Хмм... сеуште се сеќавам
Кога бев некаде четврто-петто одделение, во мојот четврт живееше еден фрик што имаше обичај да ги гаѓа луѓето со пивски флаши, јајца, камења итн...
Еден ден, додека се возев со точак низ паркот, ми фрли камен под тркалата. Кога се исправив, типов сеуште немаше избегано...
Додека се смееше, така налудничаво, му ја закачив една во нос, и го легнав на земја. Се исплашив да не сум му направил нешто, и одма фатив спринт дома
По 15тина минути, ете ти го мангупот со мајка му на врата...
Незнам како нашол каде живеам, ама старката почна да хистерише, па мајка ми и падна непријатно, не сакаше да ме слуша, и ми рече да му се извинам.
Ама јас детиште, да се направам мангуп, му реков дека добро поминал... Е на мајка ми тоа не и се виде како добар одговор во моментот, па ми ги истегна ушите... ама не беше толку страшно, он помина полошо во секој случај
)