- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.245
- Поени од реакции
- 12.955
Ова е тоа што ние никако да го разбереме.http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/26693405.html
Онака хајлајтс
"во последните 20 години од Република Македонија се имаат иселено најмалку лица во историјата, не на државата, туку воопшто на територијата на Македонија."
Во 2002 т.е последниот попис има околу 2.1 милион жители, да кажеме колку активно живеат тука никој не знае т.е пописот не е некоја веродостојна мерка, но во 2014 се издадени 1.7М здравствени картички тоа се некаде разлика 400.000-500.000 илјади, од фамозните 2М жители што ги имавме за време комунизамот.
...
Тие 400.000 - 500.000 граѓани кои не извадиле здравствени картички, всушност се збогатиле толку многу во Македонија, што воопшто не им треба државниот Фонд за Здравствено Осигурување, бидејќи имаат приватно здравствено осигурување.
Треба да ги следиме нивните примери и да бидеме горди бидејќи сме жители на држава во која 20% до 25% од населението се дави во богатство, а во нивните домови течат мед и млеко од цевките, се бањаат во кади полни со млеко, како што правела Клеопатра, уште една горда Македонка со која порано или подоцна ќе почнеме да се гордееме, поставувајќи и споменик и пирамида и сфинга во Скопје.
Нели лавот е македонски национален симбол ?
Е па лавот е мачка, а Клеопатра како фараонка на Египет, ги величела мачките како божествени суштества. Ете уште една заедничка карактеристика која ја имаме со Египќаните, нашата голема нација се простира на трите најстари и двата најголеми континенти на планетава, тоа треба да се чува, а не да се фрла поради економската и социјалната состојба, која е минлива - за едно 1000000000000000 МИЛЕНИУМИ.
Мислите дека сега сме сиромашни ?
Хехеее, чекајте да почне увозот на мачки од Египет, па секое семејство со закон ќе мора да вдоми по минимум 1 (ЕДНА) мачка во знак на почит кон нашите египетски браќа, а кога ќе умре мачката, да биде погребана во пирамида и да и биде подигната сфинга на истата.
Тогаш ќе видите што е фрлање пари на тотално непотребни глупости, а не овие споменициве и административниве згради.
Последно уредено: