Струмикс напиша:
1. Имаме ситуација кога некој е под стрес поради нападите врз потесното семејство, во случајот ќерката и сопругата. Му дошло преку глава, можен е и афект предизвикан од тоа, вади пиштолот и убива. За казната не коментирам, затоа што професионалноста не ми дозволува да коментирам без докази пред мене и без другите списи на предметот.
Има полиција, нели? Закони, судови, глупости. Ама човеков сам донел пресуда и се одлучил за смртна казна, без можност за одложување.
Нејсе, имаме и втора ситуација.
Струмикс напиша:
2. Виде некој од вас на Канал 5 како се убиени на лице место снимките кога ги вадеа од колата? Тоа е Убиство извршено на особено свиреп начин кое се казнува со казна доживотен затвор. Истрошиле околу 2 шаржера во веке мртвите тела. И? Постои ли разлика од убиство до убиство?
Јас видов и навистина жално и грозно беше. Прво дека воопшто се случило тоа (искрено жалам) и второ дека Канал 5 туку така ги објави снимките, ама тоа е муабет за друга тема. Ги виде ти или било кој друг снимките од убиството што го изврши сега починатиот? Претпоставувам одговорот е не. Ни јас не ги видов, не се секирајте. Зошто? Затоашто сте пички. Кога се случи првото убиство, ладнокрвно го зедовте тоа, може и воопшто не сте размислувале. Зошто? Па еден албанец помалку, плус си го барал - си го добил, и уште еден плус е дека толку ги многу ги има. Ќе ги жалиме сеа? Ма дај, нема смисла....
Сега наеднаш се крена вашата свест? Се разбудивте???
Немојте мене да ме лажите (се лажите себеси).
Да расчистиме нешто: потекнувам од чесно семејство кое никогаш не допрело оружје а живеам во кондово. Умни сте, може да направите некоја дигресија. Правдата ја обожавам, секогаш праведно и чесно сме работеле. Све што имаме (немаме многу) е чесно и со многу пот заработено. Никогаш немаме украдено нешто или измамено некого. Сакам само да ви објаснам дека сакам мирен живот, без вакви срања. Сакам да прекинат овие работи, убиства, мафија, кражби... Ова лудило.
Но, сакам и искрено и чесно да размислите за вакви работи пред да обвините некого. Доста глобализирање, доста само "тој" е крив (без разлика кој е тој).
Знам и очекувам мрчење после овој пост, ама не знам што да ви речам, ова е мој став и гледиште. Можеби погрешно, но пред се мое и знаејќи дека nobody's perfect ќе стојам до него па и да грешам.
Поздрав.