Интересно е да се чита ваква дебата, ама и интересно е да се чита нашинци во странство како гордо го бранат имиџот на нивниот живот таму, ко божем они се само на Bondi плажата во Сиднеј, или се шеткаат на Sunset во Лос Анџелес. Бидете реални, рмбате за вашите долари и сте под лесни кредити, кои како и да е ви дозволуваат да си купувате куќи, станови и коли, но сепак се туѓи пари. Еве ако сте мажи, колку од вас доаѓате со вашите бесни коли од Америка да се пофалите во Македонија, или ви е скап трансферот преку океанот.
Ја за разлика од вас си одам во Струмица да си уживам, одам во Берово, Охрид, Струга, Битола одам, Битуше, одам Галичник и Мавровскиот крај. Посетувам и цркви кој некој ги направил во 15 век, и сигурно му било полесно од денес на нас, и замисли напишал на јазик кој го разбираме и денес. Ама вие таму се воодушевувате ама на што......???, во пиво и коњи, во Македонија незнаеме што е пиво, ние до вчера и на телевизорите им викавме добар ден. Дај бре не обесујте, ја пошто сакам да останам во Македонија сум заостанат, глуп и сељак
. Тоа е вашата теорија
Што е лошо со купување куќа на кредит? Ако имаш малку мозок ќе сватиш дека најлесно и најбрзо се прави пари со ТУЃИ пари. Јас секогаш кога можам ако условите се добри купувам недвижнина на кредит. Подобро да имам 20% во 5 куќи него една да платам во кеш. Овде за разлика од Македонија не е проблем да се издаде, имам даночни бенефиции за тоа што сум инвестирал и секоја година цените рипаат по барем 5%. Ама тоа е овде има услови и може тоа да се направи во Македонија потешко....
Зошто побогу би носел кола од Австралија или Америка во Македонија? Нема потреба да се фалиме ова може смешно звучи ама вие тоа го правите за нас.... Први сте да се пофалите еве го братучед ми /другар ми од америка...
Иначе да јасно ми е како уживаш низ Македонија сите тоа сме го виделе горе доле. Живееш во резерват 200км квадратни, до пред некоја година не не пуштаа
да шетаме ни бараа визи а сега те дупчат на аеродром да им покажеш што носоиш у новчаник. Тоа за пивото и коњите претпоставувам беше наменето за
@gade дечково што живее во Лондон, град што има повеќе историја и култура во една населба него сите места што ги напиша погоре.
Заостанат, глуп и сељак си не ради тоа што си во Македонија него ради како размислуваш. Никој овде ништо не проповеда, напротив има неколку души што пробуваат да ни обајснат како не чини надвор. Мене а верувам и на било кој што сме надвор ич не ни прави разлика дали ти сакаш во МКД да живееш или не, твоја одлука, твој живот....
Искрено ако чини патувањето до 10 000 евра можам,
ама што фајде ќе ги дадам и што ќе се фалам таму сум бил, а таму треба да го мерам со оние што имаат милијарди, и пак ќе бидам Македонец, нема да бидам Арап (Шеик). Затоа викам треба да се трудиме да ја направиме Македонија побогата, да создаваме во неа, а не да бидеме работници за други држави. Мене ми е поубаво во Македонија
Ете зошто си сељак. Ај што не ја сфаќаш поентата на патување и шетање ама мора да се чукаш и во гради кој си и од кај си па макар и на хаваите. Имаш потреба да се докажуваш пред милјардери арапи или кинези а?
Ме мрзи пак да пишувам, ама министерство неможеш да заработиш за на одмор на Бахамите и остантите острови, еве го посотот...............
_______________________________________________________________________________________________________________________________
За бизнис, ќе ви кажам како се успева, татко ми е механичар на тешки возила, работеше во една од големите градежни фирми што не се сеќавам која власт ги рокна на улица.(90-тите). Работеше тука, јас отидов стрнаство да спечалам за да отвориме фирма, сеа си работиме на релација Македонија-Косово-Бугарија, за поправка на мотори на тешки возила, заработуваме, плаќаме даноци, раниме фамилии. Кој сака да работи ќе работи кај и да е, тоа е точно, ама поубаво ми е да работам таму кај што сум се родил и да придонесувам за оваа држава. Ја сум за идејата да се излезе надвор еве нека видат тие што не виделе, ама не гледам кој свет го прикажувате дека е мрачен, па и во Монте Карло имате просјаци.
Против сум идејата да се негира по својата држава и народ, ако сме Македонци, знам што е тешко кога државата те буши, ама сега сум успеал имам за добар живот.
Еве читам мислења на дел од членовите кои сегогаш викаат дека има партиска позадина, ама така сакате да верувате. Зошто мислите дека сите треба да го чекаме лебот од партија. Комшијата мој работи со инсталации на опрема за разладување и греење, стално вика леле држава не уништи, тешко оди наплата, морам со кредити да се задолжувам, а си купи нова E-класа пошто тешко му оди бизнисот. Така му чини да зборува, никој не луд ако му пропаѓа работата, да се подновува со нова кола.
Сакам да дојде денот кога помалку луѓе во држава ќе се жалат и ќе прифатат дека се родени благодарение на некој што пред нив успеал.
Значи имаш мал фамилјарен бизнис благодарение на пари кој си ги заработил во странство. Каде беше државата, институциите, банките да ти помогнат? Не ме сфаќај грешно ова не е плуакање по Македонија, ние сите си ја сакаме Македонија независно кај сме, мене ме интересира што е твоето мислење за ова пошто на запад има милјон програми државата и банките да ти помогнат да отпочнеш приватен бизнис.
Ние не прикажуваме ништо полошо од тоа што е. Сме живееле во македонија, знаеме како е, како ни било и што се случува. Она прикажување е повеќе од другите за како е во странство. Валво се уби да ни докаже колку е лошо прво во германија а после и во швајцарија, човек да не знае дали да се смее или да плачи бе, македонија со кој држави ги споредувате...
Далеку од тоа дека секогаш е се ради партиите ама и тоа игра улога. Има цел куп работи зошто Македонија не функционира како држава, партиите може и треба дел од тоа да средат, полека и го прават. Финтата е што 25 години чекаме, колку генерации треба да бидат жртвувани за да стане колку толку присојно (не комотно)
Да ама со работа се печали, а не со кукање власта нечини, ја ако чекав власта да ми даде, ќе се изначекав. Природно е државата да зема за да дава таму кај што треба, тоа по правило е секаде, затоа јас викам кој е маж нека излезе нека печали надвор, ама да инвестира назад да има за новите генерации, сеа некој ги читав нечини држава нека остане на глупациве.
Ај вака да направиме тие што сакаат слободно нека излезат и да не се враќаат, ама да го дадат имотот на некои како мене што сакаат да создаваат во Македонија па ние да си владееме со вашиот имот, а вие спечалете во странство и останете си таму, и онака земјата и имотот ви пропаѓа тука. Тоа е како во Босна, избегаа да не војуваат, а после: комши абе куќава, нивчево си го заградил, а мое е !, и ти му викаш комшоо ја пукав и ти го зачував имотот, додека ти у Германија печалеше, сеа еве пошто имам загинато во фамилија, ќе ти го дадам пак да си владееш со имотот. пошто ја глупак војувам, а незнам зошто?!. Затоа сум дека не треба да се плука по државата, некој пред тебе гинел за ова парче земја, ама вие како си сакате ја ќе се борам да си го сочувам имотот и да го проширам, застапувам теорија да се здружат или да се известат Македонци кои имаат пари да купуват земја и имот во загрозени територии, или да се помогнат Македонци кои сакаат да продат, ама повторно да купат Македонци. Тоа го сакам
, не е многу......
За тебе природно е да се трошат толку пари на барок и врби? Природно е на 2км да имаш 200 спомонеци? Да се трошат даночни пари на секакви субвенции и да им се умилкуваат на пензионерите (гласачите) секогаш пред избори а притоа да се нема стратегија како да ги задржиш младите кадри што ги произведуваш? Со пишување по форуми и продавање патриотизам, мало морген, пројдоа тие денови...
Да ти го дадат имотот? Среќна нова 46та... Да знаеш само колку ги има такви надвор на кој комуњарите им го зеле имотот. Истите тие ти ја поклонија државата, тие беа тие што го формираа ДПМНЕ, што го финансираа и конечно ги тргнаа комуњарите од Македонија. Нема што одлична идеја ти е ова, оригинална ептен.
Да да светиња е, ама еве морално прајме муабет, ти одиш у странство печалиш создаваш фамилија и све останато, овде не се замараш, а комшијата твој инвестирал сам, донел вода, платил да се донесе за струја и за улично, ставил асфалт и ти сега со твојот плац излегуваш на тој пат. И се враќаш и што ќе му речеш на комшијата браво бе глуп што инвестираш, иако имаш мали примања, не треба ништо да градиш остај го така. А ти демек богат, пошто нараснала цената на плацот зимаш и одма го продаваш и пак си живееш среќен во инстранство. Не ви се работи туку само легачката, и тато мама со врски факултет да ви завршат а после и да ве вработат, и ќе продолжите да кукате и па ќе останете во Македонија. Само ние тука сме должни да ве трпиме како блуете дека се нечини, како се е црно, а не знаете на која страна штрав се одвртува
Видиш брат баш заради ОВА сме надвор. Тоа што го пишуваш на прв поглед е ОК, зашто во македонија стварно така и си функционира системот. Народ не знае за друго па се ложи на вакви муабети. Во Австралија на пример тоа вака се решава... Прво нема што комшијата да инвестира. Вода до неговиот плац ќе донесе компанијата за ВОДОВОД која добила лиценца од државата за таа работа. Добиле право да имаат монопол и како такво државата им наложува они да спроведат цефки и се што треба до твојот плац и да ти обезбедат услови ти да се приклучиш на мрежата. Ти како секој друг ќе платиш ИСТО за приклучок независно од тоа колакава била таа инвестиција на фирмата за водовод. Исто и за струја, ќе ти се донесе приклучок до пред плацот а поната е твоја одговорност. Ако пробаш овде да асфалтираш надвор од твојот плац (и за на твој плац ти треба дозвола иначе) можеш и у затвор да завршиш. Кој си бе ти да узурпираш државно земјиште. Се знае кој ќе ти донесе улица/асфалт пред врата и тоа се знае уште пред плацот да биде одобрен за продавање. Си има план и систем и се функционира. За тоа што пораснала цената на плацот ради конекција на сервисите од наредната година и ти и комшијата во странство ќе плаќате повисоки комуналии зависно од вредноста на имотот. Проблем решен на функционален начин без притоа никој на никого очи да му вади. Е тоа е тоа, затоа сме надвор