Јас ја нападнав мајакта и пак ќе ја нападнам ако треба, само да го остави детето на мира.
Најбитно е детето да е среќно. Среќата не се надоместува со никакво знаење. Секогаш ми било жал кога ќе почнат мајките да го тормозат детето да каже песничка, а кутрото не му е до тоа, и не сака, се срами, а мајката е разочарана.
Остај го ти потенцијалот, не е секој роден да зборува 5 јазика. Детето треба да се насочува во тоа што сака да го прави. Значи, ако сака фудбал, нема зошто да се запишува во школо за странски јазици само затоа што некој кажал дека децата може да научат икс број јазици. Треба да се запише на фудбал. Точка.
Сум била во посета на школи и голем поборник сум за Монтезори училиштата.
Еве ја разликата:
Ланџи драга, јас не реков зошто ја нападна, туку начинот на кој го направи тоа. Еве вака со линкче веќе по ок е да му дадеш до знаење на некој оти греши. Мада не битно, битно се согласуваме во ставот.
Верувај ми, ништо повеќе на овој свет не би сакала од тоа, секое едно дете да е среќно и да има огромна насмевка на своето лице. Нормално оти не треба да се форсира едно дете, оти со форсирање се добива спротивен ефект. Треба да се остави само да покаже интерес и желба за нешто, и тек тогаш да добие подршка и стимулација од родителот.
За јазиците, не реков оти треба да зборува 5 јазика. Но доколку расте во држава каде што јазикот кој се говори, не е мајчин јазик на неговите родители, и тие говорат два различни јазика, детето без проблем ќе ги научи сите 3, и тоа подобро од родителите. На таква околина мислев, не на сила да го праќаме по курсеви за странски јазици. На крај краева ако сака фудбал или балет, нека оди. Не треба да се ускратуваат желбите и интересите на едно дете.
За Монтесори знам доста. И за неа и како настанала програмата и за денешните курикулуми кои се спроведуваат по истата. И јас сум подржувач на истата, но штета што кај нас во Македонија, Монтесори градинките се само помодарство, не се баш вистинска Монтесори програма.[DOUBLEPOST=1414947495][/DOUBLEPOST]
spored koja strucna literatura kazuvash deka na 7 godini e kasno za da uci ? ti na kolku si pocnala da ucish ,na 5 godini ?
mnogu ucitelki imashe vo vemero ,i zatoa donesoa zakon decata da odat na ucilishte po novo se petipol godini ....koga uvidoa deka napravile glupost i dekla decata nemoze na taa vozrast da go sovlada toj materijal ,vovedoa "nastava "vo nulta grupa (demek prvo oddelenie od devetoletka) da ucat isto ko shto se uceshe vo gradinka vo golemata grupa ...i toa ne e se ,sega roditelite poveke se TORMOZAT ,poshto vo ucilishte deteto e samo tri chasa ,i posle mora da angaziraat zena da go zeme od ucilishte ,ili babi dedovci (ako ne se na rabota do 67 godini ),namesto da gi ostavea vo gradinka da se razvivaat normalno spored vozrasta ...ne e golema razlikata pomegu vozrasni lica dali nekoj ima 23 ili 24 godini ,no kaj malite deca razlikata psihofizicka e ogromna na primer na 11 meseci ne odi ,no na 12 proodelo (a razlikata e samo eden mesec )
najdobriot PEDIJATAR I PSIHOLOG shto sme go imale dosega pokojniot Dr -Levenski Mihail veleshe :SEKOE DETE E PROIZVOD NA RODITELOT ,deteto se raga ,i nishto neznae ,da odi da zboruva ,shto e dobro shto losho ,i.t.n. .....vie roditelite shto ke go naucite toa ke znae .
Почитувана госпоѓо оса,
Веќе неколку пати сте предупредена од повеќе модератори на форумов за разговорите кои скоро секогаш ги водите со политичка конотација. Политиката на форумот е забранета и бидејќи тоа е едно од правилата на форумов, ве замолувам да се придржувате до истото.
Е сега да ви одговорам на прашањето кое ми го поставувате.
Јас почнав во училиште да одам на неполни 7 години, како и голем дел од моите врсници. Но на 5-6 години сум ги знаела бројките и поголем дел од буквите, затоа што некој работел со мене дома за да ги научам истите. И тоа не било форсирање, туку преку игри, песни и забавни активности сум ги научила. Никогаш не е касно да почне да се учи, но доколку се почне порано со учење(учење прилагодено со методи според возраста на детето), детето побрзо ќе почне да го развива својот потенцијал. Без форсирање, учење преку игра и забавни активности.
Причината поради која во нашата држава се воведе задолжително основно образование од 5 годишна возраст не е заради тоа што вмро има многу учителки кои чекаат работно место.
Не знам колку сте запознаена кој е Јан Амос Коменски и што се тој направил за образованието вакво какво што ние го знаеме денес. Тој покрај тоа што го организирал и методички го поставил образованието, направил и периодизација на развојот според возраста и истата ја компарирал со природата, поточно со годишните времиња. Првиот период од развојот на детето, според него е до 6 годишна возраст. Овој период тој го нарекува мајчино училиште, односно семејно воспитување на детето. И тука морам да нагласам оти се согласувам со вас, за тоа оти секое дете е производ на своите родители. Што ќе научи од нив, посебно во овој период, тоа ќе го знае како основа за своето понатамошно однесување и делување како индивидуа. Вториот период е од 6 до 12 години каде детето тргнува на училиште и образованието се изведува задолжително на мајчин јазик и уште од самиот почеток на истото се залага за изучување на буквите и бројките преку методи соодветни на возраста. И така натаму. Е сега поенатата на муабетот ми е што истиот тој Коменски живеел во 17 век(векови пред вмро и да постои) и уште во негово време бил баран од држави како Шведска и Велика Британија за да им го реформира образовниот систем, кој колку што сум информирана опстојува до денес во тие земји, според неговите реформи, нормално денес модернизирани, но се уште одржувани врз темелите создадени од него.
Нашата влада проба да направи нешто слично кај нас. За жал кај нас ваквиот проект е неуспех, баш поради тоа што немаме прилагодено услови за спроведување на образование кое би започнало од 5 годишна возраст. Прво нешто што треба да се направи, пред да се спроведе ваква голема образовна реформа, е да се создаде експериментална паралелка или неколку паралелки, за да се види како би се одвивала замислената програма. Но за жал кај нас, пред воведување на деветолетка немаше ни е од експериментална програма. Тоа е најголемата грешка која е направена. Небитно од која владеачка пратија на власт и дали имало или немало премногу учителки за вработување.
Ако сакате да продолжиме да коментираме на оваа тема без да мешаме политика, повелете. Ќе ми биде повеќе од задоволство.