Бебиња и се за нив, грижа, играчки, поплаки, совети итн...

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Претходно зборуваше на двата јазика, а сега не знам што му е и никако не сака да зборува на македонски. Гледа цртани и приказни на македонски. Некој ќе помисли дека јас го учам така. :LOL:
а можда е само период се ќе дојде на место.... :)
 
Член од
27 јануари 2015
Мислења
8
Поени од реакции
6
Мамички не знам дали е прашањево соодветно за тука, би сакала да ве прашам како ги анимирате бебињата. Надвор е ладно, дома е здодевно, иако читаме, играме, се смееме, одиме и за раче и во дубаче ... Но некако чувствувам нервоза кај малото, кенка, на периоди се му смета сака да смени... некоја идеја, игра...? Имаме скоро годинка
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Една година и не е баш бебе. Ако сега не ги научите да се справуваат со студот не знам кога.
Дома е досадно и не може цела зима да се затворени во една соба. Одиме на прошетка во други градови, низ трговски центри или во некој ресторан/кафич каде што има игротеки.
 
Член од
27 јануари 2015
Мислења
8
Поени од реакции
6
Секако, шетаме и ние на сонце, но загадено е, кризата е приквечер, а во гужва со вирусиве не би, особено не по игротеки и трговски, така да тоа не ми е воопшто добра идеја. А за на гости секаде се пуши... Воглавно прашувам за досадни денови нешто интересно за да промениме. Сеа се сите болни, другарчињата... Да не се разбереме погрешно дека не мрднуваме од дневна
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Вирусите и настинките се дел од растењето на децата. Многу родители ги чуваат подалеку од места каде се пуши или има други болни деца, па гледам пак ги фаќа вирусот.
Колку и да сакаш да ја промениш играта дете од една година веќе разбира и не му се интересни ни играчките ни родителите и си бара другар.
 
Член од
27 јануари 2015
Мислења
8
Поени од реакции
6
Значи од ова можам да заклучам дека треба да го носам кај настинати другарчиња, во задимени простории само за да не му биде досадно некогаш, оти и онака кје настине?! Добро, секој има право на мислење позз;)
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Многу нежни денешниве деца. Пази го од други болни деца, не одиме таму пушат, таму има вируси.
Ок чувај си го каде сакаш. Целта ми беше друго ама ај. :pipi:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Дали некој има искуство со одвикнување од ставање на прсти во уста? Има 3 години, ја баталивме цуцлата и кога спие прстите му се во уста.
Има ли шанси рано откажување од цуцлата да е причина за ова?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Дали некој има искуство со одвикнување од ставање на прсти во уста? Има 3 години, ја баталивме цуцлата и кога спие прстите му се во уста.
Има ли шанси рано откажување од цуцлата да е причина за ова?
луто на прстињата, само да не претераш!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.940
Поени од реакции
25.407
А зошто ги одвикнувате? Зарем не доаѓаат до одредена возраст на која сами се одвикнуваат?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
луто на прстињата, само да не претераш!
Несвесно ги става додека спие. Лутото може само да го разбесни.

А зошто ги одвикнувате? Зарем не доаѓаат до одредена возраст на која сами се одвикнуваат?
Затоа што може да му oстане како лоша навика. Има многу поголеми што додека спијат ставаат прсти во уста. Еве имам другар тој и на 25 години го прави ова.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Оди во аптека има едно многу горчи и се мачка на прстите, токму за тоа му е намената. Заборавив како се викаше али кажи им што ти треба ке ти дадат. Нема боја и нема мирис, само горчи, и не е скапо некој 70-80 денари е. Кај нас верувај ми од прво мачкање и толку беше, после тоа проба уште неколку пати да бутне прсти во уста и само што ке му го споменевме (без да го мачкаме) прекинуваше.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Оди во аптека има едно многу горчи и се мачка на прстите, токму за тоа му е намената. Заборавив како се викаше али кажи им што ти треба ке ти дадат. Нема боја и нема мирис, само горчи, и не е скапо некој 70-80 денари е. Кај нас верувај ми од прво мачкање и толку беше, после тоа проба уште неколку пати да бутне прсти во уста и само што ке му го споменевме (без да го мачкаме) прекинуваше.
Да, ама во твојот случај свесно е пробал повторно да ги става во уста. Значи знае што прави.
Затоа пишав овие работи може да го разбеснат додека спие.

Го имам следено цела ноќ. Заспива ни топ не го буди и прстите си ги става во устата. Ги цица мислиш млеко тече од нив. :ROFLMAO:
После 3-4 саати почнува да осеќа дека не е млеко, тогаш сфаќа дека му биле во устата и се буди.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Стави му нараквици бебешки
Или ги вади?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom