А1 Македонија (VIP)

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Ти кажи ми што ео подобро.

неограничено (2000мин) кон сите и 100 МБ нет за 500 денари или
неограничено (1500мин) кон сите и 1 ГБ нет за 400 денари без обврзувачки договор.
Или јас сум мутав или ВИП си играат мајтап со корисниците.
На Оне е подобра понудата тоа е факт. Но во одбрана на ВИП не можам а да не споменам дека само со нив во секое време можеш точно да видиш во кое време и колку, кон кој број и колку пари си потрошил, додека за другите два оператори треба да праќаш порака и не знам што и никогаш немаш детална евиденција во сметката. Истото ова им остава простор да ги билдаат сметките, додаваат минути,смс,мегабајти иако реално не си ги потрошил а не можеш никако да докажеш.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
корисниците добиваат неограничен број на минути за разговори кон сите национални мрежи
Како може неограничени, ко се ограничени? 2.000 минути.

То уште не можам да го сфатам кај операториве. Пишуваат неограничени, а уствари се ограничени :confused:
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
276
Поени од реакции
14
На Оне е подобра понудата тоа е факт. Но во одбрана на ВИП не можам а да не споменам дека само со нив во секое време можеш точно да видиш во кое време и колку, кон кој број и колку пари си потрошил, додека за другите два оператори треба да праќаш порака и не знам што и никогаш немаш детална евиденција во сметката. Истото ова им остава простор да ги билдаат сметките, додаваат минути,смс,мегабајти иако реално не си ги потрошил а не можеш никако да докажеш.
Ма ме заболе дали додаваат минути, смс или одземаат. 1500 минути мене ми се и повеќе од доволни, wireless имам дома и на работа. Колку шо јас знам на нивната страна има проверка на потрошен сообраќај дали им функционира не сум пробал. Дури и да ме заебат, ќе ме заебат еден месец.

Неограничен сообраќај нема никаде, дали се минути или нет сеедно. НИКАДЕ. На страната на вип никаде не пишува дека се 2000, на таа на оне убаво си пишува дека се 1500, демек џентлменски договор било
 

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Ма ме заболе дали додаваат минути, смс или одземаат. 1500 минути мене ми се и повеќе од доволни, wireless имам дома и на работа. Колку шо јас знам на нивната страна има проверка на потрошен сообраќај дали им функционира не сум пробал. Дури и да ме заебат, ќе ме заебат еден месец.

Неограничен сообраќај нема никаде, дали се минути или нет сеедно. НИКАДЕ. На страната на вип никаде не пишува дека се 2000, на таа на оне убаво си пишува дека се 1500, демек џентлменски договор било

Имаш овде sирни. И ке се повторам на оне е убедливо подобра тарифата, само сакав да укажам на деталната сметка која е достапна цело време на вип. Ти на хартија имаш 1500 минути од Оне ама во реалност можеш да потрошиш 1000 и ке ти ги набилдаат останатите 500. Или потрошиш 500мб интернет ке ти речат толку ти е, си заборавил некоја апликација во позадина ти работела дечко.
 
Член од
8 август 2012
Мислења
108
Поени од реакции
23
Од овие оне подалеку!Одамна си ја тераат истата песна со крадењево.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Како може неограничени, ко се ограничени? 2.000 минути.

То уште не можам да го сфатам кај операториве. Пишуваат неограничени, а уствари се ограничени :confused:
не ме цитирај мене како јас да сум ја направил понудава.
тоа неограничено се однесува на сите оператори во сите свои услуги. Тие даваат неограничено ама има фер плеј користење. Пошто и самите оператори имаат некој одреден лимит. И телеком има неограничен нет ама тој е 300гб за бакар и 600гб за оптика... под претпоставка дека сите корисници ќе го искористат тој ’неограничен’ лимит, после тоа и тие немаат инфраструктура да подржат повеќе интернет.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Promotivnite 500MB zavrsuvaat denes. Promotivno ke ti bide aktiviran bespalten nedelen paket, prodolzi da si online so novite Vip Click internet paketi. Vip
Mi stigna ovaa poraka na telefonot, verojatno ke imaat nova tarifa za pripejd korisnici
no seushte nemaat nishto novo na novniot sajt.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Со претходната претплата на вип не бев воопшто задоволен,ама кога излезе минатата година роденденската тарифа за 555 денари го фатив последниот воз и изминатава па и следната година ќе бидам задоволен.Долколку наредната година би можело да го продолжам договорот со моменталнава тарифа ќе останам во вип и покрај тоа што во некои делови на Македонија нема сигнал.Во спротивно по пауза од 4-5 години повторно ќе се вратам во т-мобиле.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Дали некој од вас плаќал преку системот за онлајн плаќање преку веб страната на вип. Вчера уплатив, но сеуште стои статус неплатено. Дури и ми стигна порака на мобилниот дека рокот ми истекува денес. Инаку ми стигна порака од тутунска банка дека трансакцијата е направена.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Дали некој од вас плаќал преку системот за онлајн плаќање преку веб страната на вип. Вчера уплатив, но сеуште стои статус неплатено. Дури и ми стигна порака на мобилниот дека рокот ми истекува денес. Инаку ми стигна порака од тутунска банка дека трансакцијата е направена.
Јас така ја платив сметката онлајн последната ден, се јавив да прашам дали ќе биде океј или ќе треба да плаќам пенали, ми рекоа не, ако си ја платил на време таман е, само му треба време на системот кај нас да се ажурира.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Абе и 10.000 минути да имаат џабе им е со посраните 100мб интернет кој се трошат за 15 мин после цел месец не можам да отворам ниедна страна. Нека направат и понуда 4гб интернет и 200 мин беплатно кон сите мрежи за 500 ден. Денес скоро сите имаме вибер нема потреба од бесплатни минути.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Вип гордо ви ги претставува РЕТАРДИРАНИТЕ нови Клик интернет пакети.



Дали тоа се трудат да си ги избркаат корисниците?
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Дали тоа се трудат да си ги избркаат корисниците?
На работа ни рикнаа два свича од громот минатата недела и немаме нет, па правам тетер преку УСБ и моментално имам потрошено 0.6 гига од тие 1 што ги имам. Така да, 1 гига за 99 денари би ми завршило работа за една недела додека се оправиме и не мислам дека е многу пари.

Ова нормално, ако можам да го активирам дополнително, бидејќи сум на 555 тарифа.
--- надополнето: 17 септември 2013 во 22:04 ---
И да надополнам дека многу добро иде со „тетер“ преку УСБ нетот отколку што ми иде преку мобилен (Нексус 4). Чудно...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Ми дадоа бесплатен неделен пакет кој се потроши за неколку клика на фб. Сега значи сурфам недела дена бесплатно на спора брзина пред да ми го лапне кредитот?
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
На работа ни рикнаа два свича од громот минатата недела и немаме нет, па правам тетер преку УСБ и моментално имам потрошено 0.6 гига од тие 1 што ги имам. Така да, 1 гига за 99 денари би ми завршило работа за една недела додека се оправиме и не мислам дека е многу пари.

Ова нормално, ако можам да го активирам дополнително, бидејќи сум на 555 тарифа.
--- надополнето: 17 септември 2013 во 22:04 ---
И да надополнам дека многу добро иде со „тетер“ преку УСБ нетот отколку што ми иде преку мобилен (Нексус 4). Чудно...

Дневна понуда од 100 мегабајти е во ред.
Неделна понуда со 100 мегабајти е тешка ретардација.
Неделна понуда со 500 мегабајти за 40-50 денари ќе беше полн погодок.
Неделна понуда од 1 гигабајт за 100 денари е непотребна.
Месечна понуда (или ај дво-неделна) од 1 гигабајт за 100 денари ќе беше полн погодок.

Имам пола месечна претплата и тој пакет од 250 денари за 1 гб месечно е страшна кражба. Го активирав еднаш и никогаш повеќе.
Баш затоа кога ја видов летната понуда од 500 мегабајти за 40 денари си земав и посебен припејд број во комбинација со постар андроид само за тетер. И сега со новите понуди и тоа ми го треснаа од глава.

Кој оди назад не ми е јасно. Уствари сега е јасно - ВИП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom