Доста интересно:
Раб на изгубениот свет, триаголник на смртта, гробишта на Атлантикот, Зона на самракот, ѓаволски триаголник, бермудски триаголник – сите овие се називи за имагинарно подрачје на Атлантикот, со кои се врзуваат мистериозни приказни за необјасниви исчезнувања на бродови, луѓе и авиони, необични светла, водени вртлози и слични појави.
Станува збор за подрачје во Атлантикот, Сан Јуан во Порторико на Карибите, Форт Лаудердал на Мајами и Бермудските острови го сочинуваат „ѓаволскиот триаголник“.
Зависно од изворите, во бермудскиот триаголник од времето на Кристофер Колумбо до денес се случиле од 200 до 1.000 несреќи. Хауард Росенберг, писател заинтересиран од тајните на триаголникот, во текот на 1973 година во своите истражувања собрал податоци за 8.000 повикувања за помош до американската крајбрежна стража, како и податок дека во ова столетие, „ѓаволскиот триаголник“ без трага однел повеќе од 50 бродови и авиони.
Бизарните случувања забележани на ова подрачје датираат уште од времето кога Колумбо допловил во близина на брегот на Средна Америка. И самиот Колумбо бил сведок на необични случувања во Триаголникот: при првата пловидба на неговиот брод Нина, Пинта и Санта Марија, во 1942 година компасот полудел, а Колумбо и екипажот виделе чудни светла на небото, за што постојат записи во бродскиот дневник.
Таинствените трагедии во бермудскиот триаголник дополнително се припишани и на откритието на бродот Мери Целеста: бродот во 1872 година исчезнал, па потоа е најден напуштен сред море, околу 400 милји надвор од курсот Њујорк – Женева по кој пловел пред да исчезне. Немало трага за десетмината членови на екипажот.
Исчезнување на „Летот 19“
Најпознатото, пак, случување врзано со бермудскиот триаголник, од кое всушност и започнува модерната легенда, е исчезнувањето на „летот 19“. Тоа се случило на 5-ти декември 1945 година кога пет морнарски бомбардери мистериозно исчезнале на рутинска задача, а исчезнал и авионот испратен за нивна потрага. Вкупно без трага останале 27 луѓе.
Ова подрачје како бермудски триаголник го „крстил“ Винсент Гадис во натписот „Смртоносниот бермудски триаголник“, што во 1964 година го објавил во Аргоса.
Интересирањето за феноменот за подрачјето од кое без трага се исчезнува е вистинска еуфорија, кога Чарлс Берлитц во 1974 година го објавил бестселерот Бермудски триаголник. За подгревањето на еуфоријата многу придонеле и мас-медиумите.
И денес, бермудскиот триаголник интригира со своите тајни, но скептиците се сè повеќе гласни: нивната теорија е дека е права мистерија како бермудскиот триаголник воопшто станал мистерија. Таинственото и необјаснивото за луѓето отсекогаш било привлечно и интересно, а со таинственоста, чудата и мистериите никако не одат рационалните објаснувања. Но, всушност такви се објаснувањата кои ги даваат скептиците. Што се однесува до Колумбо, според податоците од неговиот бродски дневник, тој полудениот компас го објаснува како отстапување помеѓу географскиот и магнетскиот северен пол. Светлата кои ги опишал како „големи огнени топки“ најверојатно биле метеори.
Светско проклетство!?
Пронаоѓањето на бродот Мери Целеста без екипаж исто така може да се објасни: на бродот не е пронајден ниту еден појас за спасување, што наведува да се помисли дека морнарите го напуштиле бродот за време на олујата мислејќи дека бродот нема да издржи. Но, она што најмногу оддалечува од мистерија е фактот дека овој брод е пронајден далеку од бермудскиот триаголник , дури и во близина на крајбрежјето на Португалија.
Различни извори, имено, различно ја одредуваат големината на бермудскиот триаголник: тие варираат од 500.000 квадратни милји до трипати поголемо подрачје. Имагинацијата на некои автори во триаголникот ги вклучуваат и Азорските острови и мексиканскиот залив. Му се припишуваат и несреќите кои се случувале на крајбрежјето на Ирска, на Пацификот и Индискиот океан. Така, триаголникот би можела да се нарече не бермудски, туку „светско морско проклетство“, предупредуваат „реалистите“.
Оние кои тврдат дека фактите не ја поддржуваат легендата, даваат објаснување и за случувањата врзани со „летот 19“: екипажот на сите пет авиони го сочинувале неискусни приправници, изоставајќи го водачот на патролата, поручникот Чарлс Тејлор, кој тој ден немал желба да лета, па дури сакал и мисијата да му ја препушти на друг. Иако многу брзо увидел дека компасот не функционира, летот го продолжил на слепо, осврнувајќи се на навигацијата спрема земските ориентири. Но, надошле грмотевици, Тејлор бил дезиорентиран и покрај предупредувањата на приправникот дека „запад е на другата страна“, како и не префрлајќи ја врската на чиста радиска фрекфенција, екипажот го одвел на погрешна страна, далеку на Атлантикот. Притоа, им снемало и гориво. Поради тоа, противниците на теориите за чудата во триаголникот, говорат дека „единствена мистериозна сила била силата на гравитацијата која делувала на авионот без гориво“. Вистина е дека не се нашол ни најмал доказ за ниеден авион, но ако поручникот навистина ги однел далеку на Атлантикот, најверојатно паднале на подрачје каде што океанот брзо се полавил.
Внатре во бермудскиот триаголник лежи, всушност, девет илјади длабока порториканска дупка, најдлабока точка на Атлантикот, а авионите и бродовите кои таму потонуваат ретко можат повторно да се видат.
Застанати часови
Што се однесува на „мартин маринер“, авионот пратен во потрага, за кој многумина мислат дека исчезнал во бермудскиот триаголник, навистина не се вратил: експлодирал набрзо по полетувањето, што не било необично бидејќи „маринерите“ биле познати по неисправните резервоари за гориво.
Од друга страна, повторно, има многу случувања кои се случиле во бермудскиот триаголник за кои навистина е тешко да се најде какво било разумно објаснување. Во тоа спаѓа, меѓу останатото, случајот на патничкиот лет на националниот авиопревозник 727 кој на 10 минути исчезнал од радарските екрани на мајамискиот меѓународен аеродром. По доаѓањето, екипажот одрекувал дека што било се случило, освен што „десет минути летале низ лесна магла“. Меѓутоа, сите саати во авионот доцнеле десет минути, иако ги провериле од аеродромот непосредно пред необјаснетите десет минути „поминување низ лесна магла“.
Уште неколку пилоти имале слични искуства со промената на времето по поминувањето низ ненадејна магла, што нормално ја крева цената на објаснувањата кои не се рационални, но можеби и подобро ја објаснуваат мистеријата на бермудскиот триаголник дури и ако се спротивни на природните закони на физиката. Такво објаснување е на пример она за аберантните енергетски полиња кои креираат временски дупки.
Уште еден случај кој ја поддржува оваа теорија е оној на помалку среќниот пилот по име Керолин Цасицо и нејзините патници. Керолин, пилот со лиценца, полетала со чартер лет до островот Турк во бермудскиот триаголник. Кога се приближила на островот, персоналот на земјата видел како нејзиниот авион бесцелно кружи. Радиооператорот на аеродромот не добивал одговори на обидите за радиоконтакт, но ги слушнал зборовите кои таа ги разменила со патникот: Не разбирам! Ова би требало да биде Grand Turk, но долу нема ништо. Право е местото на мапата, обликот е прав, но овој остров изгледа како ненаселен: нема згради, нема патишта, ништо! По неколку кругови, се свртела и одлетала. Керолин и нејзиниот патник веќе не се видени. Лошо време? Временска дупка? Киднапирање од вонземјани? Многу теории се обидуваат да ги објаснат случувањата на бермудскиот триаголник.
Што е вистина!?
Вонземјаните, делување на кристалите од Атлантида, лоши луѓе со антигравитациски уреди и други чудни технологии, како и вртлози од четврта димензија, теориите се омилени меѓу писателите на фантастика.
Меѓу технолошки ориентираните, пак, омилени се теориите за магнетските полиња за океанските флатуленции, односно метански гас од дното на океанот.
Меѓу скептиците се движат теориите за времето (бури, урагани, цунами, земјотреси), лоша среќа, гусари, експлозија на товари, неспособност на навигаторот, како и останати природни и човечки причини.
Бројот на бродоломи, кажуваат приврзаниците на реалистични објаснувања, на ова подрачје не е необичен кога ќе се спореди со големината на подрачјето, сместувањето и густината на прометот. Многу бродови и авиони, освен тоа, кои се водат како мистериозно исчезнати во бермудскиот триаголник, воопшто не биле во ова подрачје.
Најпознати несреќи во бермудскиот триаголник
Бермудскиот триаголник од 1945 година „проголтал“ неколку стотини авиони и бродови, како и повеќе од 1.000 луѓе. Покрај најпознатото исчезнување, она на „летот 19“ од 1945 година, несреќи кои предизвикале најмногу интересирање кај јавноста се:
- 1918 година – броодот USS Cyclops исчезнал заедно со 300 луѓе на патувањето од Барбадос до Балтимор
- 1941 година – бродовите Протеус и Нереус исчезнале на одвоени патувања од Девојачките острови во САД
- 1947 година – воениот Ц-45, исчезнал 100 милји од Бермуди
- 1948 година – четиримоторниот Тудор 4 е изгубен со 31 жртва
- 1948 година – ДЦ – 3 е изгубен со 32 патника и екипаж
- 1949 година – исчезнува вториот Тудор 4
- 1950 година – американскиот товарен брод СС Сандра, 350стапки долг, потонал без трага
- 1952 година – британскиот транспортен авион јорк е изгубен со 33 луѓе
- 1954 година – Lockheed constellation на американската морнарица исчезнал со 42 луѓе
- 1956 година - хидроавионот Мартин П5М на американската морнарица исчезнал со 10 членови на екипажот
- 1962 година – КБ – 50, танкер авион на американските зрачни сили – изгубен
- 1963 година - Marine Sulphur Queen, 425 стапки долг товарен брод, исчезнал со комплетниот екипаж. Никогаш не побарале помош, ниту е пронајден каков било остаток од бродот
- 1963 година – два големи стратотанкери на американските воздушни сили исчезнуваат на едноставна вежба
- 1967 година – воениот YC-122 претворен во товарен авион – изгубен
- 1970 година – францускиот товарен брод Милтон Јатридес исчезнал
- 1972 година – гермаснкиот теретен брод Анита, 20.000 тони, исчезнал со 32 члена екипаж
Последно исчезнување
Во јуни 1997 година на подрачјето на бермудскиот триаголник британската флота пронашла напуштена јахта. Јахтата, како што се покажало подоцна, му припаѓала на Ралф Шилинг и на неговата сопруга, германски пар чие исчезнување е пријавено 10 месеци потоа. Работниците во британската флота забележале чуден изглед на јахтата: била без едро, јажињата виселе, а внатре е пронајдена облека, полни пепелници и отворена книга која изгледала како некој да ја оставил само за момент.
Мотика