БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
БДП-то во првото тримесечије на 2012 падна и во Албанија , за -0,2% , во споредба со истиот период од 2011та кога Албанија имаше раст од 4,8%.

Србија -1,3%

Хрватска -1,3%
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
БДП-то во првото тримесечије на 2012 падна и во Албанија , за -0,2% , во споредба со истиот период од 2011та кога Албанија имаше раст од 4,8%.

Србија -1,3%

Хрватска -1,3%
Еве како одат работите около Балканот.
0. Турциja +?(нема податоци)
1. Руманиja +0.8%
2. Бугариja +0,5%
3. Албаниja -0,2%
4. Словениja -0.8%
5. Хрватска -1,3%
6. Србиja -1,3%
7. Македониja -1,4%
8. Кипар -1,4%
9.Унгариja -1,5%
10. Грциja -6,2%
Ако имаш податоци за БиХ, Косоло,Турциja и Црна Гора даj да ги видиме.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Турција 3,2%

За БиХ не можам да најдам , но Република Српска има пад од 0.9%.

За Косово нема сеуште.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Менаџерите песимисти за економските состојби

Раководителите на деловните субјекти оценуваат дека во јуни годинава економската состојба е понеповолна и во однос на претходниот месец и во однос на јуни минатата година.
Како што објави Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во јуни 2012 година е понеповолен во однос на претходниот месец, а очекувањата во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.
Во јуни 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јуни 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2012 година изнесува 58,1 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во јуни 2012 година, како што стои во соопштението, е недоволната странска побарувачка со 22,3 отсто, недоволната домашна побарувачка со 17,5 отсто финансиските проблеми со 13,1 отсто и неизвесното економско опкружување со 8,8 отсто. скс/ 12:53
http://bukvar.mk/news/menadzerite-pesimisti-za-ekonomskite-sostojbi?newsid=IZVW
«
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Се продлабочи минусот на државната сметка

Само за шест месеци дефицитот во државниот буџет достигнал дури 131 милиони евра, што е многу повеќе од половина од вкупната сума планирана за цела година со ребалансираниот буџет, односно 197 милиони евра. Според пресметките, во следното полугодие на државата и' е дозволено да направи минус од само 66 милиони евра, за да не ја пречекори проектираната сума. Како тоа ќе и' успее, не е извесно. Владата има на располагање две опции, или значајно да ги зголеми буџетските приходи во следните шест месеци, или, пак, драстично да ги намали трошоците. Солидното собирање приливи од даноци и од други давачки е тешко да се очекува, со оглед што релевантните прогнози за движењето на економијата во наредниот период не се воопшто поволни. Кога станува збор за буџетските трошења, пак, факт е дека голем дел од нив, како што се плати за вработените во администрацијата и трансфери, едноставно мора да се направат, па затоа не е јасно каде би се стегало за да се намалат расходите. Доколку нема резултат на овие две полиња, на располагање останува нов ребалнс на буџетот, што би бил втор за оваа година.

Линк

Ова комбинирано со претходната вест, ребаланс.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Ќе земат кредит пак и пак и пак следните генерации ке му ја мислат..
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Сега *LION* ќе ме обвини дека носам само негативни вести , а што сум јас крив што во ист ден се објавуваат две такви податоци од Државен Завод за статистика.

Индустриското производство во јуни 2012 падна за 4,1%

Индустриското производство последниот месец паднало за 4,1% во споредба со истиот период лани.
Односно во првите 6 месеци од 2012 во споредба со лани , падот е за 6,9%

Еве што вели извештајот на ДЗС :


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 95.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи пораст од 6.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12.7%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи
опаѓање кај Капитални производи за 18.9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 47.7% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 5.8%, додека бележи пораст кај Енергија за 5.7% и Интермедијарни
производи, освен енергија за 5.4%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2012 година, во однос на периодот јануари-јуни 2011 година, изнесува 93.1.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
малку сум офтопик.........иако бев малку пооптимист...околу минусов....мислев ке биде....брем напола........ова веке е страшно......

а за офтопикот......прашање Дали му верувате на ДЗС само кога има негативни вести..........???

оти јас му верувам и вака и така....
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
а за офтопикот......прашање Дали му верувате на ДЗС само кога има негативни вести..........???

оти јас му верувам и вака и така....
Јас не му верувам целосно ни вака ни така.
Ама дека економијата оди на лошо од авион се гледа, не мора ДЗС да ни каже.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
малку сум офтопик.........иако бев малку пооптимист...околу минусов....мислев ке биде....брем напола........ова веке е страшно......

а за офтопикот......прашање Дали му верувате на ДЗС само кога има негативни вести..........???

оти јас му верувам и вака и така....
Ги штимаат и у плус и у минус. Но секогаш се служам со нивните податоци, оти се државни за да не вика некој лелел изворов ти е комуњарски :icon_lol:
Само на НБРМ верувам, на никој друг за податоци.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ги штимаат и у плус и у минус. Но секогаш се служам со нивните податоци, оти се државни за да не вика некој лелел изворов ти е комуњарски :icon_lol:
Само на НБРМ верувам, на никој друг за податоци.
Не му верувам ни на НБРМ , ЕЦБ и ФЕД лжат сушат ко ненормални ги штелуваат податоците бетер од советските бирократи во 80-тите а камоли нашиве. Вервувам дека работите се 10 пати полоши со оглед на светските трендови
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не му верувам ни на НБРМ , ЕЦБ и ФЕД лжат сушат ко ненормални ги штелуваат податоците бетер од советските бирократи во 80-тите а камоли нашиве. Вервувам дека работите се 10 пати полоши со оглед на светските трендови
Не верувам во светски завери :)
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Не верувам во светски завери :)
Лол
Не знам колку си со светските текови ама тоа е стандард во сите народни банки како и да се каже последна потврда е ЛИБОР и местењето на ратите со амин од регулаторите ако се дешава тоа во Западот каде не остава нас ?
Мислам немој да ми кажеш дека веруваш дека ја кажуваат вистината.
И не е заговор докажано е со документација , charts и шо све не .
Е сега ако не знаеш да читаш англиски тоа друг проблем ...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Лол
Не знам колку си со светските текови ама тоа е стандард во сите народни банки како и да се каже последна потврда е ЛИБОР и местењето на ратите со амин од регулаторите ако се дешава тоа во Западот каде не остава нас ?
Банкарскиот сектор кај нас е многу поконзервативен од тој во западна Европа и САД. Токму и затоа ја преживеа финансиската криза без последици.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Лол
Не знам колку си со светските текови ама тоа е стандард во сите народни банки како и да се каже последна потврда е ЛИБОР и местењето на ратите со амин од регулаторите ако се дешава тоа во Западот каде не остава нас ?
Мислам немој да ми кажеш дека веруваш дека ја кажуваат вистината.
И не е заговор докажано е со документација , charts и шо све не .
Е сега ако не знаеш да читаш англиски тоа друг проблем ...

читав некаде дека најголемите банки во англија за местење на ЛИБОр добиле казна од 460 мил фунти...но тоа е премалку отколку шо добиле со шпекулации и измисленава криза......или поточно наместената......веруам дека светот го вртат банкарите и некои мокници....а ние сме говедата....не овците сме ние.......:confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom