Бабини деветини, суеверија

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не значи дека ако не си верник, Библијата е "рандом" книга, хмм...ми изгледаш нервозен...
Покрај Библијата има и други книги на апостолите итн. итн. на кој се базира како треба да биде животот на Христијаните. Иако како главна се зема Библијата.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Еве најново суеверие: "Немојте премногу религија да користите во темава оти ќе дојди Gurgjiev и ќе ве изренда."
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Прво ќе почнам со настанот што ме изреволтира со моиве "верници" по дома.
Седнавме да ручаме. Јадевме што јадевме и на крај мајка ми го собра чаршафот. Татко ми и рече да не го тресе навечер демек тоа носело лоша среќа, а чашката што лока е прекрасна среќа.. мдаа! .ако тресеш навечер, немало тоа, немало ова, затоа била лоша ситуацијата дома.Јас се изнервирав затоа што живеам во 21 век и немам намера да се замарам со празни муабети од типот рекла-казала. "
друже, сепак мислам дека суеверијата на твоите не ти пречат толку многу колку што ти пречи пиењето на татко ти и целата ситуација во која се наоѓате како семејство ( вашата благостостојба ) плус и ако “ лошо го поднесува “ алкохолот - ко капак на се“ и мислам дека тоа е основната причина на твоето незадоволство и револт . Не ни пробувај да измениш нешто кај луѓе кои се навикнале на таков начин на живот оти нерви ќе изгубиш а резултат нема да има, а и некакви драстични промени (финансиски) на поарно кај нив не се надевај.Штом не создале до претпоставувам своте 50 години - залудно е да очекуваш дека допрва ќе просперираат.
Гледај ти да се снајдеш во животот и да успееш
;) https://encrypted-tbn2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTFUu3qYkakv3-0HZLlcmXEm44bF9LTcTJABOU2x737fE1pBLoSeA
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Ако прескочиш некое мало детенце тоа значи дека нема да расте големо :facepalm:
Е јас како дете не верував па ме прескокунуваа и после бев секогаш при крајот на редот кога не редеа по висина. Се мислам може да има вистина во ова :eek:

На свадба не се вози црна кола :facepalm:
За ова првпат слушам и на еден куп свадби кајшто сум бил, колата била црна.
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Не значи дека ако не си верник, Библијата е "рандом" книга, хмм...ми изгледаш нервозен...
според ова исто може да се каже, не значи дека ако си верник библијата не е рандом книга
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.580
Поени од реакции
22.294
Не свири со устата ноќе. Не се гледај во огледало ноќе. Да не пиеш од шише/чаша истовремено како друг. Да не прескокнеш дете оти нема да расте поќе. Да го миеш лицето пред спиејне да не те фатат очи. Нешто наопаку да носиш против фаќајне на очи. Ако пее пиле/петел/нешто од тој вид ќе умре некој. Су заборавил доста од овие ама најчесто викаат или ќе умре некој или нешто лошо ќе ти се деси. Ко ќе слушнам кај некого вакви муабети оштро реагирам иако си има многу луѓе што веруваат, да не ти се верува колку.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
8.101
-Не се тегни на јадење, му го даваш јадењето на ѓаволот.
-Не зборувај додека јадеш, ќе земиш ѓупка за жена.
:гомце:
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Немој да маваш со метла, нема да се ожениш, не зборувај додека јадеш ќе земеш циганка за жена, не ги број ѕвездите плуски ќе ти излезат на рацете...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
И да еве ја дефиницијата за суеверие:
"Суеверие — празноверие, верба во празно, т.е. во ништо, верување во нешта кои не постојат, верување во невозможни работи; верување во постоење на Баба Рога; верување во постоење на вампири; верување дека црната мачка носи несреќа; верување дека бројот тринаесет сам по себе носи лоша среќа; верување дека со изговарање на точно определени зборови ќе оздравиме; верување во постоење на вештерки и уроци; верување во моќта на бајачите/бајачките и слично."
Спрема дефиницијава и религијата е суеверие.... верба во празно, во нешта кои не постојат, во невозможни работи....
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.609
Поени од реакции
88.082
Има ваква тема, и мислам дека членот arakenx ги има најубаво објаснето што и како настале овие суеверија. Одете на последната страна
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Аха, исто и не смеело да се бања чоек кога се мртви петоци, саботи оти никнувале мртви коски.Е ова ко го слушнав, снеможив.:pos:
Инаку јас ниту верувам во вакви работи, ниту ме интересираат само кога ќе слушнам такво нешто се чудам како е можно луѓево да се до толку забегани.
има уште едно и глава немој да си миеш во петок че те болела :pos:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Има ваква тема, и мислам дека членот arakenx ги има најубаво објаснето што и како настале овие суеверија. Одете на последната страна
Ах, не знаев дека веќе имало. Дека преку Google пребарував. Ако не нека ја избришат или нека ја спојат. Чоек со ова пребарување и овој под тој наслов никогаш не би се снашол. Само зошто е во Мистерии, како да е нешто чудо големо ова. :notworthy:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
-Не се тегни на јадење, му го даваш јадењето на ѓаволот.
-Не зборувај додека јадеш, ќе земиш ѓупка за жена.
:гомце:
Ова се од тие форите кој ги викам за безбедност, на некој начин да не те тераат да правиш некој работи кој не чинат. Слично како она многуу погоре што пишав јас со кокошката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom