- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Македонија во првиот шешир за баражот за СП 2013
Нашите најдобри ракометари во недела ќе го дознаат својот противник во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија следната година.
Пет европски селекции веќе се квалификуваа за настап на Светското првенство следната година. Тоа се домаќинот Шпанија, актуелниот шампион Франција, Хрватска, Србија и Данска.
Остануваат уште девет места за земјите од Европа, а нашата селекција, со добриот пласман на ЕП во Србија си ја отвори вратата за полесен противник во баражот за пласман на СП во Шпанија.
Така, нашите најдобри ракометари во ждрепката по која ќе го дознаат својот противник ќе се најдат во првиот шешир, заедно со селекциите на Германија, Унгарија, Словенија, Исланд, Полска и Шведска. Тоа значи дека ниту една од овие репрезентации не може да ја добиеме за ривал во баражот.
Во вториот шешир ќе се најдат селекциите кои ова ЕП го завршија од 13. до 16. место - Чешка, Норвешка, Русија и Словачка, додека третиот шешир е составен од селекциите на Австрија, Португалија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Белорусија и Литванија.
Со оглед на тоа дека две топчиња (без да се отвораат) од вториот шешир ќе бидат преселени во првиот и две од вториот во третиот шешир, најголеми шанси има во баражот да ни се падне некоја од селекциите кои се наоѓаат во најслабиот, трет шешир.
Ждрепката ќе се одржи во Белград на 29. овој месец во 13 часот.
Во баражот ќе учествуваат 18 репрезентации кои ќе ги сочинуваат девете двојки по кои ќе бидат познати последните девет патници на СП 2013 од Европа. Првите средби ќе се играат на 9. и 10, јуни оваа година, а реваншите се закажани за една недела подоцна.
СП во Шпанија ќе се игра од 13. до 27. јануари следната година.