Бела ноќ - 17.09.2011

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Ахахха.. неќеш, ќе не раздени додека се изнакаже он.
Оффффф мори мајко ќе се раздени ако држи говор
--- надополнето: Sep 13, 2011 12:21 PM ---
Чекајте, на Бела Ноќ се работи цела ноќ, не е до 1 или 2? Толку глупости мењаат, што за секоја сигурност јас си прашувам :)
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Превозот на ЈСП ќе биде гага од 12 сабајле до 12 вечер.
Да бе, ко за пиволенд што требаше да биде гага, ја улазим а шоферот вика КАДЕ БЕЗ КАРТААА ДЕВОЈЧЧЕЕЕ, а ја го гледам ко од марс падната....
 
I

Iblis

Гостин
Да бе, ко за пиволенд што требаше да биде гага, ја улазим а шоферот вика КАДЕ БЕЗ КАРТААА ДЕВОЈЧЧЕЕЕ, а ја го гледам ко од марс падната....
ЈСП од 19:00 часот до раните утрински часови ширум ги отвора старите, новите едноспратни и двоспратни автобуси со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ. Линијата бр.8 од 12:00 часот напладне , која сообраќа кон ЗОО Градината исто така ќе вози со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ (се извинуваме но незнаеме дали на тој ден ќе имаме стар, нов едноспратен или двоспратен автобус).
Ова е за сега не за Пиволендот :)
 

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
ЈСП од 19:00 часот до раните утрински часови ширум ги отвора старите, новите едноспратни и двоспратни автобуси со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ. Линијата бр.8 од 12:00 часот напладне , која сообраќа кон ЗОО Градината исто така ќе вози со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ (се извинуваме но незнаеме дали на тој ден ќе имаме стар, нов едноспратен или двоспратен автобус).
Ова е за сега не за Пиволендот :)
Ај да видам и тоа чудо :)
 
П

Паган-др

Гостин
Да бе, ко за пиволенд што требаше да биде гага, ја улазим а шоферот вика КАДЕ БЕЗ КАРТААА ДЕВОЈЧЧЕЕЕ, а ја го гледам ко од марс падната....
За пиволенд беше најавено дека билетот ќе биде стандарден ко во било кој автобус, 30 денари.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
CINE CITY
ноќно кино под отворено небо на огромно платно (15 x 10м)
Локација за ова не најдов...

И исто не најдов зоолошко од колку до колку ќе работи? И таа цела ноќ или?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
ПРОГРАМА: ЗА БЕЛА НОЌ 2011

На 17 септември се случува уште едно издание на манифестацијата “Бела Ноќ”.
Музичката програма оди вака
- Во 20:00ч во МКЦ започнува журката посветена на Дејвид Боуви која ќе трае цела ноќ.
- Во ЈУ Дом на Културата “Кочо Рацин” со почеток во 20:30ч свој настап ќе има гудачкиот квартет Фор Стринг и етно групата Ајдарет.
- Љубителите на современата етно, џез, рок, инди и панк музика веќе во 21:00ч пред платото на КИЦ ќе имаат можност да се забавуваат заедно со “SILICON CARNE” (Дижон), “ ФОНИЈА” (Скопје), “THE GLASSES” (Приштина).
- За првпат во Скопје и воопшто на Балканот незаборавно шоу ќе приреди светската мутимедијална акробатска атракција Grupo Puja, па сите кои сакаат да бидат дел од огромниот спектакл во 21:30ч треба да се на Плоштад Македонија.
- На истата локација свој сет ќе има и Диџеј Славе додека пак целовечерната диџеј програма на независното интернет радио МОФ ќе започне во 22:00ч , а ќе се одржи на Школка, Градски парк.
- Посебен шмек на овогодинешната музичка програма на Бела Ноќ ќе и дадат градските улични музичари кои ќе имаат целовечерна музичка сесија ширум градот.
Освен музичката, ексклузивно ви ја претставуваме програмата во целост за овогодинешната “Бела Ноќ” .

“ЦВЕТОВИ ВЕТЕРНИЦИ”
(Камени мост / 19:00)
Осмолисни ветерници во форма на цветови поставени долж Kамениот мост, проект на архитектот Крсте. С. Џидров

CINE CITY
(Градски Парк / 20:00)
ноќно кино под отворено небо на огромно платно (15 x 10м)
Филмски маратон
За љубителите на филмот, селекција на најдобрите европски филмови прикажани на минатогодишниот фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС 2010:
Кавасаки Рози (драма, Чешка) 20:00
Режија: Јан Хребејк
Улоги: Ленка Власакова, Милан Микулцик,Мартин Хуба
Тилва Рош (драма, Србија) 21:30
Режија: Никола Лезаиќ
Улоги: Марко Тодоровиќ, Стефан Ѓорѓевиќ, Дуња Ковачевиќ
Ај Лав Ју (комедија, Турција) 23:00
Режија: Сермијан Мидјат
Улоги: Фадик Севин Атасој, Сермијан Мидјат, Кејт Гил
Ќе сретнеш висок згоден странец (комедија/романтика, САД) 00:30
Режија: Вуди Ален
Улоги: Ентони Хопкинс, Наоми Вотс, Џош Бролин
Мисија Лондон (комедија, Бугарија) 01:00
Режија: Димитар Митковски
Улоги: Томас Арана, Алан Форд, Ралф Браун

КИНО МИЛЕНИУМ / КИНО ФРОСИНА
(Кино Милениум, Кино Фросина / 12:00)
24 ЧАСА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ НА ФИЛМСКИTE МАРАТОНИ
Филмски маратон
Прикажување на најголемите светски филмски мегахитови како и најдобрите европски филмски остварувања од изминатиот репертоар на градското кино Милениум како и единственото арт кино Фросина.
Филмови на репертоар во кино Милениум:
Коли – 2 12:00
Механичарот 14:00
Ученикот на Волшебникот 16:00
Мармадјук 18:00
Лошата учителка 20:00
Хана 22:00
Јас сум бројот 4 00:30
Вонредни мерки 03:00
А –Тимот 05:30
Хана 08:00
Коли – 2 10:30
Филмови на репертоар во кино Фросина:
Имагинариумот на доктор Парнасус 12:00
Авантуристи 14:30
Концертот 17:00
Перси Џексон и Олимпијците – Крадецот на громот 19:30
Свештеникот 22:00
Битка – Лос Анѓелес 00:00
Гуливеровите патувања 02:30
Што уште сакам 04:30
Влез во празнина 06:30
Салт 09:30
Самотијата на простите броеви 11:30
Доколку ненамерно сте ги пропуштиле, повелете на филм! Влезот е слободен.

“У ЛИЧНА АЗБУКА” – инсталација
(Ширум градот, во текот на целиот ден)
Проект на уметничката група IDДИ на Искра Андреева и Данило Мандиќ
„У лична азбука“ – инсталација во урбан простор. Првенствено, улична азбука претставува азбука која се наоѓа на улиците, па така, 31 буквa од македонската кирилична азбука ќе бидат испишани на улица, тротоар или некој „градски ѕид“ во централното градско подрачје. Проектот е дискретно, лично писание на авторите, кои инспирирани од “Бушавата азбука” се обидуваат да ги означат точките во Градот, врзани со нивните лични искуства, чувства, меморија, носталгични моменти… за тие локации или за одредени зборови, што е всушност и второто значење содржано во името на овој проект.

STREET MUSIC SESSION
(Ширум градот, во текот на целиот ден.)
во соработка со Универзалната сала
Градските улични музичари во целовечерна музичка сесија ширум градот.

“МИЛОНГА ВЕЧЕР”
(Плато пред стоковна куќа “Мост” / 20:00)
Отворен простор за дружење и танцување на сите страстни вљубеници на аргентинското танго во соработка со неформалната групација Танго Банда.

TODAY’S FASHION
(Музеј на Град Скопје 20:00)
Видео и видео арт, концерти и диџеј настапи, цртеж, графички дизајн, филм, фотографија… Ноќ за запознавање со современата македонска уметничка сцена.

COUNTER PHOTOGRAPHY
(Музеј на Град Скопје / 20:00)
Јапонските уметници денес
Желбата да се долови светот невидлив за човековите очи – светот на духот. Традиционалниот јапонски пристап кон животот изразен преку изложба на фотографии на единаесетмина современи јапонски уметници.

“МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”
(Улица Македонија / 18:00)
Проект во соработка со Центарот за драмски уметности Т-Хаус
Изложба на постери изработени по селектирани фотографии од конкурсот “МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”

“SILICON CARNE” (Дижон) / “ ФОНИЈА” (Скопје) / “THE GLASSES” (Приштина)
(Кул парк пред КИЦ / 21:00)
Концерт на современа етно, џез,рок, инди…музика.

“507 375 153”
(Ла Кања (Чаршија) / 20:00)
Видео арт презентација Јаш Домиж (Чешка)

“BORN WITHOUT A REASON”
(Ла Кања (Чаршија) / 20:00)
Видео арт презентација Милица Ракиќ (Србија)

“ЈУЛИЈА”
(Плато зад спомен куќата на Мајка Тереза / 20:00)
Театарски танц перформанс (Музеј Љубљана) инспириран од делото на Август Стриндберг “Госпоѓица Јулија”

КЦ КреАКТИВ (20:00)
Изложба на фотографии, проекции на музички концерти, светлосни графити…

НОЌНА ТУРИСТИЧКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПРОШЕТКА
Место на поаѓање – градски Плоштад Македонија 18:00
Организирана велосипедска туристичка обиколка на културно историските знаменитости во Градот, со официјален туристички водич.

“СЕМЕ”
(Галерија 8, (Чаршија) / 21:00)
Театарска претстава посветена на најмладата публика во изведба на театарска трупа “Сенки и Облаци”.

МОФ Радио
(Школка, Градски Парк / 22:00)
Целовечерна диџеј програма на независниот интеренет радио МОФ.
22:00 – 00:00 Argeadi b2b Tanimed [Beatnex]
00:00 – 01:30 Nerses Malakjan [Fat Beats]
01:30 – 0300 Frosty b2b Satelite [Digital Dance]
03:00 – 04:00 Djantrix [G.E.N.]

“ENCHANTED BIKE”
(Галерија ДЛУМ Дом на Армија)
Изложбата на тема “Опеан Велосипед” на неколку познат реномирани италијански уметници меќу кои Силвија Фосати, Луиџи Бионди, Гидо Дел Фунго, Гидо Палмеро и Летиција Стрињели во чиј фокус се наоѓа велосипедот и имагинацијата поврзана со него. Изложбата доживеа невиден успех во италијанскиот Музеј на Велосипедот,музеј посветен на светските познати велосипедисти како Фаусто Копи, Костанте Џиардењо и Џино Бартали.

“In the name of…”, ” Изгубениот дел од рајот” и “Кога ангелите плачат”
(Културно Информативен Центар – Скопје, Салони Империјал 1 и 2 / 20:00)
Изложба на лик. уметник TARA(von Neudorf) (Романија)
Изложба на лик. уметник Нехат Бекири и изложба на лик уметник Линдита Бекири

LET’S DANCE!
(МКЦ / 20:00)
Проект во соработка со Tiiiit! Inc Ноќ – посветена на David Bowie
Замислете си кино на отворено во Скопје и како ве разденува гледајќи го Labyrinth. Замислете си журка во Скопје на која сите, ама баш сите играат и која трае цела ноќ, ама баш цела ноќ… и цело време, свири David Bowie. Замислете си бои, сјај, мода, глам шминка и огромна диско топка. Си замисливте? Е па сега отворете очи. Ноќ, целосно посветена на култниот David Bowie.

“СКОПЈЕ ВО СТРИП!”
(МКЦ Галерија / 19:00)
Групна изложба на стрип и илустрација со двочасовна стрип работилница во соработка со Здружение на стрип уметници “Макстрипови”.

“МАГИЈА ЕДЕЛВАЈС”
(Универзална сала / 20:00)
Мини ликовно – театарски преформанс „Средба со уметникот“ и една целовечерна театарска претстава „Магија еделвајс“ во изведба на Театар 007.

ЗОО градина Скопје
Специјална програма за деца и БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители.

“Гусарите од Горномаало”
(Плато пред спомен куќата Мајка Тереза / 19:00)
Театарска претстава посветена на најмладата публика

ЈУ Дом на Културата “Кочо Рацин” (20:30)
Настап на гудачкиот квартет Фор Стринг, настап на студиото за модерен балет Ребис, концерт на етно групата Ајдарет рок концерт и изложба.

Градска библиотека Браќа Миладиновци (20:00)
Доделување на 100 бесплатни едногодишни членски карти,подарок 100 електронски книги, музичко – поетски перформанс со „Филип Стевановски квартет“ и група поети.

ЈСП за Вас!
Кон епицентарот на градот, каде ќе гравитираат и кулминираат безбројни концерти, изложби, инсталации, видео проекции, филмски , перфоранси, бесплатни филмски маратони, мултимедијални спектакли, само за Вас, страстни,верни, автентични,непоколебливи, искрени… ОБОЖУВАЧИ НА УМЕТНОСТА, ЈСП од 19:00 часот до раните утрински часови ширум ги отвора старите, новите едноспратни и двоспратни автобуси со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ. Линијата бр.8 од 12:00 часот напладне , која сообраќа кон ЗОО Градината исто така ќе вози со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.950
Аут оф Риалити ти го префрлив мислењето.
Тукуу... многу настани најавени. Човек да не знае кај да тргне попрво, и се надевам нема да поместуваат сатници. Лани неколку луѓе се пожалија дека поради поместени сатници ги промашиле изведувачите што сакале да ги видат и чујат.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
ЈА САКАМ БЕЛААТААА НООООЌЌЌ, ПРОГРАМАВА МИ Е ВАУ!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.950
И РЕГЕЕЕЕЕ НА БЕЛАТА НОЌ

!!! BITNA INFORMACIJA !!!
SABOTA E BELATA NOK - KE PUSTAME REGGAE CELA NOK I ZAEDNO KE GO CEKAME IZGREJSONCETO VO NEDELA :)

Location : New Age Cafe

PERFORMERS:

RASTA SRNA – од новата школа на reggae селектори, ќе се прет
стави со свој сет кој опфаќа повеќе подстилови (Reggae Lovers, Rocksteady, Roots Reggae, Modern Reggae). Како резидент DJ во скопското култно кафуле New Age, таа ...со години наназад ја одржува reggae културата на овие простори.

IRENSKA – по своите забележителни настапи на фестивалите Exit, Pivolend, Alarm za prirodata, Bob Marley Day, како дел од дуото Jam Sistazz заедно со Elly-RastaGirl, таа со својот препознатлив стил и харизма ќе се претстави со Reggae, Ska, Raggamuffin, D’n’B…Таа е еден од организаторите на веќе афирмираниот Bob Marley Day In Memoriam во Скопје, како и на Bob Marley B-day party настанот одржуван традиционално во клубот Castro, каде беше и резидент DJ на reggae журките кои се случуваа секоја среда неколку сезони.

CHARLEY – еден од најактивните reggae селектори во земјава, кој оваа година слави мал јубилеј од 20 години со работа на ова поле. Последните 13 се бави со темата REGGAE. Тој е најголемиот виновник за веќе надалеку познатиот Bob Marley Day кој се одржува на школката во градскиот парк во Скопје и 8 години по ред собира огромен број на луѓе. По повод јубилејот прави мала турнеја во Италија (Падова, Венеција, Верона и Болоња). Има настапувано низ цела Македонија, а и пошироко, ќе се претстави со Reggaeton, Latino Reggae, Gospel Reggae, World Reggae, Dub, Afrobeat.

KRUNISLAV STOJKOVSKI - so kejf ke pusta DUB so pomos od Filip SAX i
podrska mozebi od Nekolku Slobodni luge..........

Dreadlocks so KOSKA.............

-Izrabotka na sukanici

-Sreduvanje na rasti

-Nastavuvanje na prameni

=PROEKCIJA NA VIDEO BIM NA REGGAE KONCERTI=

-Bob Marley,Alpha Blondie,Burning Spear,Gentleman,Manu Chao.....

OVOSNI SALATI - EDEN KUP SARENI KOKTELCINJA

ФБ ивент
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Обично пред КИЦ имаше скоро секогаш добра програма и добри бендови, а сеа глеам Фонија и куров ми некои ретардирани бендови. Демек пУнкери се :/ Ќе идам да глеам тоа Cine City и на DJ Slave, па и до МКЦ може да се помине, другово со задоволство ќе прескокнам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom