Ете ќе го сменат Шунда и ?
Кој ќе го земат:?Имате предлог некој?
Јас не гледам никој подобен шо би бил добар селектор...
Ај да почниме со ред...
Љупчо Савевски е завршена приказна,,,се е кажано за него...
Гино Стрезовски-добар тренер,ама има многу празни периоди...таман ќе оди некаде во некоја екипа па го бркаат,па си се враќа на ДИВ,па пак го земаат како спасител на женскиот ракомет....
Андон Бошковски сакате да биди селектор?
Најголем успех му беше шо издржа неколку недели на клупата на Младост од Богданци...
и нормално доби отказ зошто не ги задоволи критериумите на амбициозните богданчани...
Стефче Стефановски-има огромно знаење,но иста прикзана како Гино,и тој си има постојана работа(во јавна администрација),така да отпаѓа дефинитивно....
Го отепаа од фалење
Илија Темелковски,а тој освои 11то место на СП....
И едно четврто место на СП во Полска за млади играчи(генерацијата на Борко,Миркуловски,Васко Митевски).....
Шо напрај толку Темелковски па да заслужи да биди селектор?
Кој други стручњаци ќе бидат на листата?
Стојан Петрушевски?Боро Чурлевски?еднаш на 3 години ги ангажираат да бидат тренери некаде.......
Каков Зарков,каков Аљуш,тие до вчера играле ракомет сега репка ќе ти водат.....
Да скратам....
Ккао прво,кој и да дојди ќе биди иста слика...
Ова е Балкан,ебиветер менталитет се сите тие големи играчи...
Гледајте ги тајмаутите....не само нашите,да одиме кај комшиите.......
Голужа-која смеа е дечкото...
Вика тајмаут се дери нешто демек ИГРАМО ЈАКО....
Балиќ си свирка,не го ебава ни 2%......
Ете до вчера играа заедно,се знаат 100 години,ама тоа е,со такви звезди и газди во тимот не можиш да излезиш на крај...
Кај нас еве и да го донесат Лино Червар,тогаш ќе биди полошо...
Тогаш Кире ќе речи
АБЕ МЕНЕ НЕ МИ СЕ ИГРА СЕА,ПОВРЕДЕН СУМ....
Зошто?
Зошто ќе се вратат старите денови кога Лино му беше тренер во Загреб,и кога по секој промашен шут го тушираше од викање на клупата...
Е па сеа нашите звезди сакаат да си бидат раат и да не им урла некој стручњак од клупа шо да прават....
Иста приказна и со Мојсо во Металург,промашува,Лино си урла овај мува не го лази.....
КОНТРАЕФЕКТ ЌЕ ИМА АКО ДОНЕСИМЕ СТРАНЕЦ..
Ете дојде Вујо-се посравме со Унгарците во баражите,дојде Ѓукиќ,па ценетиот Тута Живковиќ иста приказна.....
со горе-долу истите играчи шо се денес во репката...
Губевме од кој стигниме.....од Литванија изгубивме бе...
Не е до тренерот...(барем со нас не беше тој случај)
До
тимскиот дух е...
Отсекогаш ни фалел тој тимски дух,сега конечно ГО ПРОНАЈДОВМЕ....
Никогаш атмосферата во тимот не била на вакво ниво(ја следам репката од осамостојувањето).....
Нека тераат вака...нема потреба од промени...
+Звонко го следев редовно овие 5,6 години во Пелистер на тренинзи.... откако стана тренер....
Точно е дека нема авторитет кај постарите играчи,го немаше ни во Пелистер,а сакаме да го има кај Лазаров,Кире си е таков табиет,сака да биди по негово,во Атлетико не го мазнат толку зошто во секое време ќе земат некој друг играч на таа позиција,можеби не со квалитетите на Кире,ама приближно...а во Македонија е друга приказна....без Кире и со Кире сме друга репрезентација,без него не сме ништо...та бил Звонко селектор,Кире ќе биди главен во репрезентацијата,барем на терен).......
Да се вратам кај Звонко, работи со помладите,за тоа ептен го бива....ете да речиме со Манасков,Ојлески,Никола Марковски,Гоце Георгиевски,Велко..........
Кај нив има авторитет и барем колку толку ќе биди корисен..
Нема потреба од никакви смени,се додека го имаме овај пристап кон играта....
Според мене веднаш треба промени во РФМ,да се исчистат профитерите и бизнисмените од таму,и еднаш засекогаш да се расчисти со тие дилери и шиткачи на карти...(се знај на кој мислам)::.
..
Да се остави ракометот во вистински раце,на луѓе кои ќе работат како треба,а не само да си го гледаат сопствениот клубски интерес,и секако најмногу својот џеп...