ЗАВЕТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Во средината на 19. век францускиот славист Сипријан Робер запишал една песна за Александар Македонски, кој ги молел боговите да бдеат (цитат):
"над неговиот народ славен со херојски срца, поради што заслужуваме да го носиме убавото име Словени.
Ова име го добивме од устата на самиот Александар, восхитувајќи се на јунаштвото наше, јунакот од Македонија изрече пред смртта дека го проколнува секого кој во иднина ќе говори лошо за народот славен.
На тој народ, како награда за јуначките дела тој му ги завешта областите што се простираат од Јадранското Mope па се до океанот на вечните ледови.
Александар сакаше целата таа земја никогаш да не живее по други закони, освен по законите на славните."
(Цитирано од книгата на Л. Славеска, стр. 34-35). Инаку, овој завет е објавен во оригинал на француски во 1852 година.
Сведоштво за до неодамна непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќ аваме и во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден и е еден од активистите на партијата "Виножито").
Овој деец со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на егејскиот дел на Македонија.
Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84 - годи шниот Танас Марков.
Дел од песната гласи:
Стани, стани Александре Македонски за да видиш како твоите синови се борат за Македонија...
Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути (в. "Нова Македонија" 1 и 2.11.1997, стр. 7).
Во македонскиот весник "Народна Волја" (Благоевград, јули 1994) е објавена и македонска народна приказна за царот Персеј, под наслов "Татковата клетва", раскажана од Г. Петров.
Почетокот на приказната гласи:
"Еднаш живеел еден цар на Македонија, што се викал Персеј.
Во тоа време во Македонија имало многу гаталки.
Тие дошле овде по завладувањето на светот од страна на Александар Велики.
Тој ги довел од Индија, од Персија, од Египет, од секаде...".
Понатаму во приказната се раскажува дека царот Персеј сретнал една од тие гаталки, која му ја претскажала пропаста на неговото царство, поради тоа што тој на подмолен начин го отепал својот брат, наклеветувајќи го пред татка си дека работи во интерес на туѓа држава.
Подоцна таткото на Персеј разбрал за подмолноста на својот син и го проколнал.
Гаталката му рекла на Персеј дека царството ќе му пропадне и туѓинци ќе владеат со неговата земја.
Откако ги слушнал овие зборови на гаталката Персеј се уплашил бидејќи и жена му сонувала лош сон тие денови.
Ја прашал гаталката дали може да направи нешто за да се спречи оваа судбина, а таа му одговорила:
" - Ќе ти кажам што да направиш, ама не е сигурно дали ќе те стигне клетвата.
Ќе родите машко дете, ама ќе го скриете, никој да не знае оти е ваше.
Царицата ќе го роди таму каде што никој нема да ја знае.
Потоа ти ќе го дадеш во некоја туѓа држава и ќе му кажеш на човекот кајшто ќе го дадеш да му ја каже вистината откако Македонија ќе биде поробена.
Тогаш можеби душата на татко ти ќе се смилува."
Царот Персеј така направил.
Родиле син со царицата и го однеле на еден остров, каде го оставиле на чување кај еден човек.
На човекот му оставиле пари и запечатено писмо за да му го даде на детето кога ќе порасне.
Човекот го крстил детето Андрејко.
Кога пораснало детето, човекот му го дал писмото.
Внатре пишувало кое е тоа и како да дојде до богатствата на татко му. Татко му му оставил две богатства и му опишал како да ги најде, т.е. каде се закопани. >>>
Едното било закопано на патот близу реката Струма, а другото под една клупа во дворецот во Солун.
Откако ги нашол богатствата Андрејко собрал војска и тргнал да ја ослободува Македонија.
Успеал да ја ослободи, ама по кратко време таа пак била поробена од Римјаните.
Тогаш на Андрејко на сон му излегол еден стар човек, кој му рекол повеќе да не се мачи, бидејќи Македонија уште долго нема да биде слободна.
Така било пишано од Господ.
Стариот човек му рекол златото што го има да го сокрие на три места и да почне да гради цркви и манастири.
Така царот и направил.
Изградил цркви во кои народот и денес оди.
И оваа народна приказна од пиринскиот дел на Македонија во многу се поклопува со историската вистина.
И навистина во 149 и 148 година пред Христа во Македонија се појавил еден млад човек, што се викал Андриск и кој тврдел дека е легитимен син на Персеј, поради што се преименувал во Филип Шести.
Тој се обидел да ја ослободи Македонија од римската окупација.
Собрал војска, и дури на кратко успеал да ја ослободи цела Македонија. Во тоа му помогнале и Тракијците.
Но, Римјаните испратиле голема војска и до пресудната битка дошло кај Пидна во 148 година.
Андриск (или Филип Шести) отпрвин имал успех во битката, но потоа направил тактичка грешка, по што бил поразен.
Во Зборникот од Шапкарев (Сосрија, 1891) се наоѓа предание, кое гласи:
"Александар Велики ја изумил војната."
Во него се вели:
"Простиот народ кажува и верува дека војните најпрво биле пронајдени од Александар Велики Македонски.
Кога тој шетал по море, одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи бесмртна вода, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето рибите да се бијат помеѓу себеси како во војна, намислил и тој да го направи истото, па кога до шол во своето царство, прв ја изумил војната на овој свет."
Да ја спомнеме и легендата со "Историјата на Македонија", која животописецот Новко од Дебар тргнал да ја бара (објавена од: Д-р Танас Вражиновски: "Македонски народни преданија, Македонско народно творештво: Народни преданија", книга I, Скопје, 1986).
Оваа "Историја" допирала до древните времиња уште кога Александар бил дете. Во една друга легенда народниот гение направил фантастичен спој меѓу Александар Македонски и синонимот за убавата Македонка, олицетворен преку ликот на девојката Ангелина.
Убавата Ангелина овде е прикажана како сестра на Александар Македонски.
Ова е најголем доказ дека нашиот народ, не само што го опејувал Александар Македонски, туку и си го сметал како свој цар.