Па ке ве молам немојте така да зборите, ние имаме просечна плата од 20 000 денари... или повеќе беа?
Еве јас за мене ке ви кажам, не знам за другите, секој по свој пат.
Јас во фебруари оваа 2012 година завршив факултет, Машински отсек Индустриски дизајн, и имам пратено ПРЕКУ 30 цв по маил, во фирми кој што редовно ги пратам кога огласуваат на сајтовиве за вработување. НИЕДНА од тие фирми кои се по моја струка, не ми одговорија, да ме поканат на било каков разговор. Сега за сега работам нешто што нема врска со областа која ја изучувам и познавам. Работам во Малдинска книга, презентирам книги по фирми. Тоа е чесна работа, немам лоши зборови, но тоа е работа во која јас не гледам некаква перспектива, бидејки јас не сум обучен да тргувам, обучен сум да произведувам, да бидам креативен и иновативен, а тоа и сакам да го работам. Ова го работам, колку да имам некој динар, и да не седам дома. Трговијата според мене, не може да постои доколку не постои производ односно производство. Што значи причината за создавањето на трговијата е производот, и според тоа поголема вредност според мене има производот, него трговијата, и парите лежат во производството. Трговијата селски кажано е ценкање за 2денари или 3 денари.Трговијата е прибирање на пари од луѓето со тоа што јас како трговец поседувам некаков производ и работата ми е да го убедам потенцијалниот купец дека мојот производ е квалитетен, дека му е потребен и дека вреди за тие пари. Не гледам ништо продуктивно во тоа, а јас сакам да се бавам со нешто што е продуктивно, нешто што се произведува. Јас понекогаш мразам некој да ме убедува или да ми продава нешто, затоа што јас сакам, самиот да оценам дали тоа ми треба или не, не некој друг да ми кажува, не сум глуп.
Е тоа е мојата реалност, и што ми останува друго освен... да си појдам некаде на страна во странство, кај што ке најдам работа и не само што ке најдам туку и таа работа некој ке ми ја цени, што значи дека некој ке го почитува она што јас го работам, ке вложи во мене, и ке добие од мене многу, а притоа ке ми го плати трудот кој сум го вложил. Да, ке се окозам од работа, ама барем ке бидам задоволен од она што го работам и ке имам примања за еден нормален живот, во кој ке можам да си дозволам и нешто повеќе, од подмирување на основните потреби за живот а тоа се храна, облека, дом и сметки.
А сега рекламиве владини се што да ви расправам, студирајте технички науки, објаснуваат како имало економски раст во земјава, се отварале производствени погони и тн, ама никој од нив не кажува што треба да се направи за да човек се вработи во тие новоотворени фирми. Ако останам овде, ке треба да се спуштам на ниско ниво, да фаќам врски, да подмачкам некое џепче или сл. улизувања, а јас тоа не го сакам, а го можам тоа ама нема да го направам затоа што сум инат, и затоа знам дека ако со тој инат останам овде, нема да можам да преживеам. Немам ни партиска книшка, и нема никогаш, освен сега ако некој дојде и со пиштол на глава ме услови да потпишам, не сум будала ке го направам тоа, но своеволно никогаш нема да извадам партиска книшка, а дома моите сто пати ми рекоа, затоа што и тие гледаат дека не можам да се вработам, па ми кажуваат по секоја цена да ги прифатам условите кои ни ги наметнуваат политичките партии. Не знам за вас ама кај мене нече мочи.