Бараж за СП 2013 - Шпанија (мажи)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонија во првиот шешир за баражот за СП 2013

Нашите најдобри ракометари во недела ќе го дознаат својот противник во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија следната година.

Пет европски селекции веќе се квалификуваа за настап на Светското првенство следната година. Тоа се домаќинот Шпанија, актуелниот шампион Франција, Хрватска, Србија и Данска.

Остануваат уште девет места за земјите од Европа, а нашата селекција, со добриот пласман на ЕП во Србија си ја отвори вратата за полесен противник во баражот за пласман на СП во Шпанија.

Така, нашите најдобри ракометари во ждрепката по која ќе го дознаат својот противник ќе се најдат во првиот шешир, заедно со селекциите на Германија, Унгарија, Словенија, Исланд, Полска и Шведска. Тоа значи дека ниту една од овие репрезентации не може да ја добиеме за ривал во баражот.

Во вториот шешир ќе се најдат селекциите кои ова ЕП го завршија од 13. до 16. место - Чешка, Норвешка, Русија и Словачка, додека третиот шешир е составен од селекциите на Австрија, Португалија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Белорусија и Литванија.

Со оглед на тоа дека две топчиња (без да се отвораат) од вториот шешир ќе бидат преселени во првиот и две од вториот во третиот шешир, најголеми шанси има во баражот да ни се падне некоја од селекциите кои се наоѓаат во најслабиот, трет шешир.

Ждрепката ќе се одржи во Белград на 29. овој месец во 13 часот.

Во баражот ќе учествуваат 18 репрезентации кои ќе ги сочинуваат девете двојки по кои ќе бидат познати последните девет патници на СП 2013 од Европа. Првите средби ќе се играат на 9. и 10, јуни оваа година, а реваншите се закажани за една недела подоцна.

СП во Шпанија ќе се игра од 13. до 27. јануари следната година.
 
В

Вори

Гостин
Sakam da ni se padne Norveska,i da ja istreseme kako nikogas dosega.Da im se odmazdime poradi Svedska i Danska.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Ја би Холандија... делуваат како тотални анонимуси :D
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Ова не ти е аргумент на место, посебно затоа што до пред некоја година и ние бевме токму тоа. Иако имаме квалитетна игра и докажани играчи, сепак сите не сметаа за аутсајдери. Ама подобро аутсајдер, отколку аут.
Не е во ред да се потценува ниедна репрезентација, ако ништо друго не треба да бидеме снобови како и голем дел од европските репрезентации и треба да имаме спортска почит спрема сите наши противници, затоа што знаеме како е кога сите од страна те сметаат само како шанса за подобра гол разлика.
Секоја репрезентација го прави тоа најдобро што може, некои можат подобро, некои полошо, ама тоа не е причина да се гледа со потценување спрема било кого.
Сите што носат дрес од својата репрезентација сакаат да победуваат, сакаат да го радуваат својот народ и заслужуваат почит.
Треба да се има спортски дух и фер плеј спрема сите, и да се дава цело срце и душа на терен. Резултатите сами ќе си дојдат.
Го сакам моето, ама не го навредувам туѓото. Тоа е моја максима.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.284
Поени од реакции
5.544
Дај боже Холандија или Литванија и тоа е се ! :)
 
Оф леле немој демагогии те молам... Не навредив никого, тоа што се тотални анонимуси се, и што има тука лошо што ги посакувам нив?

Пред некоја година ние бевме анонимуси пошто НЕМАВМЕ квалитетни и искусни играчи, оваа генерација за разлика од пред 7-8 години е сосема различна, и тогаш играа некои од овие меѓутоа сега се со многу поголемо искуство и од тука е овој пласман.

И на крај краева што е битно кого лично јас ќе потценам?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.041
Литванија за да им се одмаздиме за претходното СП :facepalm:

Инаку со следниве мислам дека не би имале никакви проблеми:
Литванија, Холандија, Австрија, па и Португалија и Белорусија.
Добро ќе биде противникот да биде од оваа група на тимови...

И јас искрено ја посакувам Холандија или Австрија како најслаби од овие :)

Најлош можен избор би бил Норвешка...
Силен тим, а тоа го покажаа и во квалификациите за ЕП 2010 кога ние бевме само трети во група со Исланд, Норвешка и уште некои...
Дома едвај тепавме, таму не потпопија...
Не ни одговара воопшто да игарме со нив.

Добро би било да ги избегнеме и било кои од оние што учествуваа на ова ЕП. И Норвешка, и Русија и Словачка и Чешка.
Не дека не би имале шанси, појаки сме од нив, ама сепак не нашиве знаат да се посерат кога најмалку се очекува.

Босна има солиден тим, само имаа големи проблеми во федерацијата па оваа година беа лесна мета во квалификациите за Европсково...
Убаво би било да ги избегнеме и нив и Црна Гора. И они се достоен противник. Со Младен Ракчевиќ и Жарко Марковиќ од Металург, Стеван Вујовиќ и Марко Симовиќ од Вардар, Грбовиќ кој лани играше за Вардар и други...
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.956
Ова не ти е аргумент на место, посебно затоа што до пред некоја година и ние бевме токму тоа. Иако имаме квалитетна игра и докажани играчи, сепак сите не сметаа за аутсајдери. Ама подобро аутсајдер, отколку аут.
Не е во ред да се потценува ниедна репрезентација, ако ништо друго не треба да бидеме снобови како и голем дел од европските репрезентации и треба да имаме спортска почит спрема сите наши противници, затоа што знаеме како е кога сите од страна те сметаат само како шанса за подобра гол разлика.
Секоја репрезентација го прави тоа најдобро што може, некои можат подобро, некои полошо, ама тоа не е причина да се гледа со потценување спрема било кого.
Сите што носат дрес од својата репрезентација сакаат да победуваат, сакаат да го радуваат својот народ и заслужуваат почит.
Треба да се има спортски дух и фер плеј спрема сите, и да се дава цело срце и душа на терен. Резултатите сами ќе си дојдат.
Го сакам моето, ама не го навредувам туѓото. Тоа е моја максима.
Тие го немаат Кире Лазаров и слични на него. Плус не се борбени како нас. Западниве спортисти многу многу не ги боли за земјата.
А и преценување не чини. Затоа овие си се анонимуси и ако ни се паднат ќе ги растуриме. Нема тука респект меспект. Од многу респект и преценување на противниците не отидовме во 1/2 финале
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Оф леле немој демагогии те молам... Не навредив никого, тоа што се тотални анонимуси се, и што има тука лошо што ги посакувам нив?

Пред некоја година ние бевме анонимуси пошто НЕМАВМЕ квалитетни и искусни играчи, оваа генерација за разлика од пред 7-8 години е сосема различна, и тогаш играа некои од овие меѓутоа сега се со многу поголемо искуство и од тука е овој пласман.

И на крај краева што е битно кого лично јас ќе потценам?
Од секогаш сме имале квалитетни играчи, а пред некоја година, 2009 игравме на Светско, каде исто бевме анонимуси, а сепак имавме многу квалитетни играчи. Поголемиот дел играат и во оваа репрезентација.

Лошо е што ги потценуваш, затоа што снобовизмот никогаш не донел ништо добро. Убаво е да се поддржува до коска своето, ама не и да се потценува туѓото. Сакам да ти кажам дека и нас не потценуваа, види што ги снајде. Во спорт треба и мора да има почитување за противникот надвор од теренот. На теренот не. Се мерат силите, секој игра најдобро и тоа е тоа. Ама не е во ред да се збори за други. И никогаш нема да потценувам туѓа репрезентација, затоа што знам колку ме болело кога нашите репрезентации биле омаловажувани и сметани само за подобра гол разлика.

Верувам во нашите репрезентации и ги бодрам и за мене се најдобри и секогаш мислам дека ќе победат, ама тоа не значи дека ќе ги испоплукам другите, затоа што и тие се мачеле за да дојдат до овде.

Ме боли кога ми ја потценуваат и исмеваат репрезентацијата, затоа никогаш нема да навредувам туѓа, затоа што знам како сум се осеќала и не сакам така и другите да се осеќаат. Што не ти е јасно?
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 16:06 ---
Тие го немаат Кире Лазаров и слични на него. Плус не се борбени како нас. Западниве спортисти многу многу не ги боли за земјата.
А и преценување не чини. Затоа овие си се анонимуси и ако ни се паднат ќе ги растуриме. Нема тука респект меспект. Од многу респект и преценување на противниците не отидовме во 1/2 финале
Не реков дека треба да ги преценуваме, туку да не ги нарекуваме анонимуси и слично. Спорт е, секој има шанси да тепа. Јас мислам дека би ја тепале Холандија, но нема да ги наречам анонимуси. Противникот, никогаш не треба ни да се потценува, ни да се преценува, туку да се гледа реално. Може да ги тепаме? Да, секако. Би требало? Да,секако.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да играме со Литванија, да им покажеме дека и ракомет сме појаки од нив :cool:
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.956
Не реков дека треба да ги преценуваме, туку да не ги нарекуваме анонимуси и слично. Спорт е, секој има шанси да тепа. Јас мислам дека би ја тепале Холандија, но нема да ги наречам анонимуси. Противникот, никогаш не треба ни да се потценува, ни да се преценува, туку да се гледа реално. Може да ги тепаме? Да, секако. Би требало? Да,секако.
Јас реков дека се анонимуси. Значи анонимуси се. Ќе ги тепаме и готово. Ете реално гледаме......дали Холандија е некоја сила во ракометот? Не. Дали Холандија има некои јаки играчи? Не. Дали ќе ја истуриме? Да :D
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас реков дека се анонимуси. Значи анонимуси се. Ќе ги тепаме и готово. Ете реално гледаме......дали Холандија е некоја сила во ракометот? Не. Дали Холандија има некои јаки играчи? Не. Дали ќе ја истуриме? Да :D
Сигурна сум дека и Швеѓаните, Данците, Чесите и Пољаците, ама баш истово го збореле за нас и дека освен Кирил Лазаров немаме друг играч. Ама што испадна на крајот? Им ги затнавме устите на сите.
Не викам да не се зборува како ќе ги тепаме. И јас мислам дека ќе ги тепаме, затоа што знам дека сме квалитетен тим. И јас мислам дека Холандија не е сила, дека лесно ќе ја совладаме, но не ја гледам од висина, затоа што не сакам да се претворам во европски сноб и да ги гледам другите како неспособни.
Како што реков навивање за Македонија до инфаркт, но во духот на фер плеј за другиот.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.956
Сигурна сум дека и Швеѓаните, Данците, Чесите и Пољаците, ама баш истово го збореле за нас и дека освен Кирил Лазаров немаме друг играч. Ама што испадна на крајот? Им ги затнавме устите на сите.
Не викам да не се зборува како ќе ги тепаме. И јас мислам дека ќе ги тепаме, затоа што знам дека сме квалитетен тим. И јас мислам дека Холандија не е сила, дека лесно ќе ја совладаме, но не ја гледам од висина, затоа што не сакам да се претворам во европски сноб и да ги гледам другите како неспособни.
Како што реков навивање за Македонија до инфаркт, но во духот на фер плеј за другиот.
Да играме со некоја земјичка тогаш ок сето ова. Во право си. Ама со Холандија која е велесила во некои спортови (односно фудбал) и таму каде што е надмоќна не гледа од високо па тогаш и јас ќе ја гледам од високо сега кога имам шанса. Реков респект и фер плеј за некои земјички недоразвиени и слаби ама некој што ме гледал од високо......нема ни респект ни ништо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom