Се е супер тоа и искрено воопшто не ми смета. Тоа што ми смета е однесувањето дотичниот, кој до пред некое време растураше со патетика, а сега заработил 2000 евра и решил своите фрустрации да ги истура на форумов. И тоа врз тие што денес се во ситуацијата во која тој бил до вчера. Наеднаш му се згадило од лузери.
Индивидуално е. Овде кај што сум познавам многу "наши" што живеат и работат подолго време, и пак џабе. Со менталитетот се на исто ниво од каде што потекнуваат. Не е само да ги заработиш тие 2000 евра.. Треба да знаеш како да ги потрошиш. Треба да успееш да се вклопиш во опшеството кое патем е сосем различно од нашето.
Според мене, тој што избегал од Македонија и се чувствува победнички, тој е лузер и ќе си остане лузер. Таквите немаат сон, и живеат само за да покажат и докажат пред другите (најмногу пред самите себе), дека потегот што го направиле е оправдан и генерира задоволство.
Но не е така.
Тие што заминале, мора да се споредат со местото во кое живеат. Не со Македонија!
2000 евра да ги трошиш во МК се многу, ама на друго место само 1000 евра бега за кирија и трошоци. Јадење 500 евра.
Ам облека, излегвење, бензин, цигари, одмор, кафе, ресторан, мобилен, интернет, итн итн????? Не е се розево, ко шо изгледат.
Се работи за комплекси набиени во екот на сиромаштијата... Никогаш немал кола, мотор, куќа.. итн итн.
И сега го гледаш, после 5 плати земени, одма со трчање кредит за кола (за да се вратит со неа во МКД). Го гледаш прајт куќа, па уш една... (зш во МКД живеел во една соба). Купвит ајфон 5, а не знајт за шо служит Сафари..
И уште многу други примери. Печалбарски синдром? Не знам како да го наречам. Битно, ги има еден куп.
Шо сакав да кажам.... Џабе ЕУ, УСА или МАРС, кога некој во Македонија со 300 евра му ја живејт поубо и посреќно од некој ваму со 2000 евра. Секој новодојденец почвит од 0(нула). Дур да постигнит едно задоволително ниво (добар темел за добра иднина), на своја кожа сигурно осетил што значи дискриминација и злоупотреба на туѓа работна сила.
Има и исклучоци, ама ретки се. Обично, успешните овде... би биле успешни кај и да се.