Коинциденција или не... минатата недела ја фатив репризата на Планета Земја на канал 5, и оваа епизода беше за пештери - разни видови на пештери од целиот свет, и мислам дека за оваа пештера и нејзината бела вода а и останувањето на луѓето внатре има добро објаснување. Имено се работи за појава при која водата која извира во пештерата доаѓа од подлабоките слоеви и е доста измешана со сулфур при што и самата вода е еден вид на сулфурна киселина, а внатре во пештерата каде што и проветрувањето е помало, концентрацијата на сулфур во воздухот е голема, што го објаснува влегувањето и останувањето за вечни времиња на "храбите истражувачи" - екипата која ја презентираше оваа пештера на емисијата посветена за тоа носеше спцијални костими налик на скафандри со цел да се спречи нивно нагризување од водата која е со голема концнетрација на сулфурна киселина и нормално да не го дишат воздухот во пештерата.