светла, водени вртлози и слични појави.





Станува збор за подрачје во Атлантикот, Сан Јуан во Порторико на Карибите, Форт Лаудердал на Мајами и Бермудските острови го сочинуваат „ѓаволскиот триаголник“.
Зависно од изворите, во бермудскиот триаголник од времето на Кристофер Колумбо до денес се случиле од 200 до 1.000 несреќи. Хауард Росенберг, писател заинтересиран од тајните на триаголникот, во текот на 1973 година во своите истражувања собрал податоци за 8.000 повикувања за помош до американската крајбрежна стража, како и податок дека во ова столетие, „ѓаволскиот триаголник“ без трага однел повеќе од 50 бродови и авиони.
Бизарните случувања забележани на ова подрачје датираат уште од времето кога Колумбо допловил во близина на брегот на Средна Америка. И самиот Колумбо бил сведок на необични случувања во Триаголникот: при првата пловидба на неговиот брод Нина, Пинта и Санта Марија, во 1942 година компасот полудел, а Колумбо и екипажот виделе чудни светла на небото, за што постојат записи во бродскиот дневник.
Таинствените трагедии во бермудскиот триаголник дополнително се припишани и на откритието на бродот Мери Целеста: бродот во 1872 година исчезнал, па потоа е најден напуштен сред море, околу 400 милји надвор од курсот Њујорк – Женева по кој пловел пред да исчезне. Немало трага за десетмината членови на екипажот.

Исчезнување на „Летот 19“

Најпознатото, пак, случување врзано со бермудскиот триаголник, од кое всушност и започнува модерната легенда, е исчезнувањето на „летот 19“. Тоа се случило на 5-ти декември 1945 година кога пет морнарски бомбардери мистериозно исчезнале на рутинска задача, а исчезнал и авионот испратен за нивна потрага. Вкупно без трага останале 27 луѓе.
Ова подрачје како бермудски триаголник го „крстил“ Винсент Гадис во натписот „Смртоносниот бермудски триаголник“, што во 1964 година го објавил во Аргоса.

Интересирањето за феноменот за подрачјето од кое без трага се исчезнува е вистинска еуфорија, кога Чарлс Берлитц во 1974 година го објавил бестселерот Бермудски триаголник. За подгревањето на еуфоријата многу придонеле и мас-медиумите.
И денес, бермудскиот триаголник интригира со своите тајни, но скептиците се сè повеќе гласни: нивната теорија е дека е права мистерија како бермудскиот триаголник воопшто станал мистерија. Таинственото и необјаснивото за луѓето отсекогаш било привлечно и интересно, а со таинственоста, чудата и мистериите никако не одат рационалните објаснувања. Но, всушност такви се објаснувањата кои ги даваат скептиците. Што се однесува до Колумбо, според податоците од неговиот бродски дневник, тој полудениот компас го објаснува како отстапување помеѓу географскиот и магнетскиот северен пол. Светлата кои ги опишал како „големи огнени топки“ најверојатно биле метеори.

Светско проклетство!?

Пронаоѓањето на бродот Мери Целеста без екипаж исто така може да се објасни: на бродот не е пронајден ниту еден појас за спасување, што наведува да се помисли дека морнарите го напуштиле бродот за време на олујата мислејќи дека бродот нема да издржи. Но, она што најмногу оддалечува од мистерија е фактот дека овој брод е пронајден далеку од бермудскиот триаголник , дури и во близина на крајбрежјето на Португалија.
Различни извори, имено, различно ја одредуваат големината на бермудскиот триаголник: тие варираат од 500.000 квадратни милји до трипати поголемо подрачје. Имагинацијата на некои автори во триаголникот ги вклучуваат и Азорските острови и мексиканскиот залив. Му се припишуваат и несреќите кои се случувале на крајбрежјето на Ирска, на Пацификот и Индискиот океан. Така, триаголникот би можела да се нарече не бермудски, туку „светско морско проклетство“, предупредуваат „реалистите“.
Оние кои тврдат дека фактите не ја поддржуваат легендата, даваат објаснување и за случувањата врзани со „летот 19“: екипажот на сите пет авиони го сочинувале неискусни приправници, изоставајќи го водачот на патролата, поручникот Чарлс Тејлор, кој тој ден немал желба да лета, па дури сакал и мисијата да му ја препушти на друг. Иако многу брзо увидел дека компасот не функционира, летот го продолжил на слепо, осврнувајќи се на навигацијата спрема земските ориентири. Но, надошле грмотевици, Тејлор бил дезиорентиран и покрај предупредувањата на приправникот дека „запад е на другата страна“, како и не префрлајќи ја врската на чиста радиска фрекфенција, екипажот го одвел на погрешна страна, далеку на Атлантикот. Притоа, им снемало и гориво. Поради тоа, противниците на теориите за чудата во триаголникот, говорат дека „единствена мистериозна сила била силата на гравитацијата која делувала на авионот без гориво“. Вистина е дека не се нашол ни најмал доказ за ниеден авион, но ако поручникот навистина ги однел далеку на Атлантикот, најверојатно паднале на подрачје каде што океанот брзо се полавил.
Внатре во бермудскиот триаголник лежи, всушност, девет илјади длабока порториканска дупка, најдлабока точка на Атлантикот, а авионите и бродовите кои таму потонуваат ретко можат повторно да се видат.


Застанати часови

Што се однесува на „мартин маринер“, авионот пратен во потрага, за кој многумина мислат дека исчезнал во бермудскиот триаголник, навистина не се вратил: експлодирал набрзо по полетувањето, што не било необично бидејќи „маринерите“ биле познати по неисправните резервоари за гориво.
Од друга страна, повторно, има многу случувања кои се случиле во бермудскиот триаголник за кои навистина е тешко да се најде какво било разумно објаснување. Во тоа спаѓа, меѓу останатото, случајот на патничкиот лет на националниот авиопревозник 727 кој на 10 минути исчезнал од радарските екрани на мајамискиот меѓународен аеродром. По доаѓањето, екипажот одрекувал дека што било се случило, освен што „десет минути летале низ лесна магла“. Меѓутоа, сите саати во авионот доцнеле десет минути, иако ги провериле од аеродромот непосредно пред необјаснетите десет минути „поминување низ лесна магла“.
Уште неколку пилоти имале слични искуства со промената на времето по поминувањето низ ненадејна магла, што нормално ја крева цената на објаснувањата кои не се рационални, но можеби и подобро ја објаснуваат мистеријата на бермудскиот триаголник дури и ако се спротивни на природните закони на физиката. Такво објаснување е на пример она за аберантните енергетски полиња кои креираат временски дупки.
Уште еден случај кој ја поддржува оваа теорија е оној на помалку среќниот пилот по име Керолин Цасицо и нејзините патници. Керолин, пилот со лиценца, полетала со чартер лет до островот Турк во бермудскиот триаголник. Кога се приближила на островот, персоналот на земјата видел како нејзиниот авион бесцелно кружи. Радиооператорот на аеродромот не добивал одговори на обидите за радиоконтакт, но ги слушнал зборовите кои таа ги разменила со патникот: Не разбирам! Ова би требало да биде Grand Turk, но долу нема ништо. Право е местото на мапата, обликот е прав, но овој остров изгледа како ненаселен: нема згради, нема патишта, ништо! По неколку кругови, се свртела и одлетала. Керолин и нејзиниот патник веќе не се видени. Лошо време? Временска дупка? Киднапирање од вонземјани? Многу теории се обидуваат да ги објаснат случувањата на бермудскиот триаголник.


Што е вистина!?

Вонземјаните, делување на кристалите од Атлантида, лоши луѓе со антигравитациски уреди и други чудни технологии, како и вртлози од четврта димензија, теориите се омилени меѓу писателите на фантастика.
Меѓу технолошки ориентираните, пак, омилени се теориите за магнетските полиња за океанските флатуленции, односно метански гас од дното на океанот.
Меѓу скептиците се движат теориите за времето (бури, урагани, цунами, земјотреси), лоша среќа, гусари, експлозија на товари, неспособност на навигаторот, како и останати природни и човечки причини.
Бројот на бродоломи, кажуваат приврзаниците на реалистични објаснувања, на ова подрачје не е необичен кога ќе се спореди со големината на подрачјето, сместувањето и густината на прометот. Многу бродови и авиони, освен тоа, кои се водат како мистериозно исчезнати во бермудскиот триаголник, воопшто не биле во ова подрачје.


Најпознати несреќи во бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник од 1945 година „проголтал“ неколку стотини авиони и бродови, како и повеќе од 1.000 луѓе. Покрај најпознатото исчезнување, она на „летот 19“ од 1945 година, несреќи кои предизвикале најмногу интересирање кај јавноста се:
  • 1918 година – броодот USS Cyclops исчезнал заедно со 300 луѓе на патувањето од Барбадос до Балтимор
  • 1941 година – бродовите Протеус и Нереус исчезнале на одвоени патувања од Девојачките острови во САД
  • 1947 година – воениот Ц-45, исчезнал 100 милји од Бермуди
  • 1948 година – четиримоторниот Тудор 4 е изгубен со 31 жртва
  • 1948 година – ДЦ – 3 е изгубен со 32 патника и екипаж
  • 1949 година – исчезнува вториот Тудор 4
  • 1950 година – американскиот товарен брод СС Сандра, 350стапки долг, потонал без трага
  • 1952 година – британскиот транспортен авион јорк е изгубен со 33 луѓе
  • 1954 година – Lockheed constellation на американската морнарица исчезнал со 42 луѓе
  • 1956 година - хидроавионот Мартин П5М на американската морнарица исчезнал со 10 членови на екипажот
  • 1962 година – КБ – 50, танкер авион на американските зрачни сили – изгубен
  • 1963 година - Marine Sulphur Queen, 425 стапки долг товарен брод, исчезнал со комплетниот екипаж. Никогаш не побарале помош, ниту е пронајден каков било остаток од бродот
  • 1963 година – два големи стратотанкери на американските воздушни сили исчезнуваат на едноставна вежба
  • 1967 година – воениот YC-122 претворен во товарен авион – изгубен
  • 1970 година – францускиот товарен брод Милтон Јатридес исчезнал
  • 1972 година – гермаснкиот теретен брод Анита, 20.000 тони, исчезнал со 32 члена екипаж


Последно исчезнување

Во јуни 1997 година на подрачјето на бермудскиот триаголник британската флота пронашла напуштена јахта. Јахтата, како што се покажало подоцна, му припаѓала на Ралф Шилинг и на неговата сопруга, германски пар чие исчезнување е пријавено 10 месеци потоа. Работниците во британската флота забележале чуден изглед на јахтата: била без едро, јажињата виселе, а внатре е пронајдена облека, полни пепелници и отворена книга која изгледала како некој да ја оставил само за момент.

Мотика
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.933
Поени од реакции
886
А има ли некој што преживеал поголема несреќа во Бермудскиот триаголник?
 

RedStar

PC GAMER
Член од
4 октомври 2009
Мислења
231
Поени од реакции
50
:toe:Eve nekoi nedoreseni misterii od Bermudskiot triagolnik.



  • 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
  • 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
  • 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
  • 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
  • 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
  • 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
  • 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
  • 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
  • 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
  • 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
  • 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
  • 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
  • 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
  • 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.
Добро бе, а не ви текнало на едно просто објаснување...???
Како прво гледајте дека 90% се амерички бродови и авиони така...??? Гледај ги и годините кога се случувале дејствијата... Воглавно во студената војна, од 1947, па до 1973 година...
Нели е можно Руски подморници кои биле стационирани во Куба во тоа време одвреме навреме така ефикасно да ги буткаат т.е. потонуваат авионите и бродовите што овие Америве познати по такви работи, почнале да измислуваат натприродни појави...???
Свашта бива луѓе... Ова беше само едно мое видување...
 

Mihail-San

Arsonist
Член од
3 мај 2010
Мислења
15
Поени од реакции
2
Ако сакате нешто повеќе за бермудскиот триаголник, пробајте да ја најдете емисијата Is it real: Bermuda Triangle се зборува за бермудскиот триаголник, во емисијата има и скептични мислења и факти, како шо се сеќавам 1 тип зборуваше како поминал низ магла од Бермудскиот триаголник и кажуваше како да ја видел "структурата на времето" што мене ми е чудно а и добар факт... сепак да не ја должам ако можете погледнете ја нема да зажалите ;)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Добро бе, а не ви текнало на едно просто објаснување...???
Како прво гледајте дека 90% се амерички бродови и авиони така...??? Гледај ги и годините кога се случувале дејствијата... Воглавно во студената војна, од 1947, па до 1973 година...
Нели е можно Руски подморници кои биле стационирани во Куба во тоа време одвреме навреме така ефикасно да ги буткаат т.е. потонуваат авионите и бродовите што овие Америве познати по такви работи, почнале да измислуваат натприродни појави...???
Свашта бива луѓе... Ова беше само едно мое видување...
Можно е! :) За да покажат дека не се слаби Американците си измислуваат митови а? :)
 
T

Tetro

Гостин
Добро бе, а не ви текнало на едно просто објаснување...???
Како прво гледајте дека 90% се амерички бродови и авиони така...??? Гледај ги и годините кога се случувале дејствијата... Воглавно во студената војна, од 1947, па до 1973 година...
Нели е можно Руски подморници кои биле стационирани во Куба во тоа време одвреме навреме така ефикасно да ги буткаат т.е. потонуваат авионите и бродовите што овие Америве познати по такви работи, почнале да измислуваат натприродни појави...???
Свашта бива луѓе... Ова беше само едно мое видување...
Има многу повеќе:
Листа на исчезнати летала
Листа на исчезнати пловила
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Не знам што е чудно кога самото име кажува Бермудски Триаголник, па видете и пирамидите како се во форма на триаголник. Нешто со масоните поврзано.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не ми забегувајте за масони тука, имате цела тема.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Бермудскиот триаголник (Најголемите светски мистерии)

И покрај многубројните исчезнати бродови и авиони, и натаму има скептици во поглед на мистеријата наречена Ѓаволскиот триаголник



Точно во 14,00 часот, на 5 декември 1945 година, по убаво време, ескадрила од 5 авиони од типот „груман“ на Американската авијација летнала од базата во Форт Лодердејл на еден рутински лет. Набргу потоа пилотите преку радиоврска јавиле дека откажуваат сите инструменти. Компасите просто „побудалеле“. Два часа по летнувањето била загубена секаква врска со авионите.
Во потрага по исчезнатите авиони веднаш бил пратен еден бомбардер од типот „мартини“. По 20 минути била прекината радиоврската и со него. Не останале никакви траги. Исчезнале вкупно 6 авиони и 27 луѓе.
По таа катастрофа во употреба влегол нов израз – Бермудскиот триаголник. Поимот се однесувал на подрачјето на Атлантик меѓу Бермудски Острови, Флорида и Порторико, а исчезнувањето на американските авиони само го потврдило долгогодишниот страв на морнарите и пилотите.
За жал, таинственото губење на шесте авиони не било првата несреќа во таа област, зашто со години пред тоа биле јавувани тешкотии во навигацијата и необично силните магнетни полиња. Најтешката несреќа во мистериозниот триаголник го снашла бродот „Киклоп“ од 19.000 тони.
„Киклоп“, кој пловел како брод за снабдување во составот на Американската морнарица, се движел од Барбадос накај Норфолк, Вирџинија. На 19 март 1918 година бродот исчезнал од површината заедно со 309 членови на екипажот. Чудно е тоа што од бродот не бил упатен никаков повик и дека не била пронајдена никаква трага од некакви остатоци.



Меѓутоа, од 1945 година Бермудскиот триаголник станал легенда. Познат е и под имињата Ѓаволски триаголник, Триаголник на смртта, Баксузно море и Гробница на Атлантик. Се проценува дека проголтал над 140 бродови и авиони со над 1.000 луѓе. Еве само некои од нив:
1947: Воениот авион „С-45 суперфорт“ исчезнал на 100 милји од Бермуди.
1948: Четиримоторниот авион „тудор IV“ исчезнал со 31 патник.
1948: DC-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
1949: Исчезнал уште еден „тудор IV“.
1950: Бил загубен џиновскиот авион „глобмастер“ на Американската воена авијација.
1950: Американскиот товарен брод „SS Сандра“, долг 120 метри, потонал без трага.
1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „локид констелејшн“ исчезнал со 42 патници.
1956: Хидроавион на Американската морнаричка авијација „мартин Р5М“ исчезнал со 10 членови на екипажот.
1962: Авион-танкер „КВ-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага.
1963: Американскиот крстосувач „Марина сулфур квин“, долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност ниту се пронајдени неговите остатоци. На сличен начин исчезнале и два огромни танкера на Американската воена авијација. Без трага се загубил и товарниот авион „С-132 каргомастер“.
1967: Исчезнал и УС-122, преправен во транспортен авион.
1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Милтон Јатрид“.
1973: Германскиот товарен брод „Анита“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.
Ова се само некои од регистрираните исчезнувања што се случиле во триаголникот. Меѓутоа, во поново време е се поголем бројот на оние кои, не без основа, изразуваат сомневање во теоријата за дејствување на таинствени сили во таа област.



Пишувањето за Бермудскиот триаголник станало доходен бизнис во шеесеттите и седумдесеттите години на дваесеттиот век, а некои од теориите што ги изнесувале одделни писатели биле, најблаго речено, неверојатни. Исчезнувањето на бродови и авиони им било припишувано на лошите временски услови, на водените пијавици (столбови вода што ги создаваат торнадата, гледајте го филмот Посејдон - Poseidon за да ви стане јасно за што станува збор), на подземните вулкани, на повратната гравитација и на црните дупки. Имало и теории дека НЛО собираат „примероци“ од Земјата во таа област или дека луѓето од исчезнатата цивилизација Атлантида се енергија, а сега лежи на дното на морето.
Во една од книгите-бестселери се изнесува теоријата дека навигационите уреди во авионите и бродовите откажуваат поради огромниот соларен кристал што некогаш ја снабдувал Атлантида со енергија, а сега лежи на дното на морето.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај дека не можете да ископирате и цели страници од темава и да ги пастирате и нив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom