- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.478
- Поени од реакции
- 5.932
Демографските проблеми, а особено стареењето на населението, сериозно влијаат на економијата, социјалната сфера и на безбедноста во Русија, се вели во извештајот на Обединетите нации под наслов „Русија пред демографски предизвик“.
Во извештајот се предвидува дека во периодот од 2008 до 2025 година бројот на работоспособни лица во Русија ќе се намали за 14 милиони, а бројот на пензионери ќе се зголеми за пет милиони. Рускиот економски весник „РБК Дејли“ прецизира дека до 2025 година Русија на секои илјада вработени ќе има 800 работонеспособни граѓани.
- Демографската ситуација во Русија се влошува од почетокот на векот. Од 1964 година бројот на новородени повеќе не обезбедува репродукција на населението, а од 1992 година бројот на руските жители е во постојано опаѓање, што неминовно ќе доведе до стареење на руската нација - изјави за „РБК Дејли“, Анатолиј Вишњевски, еден од авторите на извештајот на ОН и директор на Институтот за демографија на московскиот Државен универзитет.
Руските власти се свесни за сериозноста на ситуацијата и преземаат неопходни чекори за решавање на демографските проблеми, но експертите сметаат дека такви мерки не се доволни. Според нив, на Русија и' е неопходна долгорочна стратегија со која ќе се предвидат мерки за заздравување на населението, методи а намалување на смртноста, зголемување на наталитетот и шеми за адаптација на општеството во кое нацијата брзо старее. Без такви мерки излез од проблемот е невозможен. Дури и во случај на зголемување на наталитетот, децата нема навреме да станат работоспособни за да го спречат појавувањето на проблемот со стареење на населението.
Во периодот од 1991 до 2007 година руското население по природен пат се намалило за 12,3 милиони лица, додека во истиот период во земјата пристигнале 5,7 милиони имигранти. Според процените на ОН, до 2050 година популацијата во Русија ќе се намали за 26 милиони.
Имиграцијата досега и' помагаше на Русија полесно да се справи со сложената демографска ситуација, но поради светската финансиска криза бројот на имигранти во Руската Федерација е во опаѓање.
Авторите на извештајот укажуваат дека имиграцијата е единствениот лек за Русија против изумирањето.
- Долгорочните интереси на Русија директно се поврзани со имигрантите од земјите на Заедницата на Независни Држави - вели директорот на Центарот за миграциски истражувања, Елена Тјурјуканова.
Имигрантите опфаќаат три отсто од вкупниот број вработени во Русија, а на московските градилишта секој петти работник е странец. Според официјални податоци, во Русија работат шест до седум милиони имигранти, но се претпоставува дека таа бројка е два до три пати поголема.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6CFC92AA0ADD3341B36F6DD883304CC4