До мене фала Богу не дошла никаква магија.. А колку што имам читано, а имам доста читано околу овие работи, се вели да не се носат амајлии и слично... Дури едни многу духовни луѓе, пријатели од Хрватска кога дојдоја на гости кај нас ни велат дека не требало потковица да се става пред врата, оти демек потковицата превртена наопаку е како рогови на ѓавол...

Е сега секој си има свое уверување.. Јас лично сум мнооогу, многу против тоа што моиве дома немаат земено книга во рацете, а за интернет да не зборам и они штом им излезе некој проблем одма трчаат по бајачи... Мене тоа не ми се допаѓа.. Јас сметам дека човек може сам да се лечи преку мислите, со цврста вера во својата бесконечна интелигенција во себе... Нормално кога е нешто повеќе од обична главоболка овде се лекарите, а при одењето на лекар јас секогаш се молам за лекарот да биде умешен во лекувањето на одредената болест... И секогаш се расправам со моиве дома, ама никако не сфаќаат, им носам и разни литератури да увидат едка не им се потребни тие бајачи и гатачи за да се излечат, тие само зло им нанесуваат....
Еве мене што ми се случи минатово зимо, верувале вие или не! ... Поточно крајот на есента беше...

Почна нокотот на палецот на ногата да ми зараснува во месото, а болките се појавија преку ноќ.. Беше неподносливо... Моите ме тераа да одам да го оперирам, но јас си зацртав дека нема да отидам ниту на проверка, оти претходно имав одено на лекар, кога се' уште немав толку проблеми, а мојот лекар е за никаде (и затоа сега ќе го мењам), па воопшто проблемот не го сфаќаше сериозно и ништо не направи... Јас си зацртав многу сигурно дека ова ќе го излечам со многу упорност, со молитва и секако од постари ми беше препорачано дека за гној се ставало зајачка лој... Така направив.. Два месеца се мачев ставајќи секоја вечер зајачка лој.. Не можам да ви опишам колку беше тешко... Не можев да настапам на цело стапало само од болките во еден палец



.... Толку болки до сега ниту од заб не сум претрпела... И од училиште отсуствував.. само понекогаш.. кога не можев да си облечам чевли....



Сега, после три-четири.. може малку повеќе месеци јас можам слободно да ви кажам дека мојот нокот си порасна, гнојот истече, го истретирав правилно и со нега, ама и со моќта на мислите мои... Благодарение на моќта на мислите сега можам и најтесни чевли да облечам... При крајот кога поминуваше исеков едно мало делче од кожата до нокотот... болеше


ама истрпив.. и сега гајле немам... под тој нокот израсна нов.. до душа се' уште расти ама уште за малку и ќе го замени стариот.... Имам многу да ви кажувам како сум се излекла без бајачи, гатачи, разни окултисти... но ако продолжам ќе биде предолго и слабо дека некој ќе сака да го чита целото... за сега поздрав!