Каракамишева: Младите се иселуваат поради невозвратена љубов
Објавеново 17:11 06 јануари 2016| Прочитано1600|
Печати
Провладината аналитичарка Тања Kаракамишева-Јовановска вината за иселувањето на околу 600.000 луѓе не ја гледа во бесперспективноста на младите овде, туку смета дека тие заминуваат поради невозвратена љубов.
„Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел
не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот. Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што с` ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето. Значи, раскинувањето или разводот од партнерот,
незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите“, пишува Каракамишева во нејзината колумна во
„Дневник“.
Јас незнам дали после ова епохално откритие на Професоркава, има поента да продолжиме да дебатираме. Откриена е основната причина. Еурека