Банка која одобрува најголем износ на кредит при одредени услови на жирантот

dummy

AaaaaaAaaaaaA
Член од
16 јуни 2009
Мислења
43
Поени од реакции
8
Здраво дечки,

Прашање до оние кои се компетентни на темата. Во мојот случај не ми е најбитна банката/институцијата која обезбедува најповолни услови за отплаќање на кредитот , туку побитно ми е да ми одобри поголема сума на пари.
Најверојатно ќе студирам на мастер во Германија од октомври годинава, и треба да приложам 8400евра на сметка кои моментално ги немам :popce:

Ми кажаа дека помалите банки во принцип се порасположени за давање на поголеми износи на пари , од поголемиве кои не се секираат многу за обичните корисници.
Инаку напоменувам, дека потребно ми е да ја добијам сумата .. не ми е приоритет под која стапка одат парите и каматите, зашто секако откога ќе стигнам во Германија веднаш ќе почнам parttime работа и сам ќе си го отплаќам кредитот.
Инаку кредитот би го подигнал татко ми кој е пензионер со околу 27000денари пензија , кој веќе има земено кредит од 130000денари..
Па ве молам за помош , стварно сум слаб со економија :kafence:

Исто доколку имате други препораки како до овие пари, нормално легални и морални предлози се добредојдени .
 
D

Daedalus

Гостин
Која и да е од банкиве, одобрува кредит ако лицето:
Има редовни примања (и воедно сумата е комплементарна со одредени пропорции кои се специфични за секоја банка и поврзани со кредитот кој го дава), има жирант и/или има нешто за ставање под хипотека.
Ако лицето нема никаква гаранција, не даваат.
Е сеа, сумата, сите банки ваљда ќе ти ја дадат, поентата е која банка колку камата ќе ти зима од парите коишто ќе ти ги позајми.
Ако имаш од некој да позајмиш, тоа би било супер или не знам, стипендии нешто ау за таргет универзитетот да разгледаш ако знаеш каде/дали даваат, каматните стапки им се луди на банкиве али ако си сигурен дека можеш одма да исплаќаш, немаш гајле (глеам не ти е битно тоа, битно е готовината да ја земеш сега).

Иначе, верувам дека нема банки коишто не би ти позајмиле 8-9к евра, можда грешам.
Гледам услови на Стопанска и лицето кое го зема кредитот има низок месечен ануитет, со 6.5% стапка првата година.

За Комерцијална лицето не треба да е постаро од 62 год. мислам. За ова ти што бараш, инфо има тука. Само што месечниот ануитет мора да се покрие со 1/2 од месечните примања, постои тоа ко услов. Рокот на отплата им е 8 години = 96 месеца.
8400/96 = 87.5 евра месечно + таму колку е каматната стапка. Како и да е, не поминува 13. 500. Али не знам како ќе иде со уште еден кредит кој татко ти го има веќе земено, дали имаат специфични регулативи и све тоа.

Гледам Тутунска нудат некоја фенси супер дупер понуда. Тука конкретно им се регулативите кои тебе те интересираат (само фегетите бараат ануитетот да е 1/3 од плата).
Види распрашај се, тркни до секоја од овие, види дали праат фрки ако лицето веќе има земено кредит. Вака, сѐ што можеме да видиме е нивните официјални понуди на нивните веб страни, они подобро ќе ти појаснат околу регулативите.
 
Последно уредено од модератор:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.085
Поени од реакции
17.868
Најспорно е тоа што велиш дека кога ќе пристигнеш во Германија веднаш ќе работиш. Доколку ти си обврзан да го враќаш кредитот ќе мора преку документација да го покажеш твојот наводен иден работен однос.

А штом татко ти е пензионер исто така тешко да му одобрат кредит нему. Сепак во случај и да има шанса да му одобрат, многу е битно колкав дел од тековниот кредит му е исплатен и неговата кредитна историја. Сепак во тој случај спорно е врз каква основа ќе го подигнеш кредитот, затоа што потрошувачки тешко да ти одобрат 8000 евра, а пак станбените не ги префрлаат на сметка на оној кој го подига, туку на физичкото или правното лице од кое се купува станот/куќата.

Интересна ситуација е твојата на која никој надвор од банка не може конкретно да ти одговори. Најдобро би ти било да прашаш некој познаник што работи во банка, за заедно да изнајдете решение по кој основ да ги добиеш парите на твоја сметка.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
А да прошеташ и се распрашаш по банките.
Таму најубаво ќе ти објаснат,тука сите сме експерти
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ако убаво се сосредоточиш на разговорот со банкарите, можеби и ке сватиш што ти зборат. кога ке почнат да објаснуваат, премногу економски термини користат, па ке те донесат до заблуда, да мислиш дека е песме лета... конкретно јас со тутунска бркав за кредит некој, преку фрима и после 10-тина минути објаснување, му текна на типот што е поентата и ми вика: друже, колку пари ти требаат всушност и колкава месечна рата можеш да си дозволиш? толку ми требаат и толку можам да плаќам... ок, на таа сума, толку години, за таа рата, со толку камата, и на крај ке вратиш толку.. бива ли? бива велам... епа ти треба тоа и тоа од документи, рекапитулари дрн дрн дрн... и завршена работа...
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
3 месеци одкога ќе појдеш таму, нема да смееш ништо да работиш оти ќе си со туристичка виза, после откако ќе ти заврши таа виза, треба да си извадеш студентска. Имај си на ум дека 3 месеци нема да имаш некој приход.
 
Член од
5 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
0
Јас со друга мака сум. Треба уште 2 месеци да чекам за кредит да можам да земам регуларно, а немам време за чекање. Ми требаат парите за операција. Па ако знаете некој начин или ако може некој да заврши работа - со процент за него, нека повели. Оти знам случаи на луѓе што не исполнуваат услови, а имаат кредити, ама треба да имаш некој...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.207
Поени од реакции
16.647
Здраво дечки,

Прашање до оние кои се компетентни на темата. Во мојот случај не ми е најбитна банката/институцијата која обезбедува најповолни услови за отплаќање на кредитот , туку побитно ми е да ми одобри поголема сума на пари.
Најверојатно ќе студирам на мастер во Германија од октомври годинава, и треба да приложам 8400евра на сметка кои моментално ги немам :popce:

Ми кажаа дека помалите банки во принцип се порасположени за давање на поголеми износи на пари , од поголемиве кои не се секираат многу за обичните корисници.
Инаку напоменувам, дека потребно ми е да ја добијам сумата .. не ми е приоритет под која стапка одат парите и каматите, зашто секако откога ќе стигнам во Германија веднаш ќе почнам parttime работа и сам ќе си го отплаќам кредитот.
Инаку кредитот би го подигнал татко ми кој е пензионер со околу 27000денари пензија , кој веќе има земено кредит од 130000денари..
Па ве молам за помош , стварно сум слаб со економија :kafence:

Исто доколку имате други препораки како до овие пари, нормално легални и морални предлози се добредојдени .
Скоро идентична ситуација бев како оваа твојата кога одев Америка, УНИ банка нуди опција да ти дадат поголем кредит со кој ќе ти го затворат стариот (тој од 13.000) и ќе остани некоја сума за тебе е сега бидејќи е 27.000 ако е под 62 години сигурно ќе му дадат ако е над 62 само Можности штедилницата дава ова од искуство.

Јас кога одев Америка имав скроз иста ситуација на татко ми му дадоа кредит таков да му ги затворат сите тековни и да го плаќа едниот. Сега да речиме дека земаш кредит 60.000 а борџиш 13.000 за друг. Приложуваш документи во УНИ за кредит и им кажуваш каде имаш и дека сакаш да ги затвориш со дел од сумата. Самата банка од тие 60.000 ќе уплати 13 и нешто на другата банка за да го затвори кредитот а сумата која останува тие 47.000 одат за тебе нели пошто е кредит кој си го подигнал.

Ако имаш тешка кредитна историја со нередовно плаќање на рати па те запишале на истата (и со ова имам искуство) ќе ти побараат поќе жиранти мене на пример ми побараа 5 иако е татко ми во државно и зема салам височка плата. Јас ги вратив поарите кои ги подигнав го затворивме али работев fulltime работа.[DOUBLEPOST=1423197786][/DOUBLEPOST]
Јас со друга мака сум. Треба уште 2 месеци да чекам за кредит да можам да земам регуларно, а немам време за чекање. Ми требаат парите за операција. Па ако знаете некој начин или ако може некој да заврши работа - со процент за него, нека повели. Оти знам случаи на луѓе што не исполнуваат услови, а имаат кредити, ама треба да имаш некој...
Фулм штедилница нуди на невработени ако си таков само со потврда од трудот дека си невработен и во 48 часа ги имаш парите само дека еден жирант бараат ама одобруваат не е проблем. до 2000е мислам дека можиш да подигниш, мене кога хитно ми требаа дома тоа го направив и не само јас и повеќе луѓе кои ги познавам, даваат до 72 рати ако не се лажам е сега мене ми дадоја на 48.
 
Член од
5 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
0
Јас со друга мака сум. Треба уште 2 месеци да чекам за кредит да можам да земам регуларно, а немам време за чекање. Ми требаат парите за операција. Па ако знаете некој начин или ако може некој да заврши работа - со процент за него, нека повели. Оти знам случаи на луѓе што не исполнуваат услови, а имаат кредити, ама треба да имаш некој...
Вработен сум ама ми фали стаж за од банка.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.207
Поени од реакции
16.647
Вработен сум ама ми фали стаж за од банка.
Ти реков ако некој нуди најматни кредити и ги одобрува брзо и ефикасно тое Фулм оди информирај се сигурен сум дека ќе ти дадат.
 

dummy

AaaaaaAaaaaaA
Член од
16 јуни 2009
Мислења
43
Поени од реакции
8
Фала ви на сите за постовите. Ќе разгледам наскоро по банките низ Скопје, и обавезно ќе пишам какви се условите. Татко ми прашал во тутунска банка и му рекле дека може да земе дополнителни 50000денари со неговиот моментален статус, значи тоа не е ни малку доволно.
Инаку во Германија се влегува со веќе извадена студентска виза, и може да се работи до 20 часа како студент неделно, што е сосема доволно за добар студентски живот бар во Берлин :)
Ова ко информација за некој , можда и да се мотивира да си студира таму. Самиот упис на факултет е бесплатен. Mожности за IT, колку сакаш.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Јас со друга мака сум. Треба уште 2 месеци да чекам за кредит да можам да земам регуларно, а немам време за чекање. Ми требаат парите за операција. Па ако знаете некој начин или ако може некој да заврши работа - со процент за него, нека повели. Оти знам случаи на луѓе што не исполнуваат услови, а имаат кредити, ама треба да имаш некој...
Колку стаж имаш што не исполнуваш услови? На неопределено си, или на определено?
Ако ти треба поголем кредит, зошто не одите со хипотека?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom