Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Три проверки месечно не се плаќаат.Комерцијална Банка го има ова, реално една од најбизарните работи на светот.
Инаку, КБ на пример за подигнување пари од сметка од шалтер наплаќа 25 денари провизија.
Големиве фирми ги користат сите предности на технологијата. Ќе треба да распишуе конкурс, па да бира кандидат, па да е згодна женска шо е спремна да добие проширени вени и нервен слом на 30 години, доволно паметна... па отишла на породилно, ја нема година дена...шлапни им провизија и нека си цепаат онлајн! Нема замарање, азното само си иде.
Јас им плаќам на возрасниве кај мене, повеќе заради корона моментот и да не висат пред банки по вруќини и мразови.
КБ конкретно, мислам дека многу повеќе пари праи од дневни трансакции, шо ги товари со провизија, него од камати од кредити....не тврдам, ама еве некој ако има од банкарски сектор нека ме побие.
Разбирам, револтиран е авторот на темава, ама ова е реалноста. Масивниве бизниси целат да растеретуваат расходи, да свртат се на outsourcing. На пример, во една фирма, сите дејности што не се од основната дејност, имаат законска можност да ги предадат на трети фирми. Тоа е можност и за крадење од страна на менаџерите, со склучување на неповолни договори за чистачки, IT служба, транспорт, обезбедување....и, на пример, ако им е нештото скапо, нема да се подвргнуваат на непопуларни потези што кварат имиџ, како бркање луѓе од работа, туку едноставно ќе го прекинат договорот со outsource фирмата....капитализам се вика тоа. Си имаат IT систем, мрежа од банкомати, онлајн услуги и ич не им е до замарање со продажба, HR и слични срања.
Плус, тука е и тактилниот момент, у кој ти не ја ни држиш парата во рака, не ја ни вадиш од новчаник, туку е некоја си цифра таму на монитор, кон која немаш ни однос, ниту ја цениш, ниту ја доживуваш како трошок, загуба.
Дури и Маркс не можел да предвиди се...ова се перфидни срања, сервирани од врвни преваранти, а вие мислете си дека живеете поудобно од вашите родители. Да не звучам како поп некој....и ја исто онлајн плаќам све, со години веќе.
Не е нормално, ама нормално ни е, се навикнуваме.