„„Законот за заштита од пушењето, донесен уште пред 10 години,со неговото стапување во сила, се забранува пушење во јавни простории, како што се воспитно-образовните објекти и оние за престој и сместување на деца, ученици и студенти; здравствените и социјалните установи; затворени и отворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации, приредби, средства за јавен превоз на патници; жичарници и скилифтови; објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна (ресторани) и интернет-кафиња; просториите во државните органи, установи и институции и во органите на локалната самоуправа во кои се одржуваат состаноци и средби; други простории (сали, канцеларии, чекални и ходници), заеднички простории во станбена зграда и заеднички делови на станбена зграда (светларници, лифтови, заеднички котларници и слично). Казните за правните лица, оние кои нема да се придржуваат кон законските одредби, ќе изнесуваат од 100.000 до 250. 000 денари, додека пак физичките лица ќе плаќаат казна од 5.000 до 15.000 денари. Co Законот се дефинираат просториите во кои може, а каде не може да се пуши, но се определуваат и продажните места (да се одалечени повеќе од 50 метри од училишта и спортски објекти), каде што ќе може да се купат цигари. Во јавните објектите и установи ќе треба да се определат посебни простории за пушење (ако има можност).
Co законската регулатива се забранува и какво било рекламирање на цигари и тутунски брендови. (Р.Н.) „„
Вака изгледа Законот за заштита од пушењето, само во оваа статија која е цитирана од дневен весник испуштено е нешто многу важно Работодавецот е ДОЛЖЕН да обезбеди просторија за пушачите која ке биде соодветно опремена со прописна вентилација.