Бараат работа, а молат Бога да не ја најдат

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Го употребиле словенечкиот модел за невработени лица, ги применувале европските начела...ццццц, ај нашиот животен стандард нека го направат по словенечки модел и по европски начела, или тоа не им е во преден план. Само превземаат закони од европските богати земји, и си мислат мед и млеко ќе тече во Македонија...
 
М

Мартин`

Гостин
чим ме спомнавте да одговорам,
точно се работи за мое дете но не е син,туку ќерка,
Заврши на УКИМ 2005 како најдобар студент со најголем просек.
И не може да најде работа од разно разни причини.
Накратко:
Не од не знаење. Јас сум кв работник,и не познавам никој со ВСС сакам да кажам никој во УКИМ па да оргирам за знаењето на ќерками,не сум ни бил ни стапнал на УКИМ,се што постигнала е значи со знаење и способности.Не верувам дека и ставале 10-ки затоа што ми е мене ќерка на КВ-бравар.
Со компјутери е народски кажано-тата мата, ќе искуца една страна без да погледне во тастатура за рекордно време.Можеби 10 пати побрзо од брзото. Англиски солидно или одлично го владее.
Не работи.и никогаш не се запослила,и незнам дали ќе се запосли,
причина: Кога таа би се запослила тоа значи некоја друга не треба.
Односно се запослуват се нечии керќи и синови а НИКАКВИ.
Ние сме го искусиле тоа овие години.
Сега е магистер со една деветка само во индексот.
И нема да одбие работа во ДЕбар,ДЕмир Хисар или Делчево.
Ова ми е највеќе чудно а го имам повеќе пати сретнато ова каде што го кажуваш, зар до толку е работава за студент со 10 завршен да нема работа.. што факултет има завршено керкати ме интересира ако не е тајна ? Зошто има и добар дел огласи каде што навистина бараат работници ама не само со диплома/оцени туку и ги тестираат да видат дали стварно знаат.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ова ми е највеќе чудно а го имам повеќе пати сретнато ова каде што го кажуваш, зар до толку е работава за студент со 10 завршен да нема работа.. што факултет има завршено керкати ме интересира ако не е тајна ? Зошто има и добар дел огласи каде што навистина бараат работници ама не само со диплома/оцени туку и ги тестираат да видат дали стварно знаат.
i jas go prashav istoto- AMA ...........ne odgovara anco
uporno potencira UKIM 2005 -ta i tooooooooooo:unsure:
dur i mu posochov neshto- verojatno e blisko do toa -pa se slaga so molchenje
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Ова ми е највеќе чудно а го имам повеќе пати сретнато ова каде што го кажуваш, зар до толку е работава за студент со 10 завршен да нема работа.. што факултет има завршено керкати ме интересира ако не е тајна ? Зошто има и добар дел огласи каде што навистина бараат работници ама не само со диплома/оцени туку и ги тестираат да видат дали стварно знаат.
Она што викаш „ама не само диплома“
Тоа се оние,на нив сигурно мислиш што само имаат диплома и завршено факултет,колку да се рече,најчесто нивни деца и внуци а знаење никакво,или оние што само поминале,т.с.шестки,а за седмица една недела биле пијани.Е ќерками не е од нив.Ама тие таквите не ти даваат да припариш,оти знаат дека ќе бидеш над нив со знаење.Плус тоа јас,односно ние фамилијата не сме од никаде,туку само од тука.И тоа е голем проблем.Јасно е што сакам да кажам.Да бевме од Дебар или од било каде подобро.Заврши не било каков факултет,нели ги делите на тешки и полесни со само„бубање“,не од тие,него од оние каде треба и индивидуален квалитет,да не кажам и талент,е тоа најповеќе им смета,зошто да биде таа најдобра.Па за магистерски,за одбрана ја „ Гњавева неколку години“ иако ги заврши испитите во рекордно време и ги положи со 10.
Што викаш,прават или треба тестирање.Напротив ако го има тоа тогаш знаат дека таа ќе биде прва,и затоа не го прават тоа,за да не отпадне некоја нечија,а никаква (јас и не ги познавам,ама ги знае ќерка ми).
Конкурираше и во влада,бараа баш со нејзината струка 8 извршители, и примива само АЛБАНЦИ со таа струка,а таа од тие имиња никого не познава,Албанци (неписмени) со дипломи од оние семафорски факултети.И сега тие одамна работат,треба да живеат АЛБАНЦИ се.
Многу што со неа завршија,а на многу и таа им ги правеше дипломските
или нешто друго им помагаше исто така се запослија одамна.(шесткачи)
Си помонаа годините требаше одма да фати странство.
 
Значи за извршител завршила, е тука е главниот проблем зошто мора и единствена шанса е државна работа.. уште млада зелена држава сме додека коцките се наместат на своето место и ќе мине време затоа и тешко се добива тоа место иако со 10ка, јасно ти е мислам решението за државно место ;) не за џабе јас се откажав од планот да студирам на политички науки иако тоа највеќе ме интересира и највеќе ме влече - со таков факултет освен политички активен да те бутнат/помогнат немаш шанси.

Да завршела со 10ка на економски, машински, финки, електро и останати технички до сега ќе работела тоа е сигурно 99% ама... Сепак ти посакувам среќа и што побрзо да се вработи ќеркати иако како што реков без-партиски такво место е тешко кај нас..
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Значи за извршител завршила, е тука е главниот проблем зошто мора и единствена шанса е државна работа.. уште млада зелена држава сме додека коцките се наместат на своето место и ќе мине време затоа и тешко се добива тоа место иако со 10ка, јасно ти е мислам решението за државно место ;) не за џабе јас се откажав од планот да студирам на политички науки иако тоа највеќе ме интересира и највеќе ме влече - со таков факултет освен политички активен да те бутнат/помогнат немаш шанси.

Да завршела со 10ка на економски, машински, финки, електро и останати технички до сега ќе работела тоа е сигурно 99% ама... Сепак ти посакувам среќа и што побрзо да се вработи ќеркати иако како што реков без-партиски такво место е тешко кај нас..
Каков извршител,бре и за тоа ли треба факултет или само мускули
Заврши на МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА,
Поконкректно, или еве зошто не не бива.
Уште се печатеше „Екран“- праќа песна на Мак-Фест и како прва песна одбрана од жири,во тоа списание ја имаше нејзината,но не и дадоа да ја пее, но не ја даде ни на друг уште ја чува(незнам како би ја пуштил тука)
Првата година,мислам беше во Соло пеење,или уште во средно беше.
Праќа песна и за Скопскиот фестивал за Евровизија,(демо снимка како ли се вика,и други податоци,ама демек анонимно)
И ја бираат песната ,но не и даваат да ја пее,си стават нивна.Песната доби една од високите награди.(само успеа да врати некоја марка за снимката) но нивната благонадежна пеачка не се слушна повеќе.
Потоа беше мислам на инструмент „клавир“- одлично го владее но за таму тоа не е е доволно,треба и име....и други работи и добри марка сандали и тесни фармерки,(баш и за ова ја малтретирале).
Се префрли на најтешкото за професор и тоа дипломира и магистрира.
Сега замисли кој ги учи децата овие години,некој тапанџии,каков што и е случај на повеќе места кај што конкурира нив ги примаат по познаство.
Сега си задоволен. Ова е Македонија.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Во приватните фирми да се гледа покрај дипломата и квалитетот, меѓутоа постојат и приватни фирми каде што газдата си става исклучиво лица кои му се блиски или подалечни роднини, а исто така и блиски пријатели како и нивни деца ............ постојат голем број на т.н. фамилијарни фирми каде што се што е машко на пр. во 5-6 семејства работи во една иста фирма, така да друг од страна ’’туѓинец‘‘ таму да се убаци мало-морген ........ а што се однесува до државната администрација(здравство, школство, армија, полиција, судство, царина и.т.н.) таму се знае или роднинско-пријателски врски, или пак преку партија(таа што е на власт секако), а во краен случај и со мито ............... во јавната администрација(во одредени гранки) постојат т.н. кланови каде што со генерации работат лица од едно семејство(дедо, син, внук) ......... и тоа по иста струка ........ на пр. хирург, доктор, професор, судија, инспектор... од колено на колено(’’наши деца’’) ....... ова го има пола век наназад(влече корени уште од Социјализмот), го има ден денес, а и во иднина ќе го има во државните служби .......... денеска дури е и смешно да се обидеш да се вработиш во некоја од државните гранки, а притоа да немаш партиски бекграунд или пак барем некој од поблиското или подалечно семејство да не ти работи таму каде што сакаш да влезеш .......... просекот, а и реалното знаење и искуство дури воопшто и не се гледаат !
Е сега интересно е тоа што дури и во одредени приватни фирми се убацуваат исклучиво лица преку парија т.е. партиски активисти/членови/симпатизери... така да врти сучи работава како на квизот милионер ............ или 50/50 или гласање на публика или повикај помош(пријател) ... :icon_mrgr:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Па ке ве молам немојте така да зборите, ние имаме просечна плата од 20 000 денари... или повеќе беа?
Еве јас за мене ке ви кажам, не знам за другите, секој по свој пат.
Јас во фебруари оваа 2012 година завршив факултет, Машински отсек Индустриски дизајн, и имам пратено ПРЕКУ 30 цв по маил, во фирми кој што редовно ги пратам кога огласуваат на сајтовиве за вработување. НИЕДНА од тие фирми кои се по моја струка, не ми одговорија, да ме поканат на било каков разговор. Сега за сега работам нешто што нема врска со областа која ја изучувам и познавам. Работам во Малдинска книга, презентирам книги по фирми. Тоа е чесна работа, немам лоши зборови, но тоа е работа во која јас не гледам некаква перспектива, бидејки јас не сум обучен да тргувам, обучен сум да произведувам, да бидам креативен и иновативен, а тоа и сакам да го работам. Ова го работам, колку да имам некој динар, и да не седам дома. Трговијата според мене, не може да постои доколку не постои производ односно производство. Што значи причината за создавањето на трговијата е производот, и според тоа поголема вредност според мене има производот, него трговијата, и парите лежат во производството. Трговијата селски кажано е ценкање за 2денари или 3 денари.Трговијата е прибирање на пари од луѓето со тоа што јас како трговец поседувам некаков производ и работата ми е да го убедам потенцијалниот купец дека мојот производ е квалитетен, дека му е потребен и дека вреди за тие пари. Не гледам ништо продуктивно во тоа, а јас сакам да се бавам со нешто што е продуктивно, нешто што се произведува. Јас понекогаш мразам некој да ме убедува или да ми продава нешто, затоа што јас сакам, самиот да оценам дали тоа ми треба или не, не некој друг да ми кажува, не сум глуп.
Е тоа е мојата реалност, и што ми останува друго освен... да си појдам некаде на страна во странство, кај што ке најдам работа и не само што ке најдам туку и таа работа некој ке ми ја цени, што значи дека некој ке го почитува она што јас го работам, ке вложи во мене, и ке добие од мене многу, а притоа ке ми го плати трудот кој сум го вложил. Да, ке се окозам од работа, ама барем ке бидам задоволен од она што го работам и ке имам примања за еден нормален живот, во кој ке можам да си дозволам и нешто повеќе, од подмирување на основните потреби за живот а тоа се храна, облека, дом и сметки.
А сега рекламиве владини се што да ви расправам, студирајте технички науки, објаснуваат како имало економски раст во земјава, се отварале производствени погони и тн, ама никој од нив не кажува што треба да се направи за да човек се вработи во тие новоотворени фирми. Ако останам овде, ке треба да се спуштам на ниско ниво, да фаќам врски, да подмачкам некое џепче или сл. улизувања, а јас тоа не го сакам, а го можам тоа ама нема да го направам затоа што сум инат, и затоа знам дека ако со тој инат останам овде, нема да можам да преживеам. Немам ни партиска книшка, и нема никогаш, освен сега ако некој дојде и со пиштол на глава ме услови да потпишам, не сум будала ке го направам тоа, но своеволно никогаш нема да извадам партиска книшка, а дома моите сто пати ми рекоа, затоа што и тие гледаат дека не можам да се вработам, па ми кажуваат по секоја цена да ги прифатам условите кои ни ги наметнуваат политичките партии. Не знам за вас ама кај мене нече мочи.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.204
Поени од реакции
29.059
Отиде младината во странство, и нај хардкор Македонците почнаа да вадат Бугарски пасоши, срам ми е да пишам околу 90% од пријателите и другарите веќе поднесоа документи за срањево а некои и имаат. Како тргнало ќе нема човек во државава да работи ебаго.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
I nikoj ne mi kaza kako jas da go naucam zanaetot pa neli znaenjeto e sila znaenjeto e moc...i jas se rakovodam so taa parola se razmisluvam i da sakas da naucis nesto ovaa drzava nikogas nema da ti pomogne a da ti odmogne oohhh ..:(
Sto bidna so e-mail adresata sto ja pobarav vo prviot post eee ama drugari ste bile gledam velite treba partiska kniska za zaposluvanje dali i jas treba da zemam partiska kniska za da go naucam ovoj zanaet da odam da se zaclenam dodeka ima vreme :P
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
приказнава има уште актери....постојат луѓе (некои од нив лично познавам)....кои одат на работа само за да не седат дома (не им е битна плата и работно време)...изјава од една таква личност....Ако треба и без пари ќе работам, ама да не седам дома со свекрвата....личност два на интервју за работа....вработете ме, немора да ми плаќате, само вработете ме....

....тука се и младите пензионери (излезени во пензија во подобрите времиња) кои се нафаќаат да работат за помала плата и неосигурени (плата+пензија = полна капа)

овие актери...работодавците ги употребуваат за притисок врз своите вработени со познатата фраза....ако не ти се допаѓаат условите слободно замини....многумина чекаат за твоето работно место

и во право се....се додека има овци....ќе можат да стрижат
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Пак ќе го повторам истото. На младите мала им е плата од 200-250 евра, нејќат да работат за тие пари, меѓутоа истите тие 200-250 евра од платите на мајките и татковците им се добри и така само лежат,, денгубат и цел ден одат од кафуле до кафуле.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889

Pa na kogo mu se može poubavo zdravje. Ima li poubavo od toa se na gotovo da ti serviraat,stan,kola,pari ako slučajno ti se zdosadi po kafičite i državna rabota da ti najdat (platat),aj staž da teče.
:D
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Го употребиле словенечкиот модел за невработени лица, ги применувале европските начела...ццццц, ај нашиот животен стандард нека го направат по словенечки модел и по европски начела, или тоа не им е во преден план. Само превземаат закони од европските богати земји, и си мислат мед и млеко ќе тече во Македонија...

Извини, животниот стандард го прават луѓето со своите инцијативи, навики, работливост и остроумност.

Јас често одам во Словенија, па дури и во Љубљана човек не може да се види после 19-20 часот на улица, не одат луѓето по кафулиња, не денгубат, туку сите гледаат да си работат и си ги гледаат домашните работи.

И многу од словенците живеат по селата и на младите не им е срам ниту мака да одгледуваат по 2-3 расни крави и млекото да го продаваат во млекарите.Е тоа ти е работлив народ, затоа имаат.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 10:53 ---
Pa na kogo mu se može poubavo zdravje. Ima li poubavo od toa se na gotovo da ti serviraat,stan,kola,pari ako slučajno ti se zdosadi po kafičite i državna rabota da ti najdat (platat),aj staž da teče.
:D

Тогаш да не се жалат дека не чинела државата.

Додуша, има и многу фирмички кои работниците гледаат да ги искористат за 10,000 ден. плата и да им ја дадат со закаснување од 1-2 месеци, или да не ги пријавуваат за пензиско и социјално осигурување, што е исто така катастрофално. За оваа појава е крива државата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom