Аудио лечење со делови од Куран од магии и болести

Дали сте се провериле?

  • да

    Гласови: 4 9,8%
  • не

    Гласови: 13 31,7%
  • несакам

    Гласови: 18 43,9%
  • страв ми е

    Гласови: 3 7,3%
  • ќе пробам

    Гласови: 3 7,3%

  • Вкупно гласачи
    41
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Незнам зошто вакви оффтопик муабети се направија.Кој мисли дека ќе му помогне еве му начин, да не каже не сум знаел и не сум чул.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
си пуштам некое тивко музиче - нешо релакс и после сум ко нов :) каков алах какви бакрачи
 
junksound

KILL Iluminate's
Член од
16 јули 2010
Мислења
133
Поени од реакции
9
Да се слуша три последователни дена по два пати-навечер и насабајле, секој ден, по можност со слушалки и со затворени очи во просторија каде нема да бидете вознемирувани. Доколку се појават реакции од типот на главоболка, гушење, ненадеeн плач, нагон кон повраќање и слично, контактирајте не за понатамошни инструкции.
На следниот линк:

http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=390:2011-11-18-01-07-44&catid=70:2011-10-10-11-23-02&Itemid=94

Kои се знаците на магија?
Знаците на опсихреност(обземеност со магија) се многубројни и се разликуваат од една до некоја друга врста на сихр или магија. Голем знак на опсихреност е кога човекот не може да учи Кур`ан, зошто му се преплетува јазикот или не може да извршува намаз зошто го зафаќаат грчеви, паѓа во несвест и сл.

Ваквите видови на сихр(магија) се опасни и потребно е да се бори против нив на секој можен начин или да се лекува. Исто така, еден од големите знаци на опсихреност е кога човекот кој ја сакал својата сопруга одеднаш – од негови непознати причини, ја замразува и почнува да чувствува одвратност спрема неа, спрема своето семејство или пак обратно, т.е. такво нешто да и се случува на сопругата. Има уште некои други големи знаци, али овие два се водечки помеѓу нив, зошто се како најчеста појава.

Други, помали знаци на опчинетост со сихр, може да бидат почести грди и страшни сонови, шкриптење со забите додека се спие, нагли чувства на одбојност спрема извршување на исламските прописи, изненадувачко чувство на одбојност или омраза спрема други особи и слично. Важно е да се напомене дека овие знаци во поголем дел од случаевите не се знак на опсихреност, туку се само како производ на гревот која дотичната особа го чинела, али и можат да бидат и знак на опсихреност.
Симптоми и знаци кои се појавуваат кај човекот во текот на учење на рукјата

При учење на шеријатска рукја над болен, ако се појават сите или некои од овие знаци знај дека џинот е присутен

1.Забрзано треперење или играње на очните капаци.
2.Врескање
3.Ставање на раката на очи
4.Земање на раката на оној што лечи и нејзино кревање во воздух
5.Длабоко земење вдишување на воздух, неколку пати

6.Посебна мирност, смиреност во тишина на телото (ова знаат да го приметат во главно поискусните исцелители)
7.Непрекинато и силно дување (како кога се задише после долго трчање)
8.Насочен поглед во една точка, зјапање во неа.
9.Неможност на зборување
10.Силно или послабо тресење на телото

11.Удирање на нозете (под глуждовите) една од друга
12.Плач, тивок или зголемен
13.Измена на гласот (од машки во женски или во погруб и сл)
14.Удирање и напад на оној што лечи-исцелува
15.Жестоко одбивање да се продолжи со рукјата (откако болниот прифатил во почетокот)

16.Кога рацете се удираат една со друга исто така и нозете.
17.Пцуење на исцелителот
18.Повторување на учењето на Куран по исцелителот (значи што и ќе учи исцелителот, болниот повторува по него, или учи заедно со него)
19.Хистерично смеење
20.Долго гледање во очите на исцелителот без најмало трепкање

итн..

Што е рукја?
Рукја( ар. ar-ruqya ) претставува учење на одредени ајети на особата која е опседната со џинните. Со учењето на тие одредени ајети џинните(невидливи суштества од оган) реагираат и почнуваат да испуштаат необични гласови, преку гласот на опсихрената особа.
Некогаш заболената особа ќе проговори со глас кој инаку, самата никогаш не го проговорела или на јазик кој никогаш не зборувала. Тоа е гласот на џиннот кој говори од особата. Кога џиннот ќе проговори му се учат и понатака ајетите и се бара од него да ја напушти дотичната особа, да прими ислам или ако не сака да излезе обично ќе биде убиен или со сила истеран. Овој пат нема за тие детали да зборуваме, само ќе напоменеме дека заболената особа , после проговорувањето на џиннот повеќе не чувствува што се случува со неа, ниту ги чувствува болките доколку биде удирана за време на лекувањето, а ни после лекувањето кога се `разбуди` од таквата состојба.

Дозволено е да се учи рукја на самиот себеси, а и да други учат над заболената особа. Али ,само доколку рукјата ја учи здрава особа, која би требало да биде колку – толку познавач на џиннскиот свет и нивните можни лаги, зошто тие се склони на лажење. Потоа, учачот на рукја мора да ги познава основните исламски прописи и да се придржува на истите. Особа која е склона на чинење гревови не треба да учи рукја на друг, зошто џиннот од опсихрената особа може да премине во таа особа. Истотака рукја не може да учи маж на туѓа жена без присуство на нејзиниот маж или махрем.
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кажувајќи за она што го видел на Mираџ - рекол: ,,...ми рече (Џибрил, покажувајќи на една голема група): ,, Ова е твојот уммет (Мухаммеде), а овие први седумдесет илјади ќе бидат први кои нема да имаат полагање на рачун, ниту ќе бидат со нешто казнети.” па прашав: ,,Зошто?” ,, Зошто не се жигосувале ( не биле со оган или со усиено железо раните не ги спалувале), ниту барале да им се учи рукја, не биле празоверни и цврсто се потпирале на Аллах с.в.т...” (Сахихул-Бухари: 6059, Сахихул- Муслим:321, Сунену-Тирмизи:2370)

Од овој хадис(предание) може да се заклучи дека не е пожелно да некој бара да му се учи рукја, али, ако на некој друг би му се учело нема никаква пречка, зошто Пратеникот с.а.в.с., учеше на други рукја, а не бараше нему да му се учи рукја.

И во случајот со жената црнкиња која барала од Пратеникот с.а.в.с., да го замоли Аллах џ.ш. да ја излечи од падавица(епилепсија) на што и рекол: ,, Повеќе сакаш Аллах џ.ш. да те излечи или сакаш Џеннет(рај)?” укажува на тоа дека оној кој се стрпи на таква и слична болест, награда ќе му биде Џеннет, така да не треба да се брза кај учачите со Кур`ан да се истеруваат џинните.

Многу важна работа е да се води сметка за фактот, дека секој човек има свој џинн, кој стално го прати и со него престојува, така да ако човекот нема вистински проблеми со џинните, не треба да ги “предизвикува” џиннот кој го прати зошто овој после него ќе го вознемирува.

Исто така, особата која еднаш била излекувана од сихр и чаролии, мора повеќе да посвети поголемо внимание на ибадетот(дела со кои е задоволен Аллах) и да уште повеќе пази на своите гревови.

ШТО Е УРОК ?

Урок е поглед на восхитување, помешан со завист на особата со покварена душа. (Фетхул-Бари, 10/200) Доколку ве гледа особа која е склона на завист, нејзината завист штето делува на оној кому е упатен погледот.Возвишениот Аллах џ.ш. на душите и телата им дал различити видови на моќ. На мнозина им подарил посебна телесна и духовна моќ. Урокот настанува по следниот редослед: Особата кој може да урочува прво со нешто се восхитува. И се допаѓа човекот, предмет или нешто друго. Потоа се јавува покварената душа, која при урочењето се служи со продорен поглед.Човекот може да се урочи и самиот себеси исто како што може други да урочува. Доколку човекот е восхитен со своето тело и изглед, ако не ги проучи довите за заштита. Затоа, гледајќи се во огледало треба да рече: ,, Аллахумме хассин хулики кема хасенете веџхи,” ( Аллаху мој, разубавими го мојот морал како што моето лице го направи убаво) , истотака треба да се рече: ,,Субханаллахи ахсенул-халикин”( нека е Славен најубавиот Создател). Се препорачува избегнување на претерано загледување во своето тело, долго стоење пред огледало, гледање на сполниот орган, зошто џинните тоа го сакаат и гледаат прилика како да му наштетат на човекот.Записите, талисманите и амајлиите се една од појавите кои строго се забранети и шкодат уште повеќе.
Дозволено е како што споменавме, да се бара од побожните и честити учени особи да некому се учи рукја, али подобро е тоа да се избегне и да се учи рукја самиот себеси, зошто тоа е и прилика да се покаже цврстината на тевеккулот (потпирањето врз Возвишениот Аллах џ..) а има и надеж да се биде од оние седумдесет илјади кои без никаква сметка и без никаква казна ќе влезат во Џеннет, вечното престојувалиште на правоверните.
Затоа, брате и сестро во нашата убава вера, ако ви треба такво лекување, лекувајте се сами себеси, и не заборавајте дека Возвишениот Аллах с.в.т, рекол: ,,И рече Господарот ваш, молите Ме (чинете ми дова) ќе ви одговорам (ќе ви ги услишам вашите молби). ( превод значење Гафир, 60) Доволно ќе ти биде да се сетиш на своите гревови, а никој не е безгрешен, па себеси да се кориш заради тоа, и од Аллах с.в.т. искрено побарај прошка, а никој во довата од самиот себе не би бил поискрен, зошто ти најдобро знаеш во каква состојба си. И , иако знаеш дека имаш многу гревови недавај да се разочараш, Аллах е Милослив па моли Го за прошка и труди се на секој начин да го поправиш својот однос према својот Господар.
Браво халал да тие Браво Браво Алах да те чува......
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
си пуштам некое тивко музиче - нешо релакс и после сум ко нов :) каков алах какви бакрачи
Дали знаеш што зборуваш? Се работи за енергија (по нашки дух) кој сака да егзистира во тебе. Голема е приказната за сите тие енергии, но факт е дека постојат.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Дали знаеш што зборуваш? Се работи за енергија (по нашки дух) кој сака да егзистира во тебе. Голема е приказната за сите тие енергии, но факт е дека постојат.
добро бе бате не ме карај
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
исто за лечење ја користеа ми се чинни и зам водата.

При биолошката и хемиската анализа на оваа вода, како и споредбата со другите изворски води, востановено е дека водата Зем-зем е многу побогата со калциум и магнезиум од останатите. Она што е особено интересно е фактот дека водата Зем-зем содржи висока концентрација на флуор кој е ефикасен против бактерии.
Ниту еднаш од настанокот на изворот Зем-зем не се случило тој да пресуши или поради суша да се намали дотурот на вода во него. Напротив, откако се започнало со истражувањата, утврдено е дека прилвот на вода е сè поголем. Исто така, водата од врутокот Зем-зем ниту еднаш не изгубила дел од своите биолошки и хемиски својства, што со текот на времето е карактеристично за останатите води. Анализите покажуваат дека еден литар содржи околу 2000 милиграми хемиски и биолошки елементи, додека кај останатите изворски води во Мека и околината, тоа количество изнесува 260 милиграми. Еден литар Зем-зем вода содржи:
250 милиграми натриум (Na)
200 милиграми калциум (Ca)
120 милиграми калиум (K)
50 милиграми магнезиум (Ma)
366 милиграми бикарбонат (C)
372 милиграми сулфур (S)
273 милиграми нитрат (NO3)
6 милиграми хлорид (CL)
0,15 милиграми железо (Fe)
0,12 милиграми бакар (Cu)
Истражувачите се сложуваат дека сите споменати елементи ја прават оваа вода идеална за човековото здравје.
При анализата на водата од овој извор и нејзиното водотечение е утврдено дека нема микроби кои би биле штетни по човечкото здравје. Веројатно е дека она што и дава квалитет на оваа вода се карпите и земјата низ кои минува.
Хемиско-биолошките параметри го потврдуваат тврдењето дека оваа вода ја пронашол Мелекот Џибраил[1] по наредба на Аллах џ.ш. и заради тоа и се припишуваат свети својства. Тешко е да се пронајде некое друго објаснување за исклучителниот квалитет на оваа вода.
Минатата година, на Институтот Хадо во Токио, спроведена е најнова анализа од страна на јапонските научници. И тие утврдиле дека оваа вода се разликува по својот биолошки и хемиски состав од сите „обични“ води кои секојдневно ги пиеме.
Јапонскиот научник од Институтот Хадо, професорот Масаро Имуто, има запишано дека водата е анализирана по „нано“ метода според која една капка од изворот Зем-зем била измешана со илјада капки обична изворска вода. Резултатите покажале дека таа една капка ги облагородила илјадниците капки обична изворска вода.Поттикнат од овој експеримент проф. Масаро ја нарекол благословена водата Зем-зем. Меѓу останатото, потврдил дека таа не ги променила своите биолошки и хемиски својства и покрај многуте обиди и експерименти. Битно е да се напомене дека ова истражување на Институтот Хадо не било нарачано од Саудиска Арабија. Слободно можеме да кажеме дека водата Зем-зем е единствена. Ниту на еден извор кој е познат во светот не е пронајдена вода која по своите својства би наликувала на водата Зем-зем.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Незнаете што зборите: За вас се е демек сега паганизам.
Кој е „Паган“?
Многу површна дефиниција за паганизам. Јас сум паганка, би требала да знам нели? Ми сметаат такви како тебе од било која вера, што за се што е негативно или според нив зло - се повикуваат на паганизмот. Се што имате и вие муслимани и христијани и јудејци - потекнува од паганизмот, затоа што нова вера се гради врз темелите на онаа што постоела пред нејзе. Ти сигурно си знаеш за предрасуди - многу од нив постојат за Исламот како насилничка вера...така да, не прави она што не сакаш да ти го прават - не суди вера за која не знаеш ништо повеќе од она што ти го кажале.

Инаку, он топик - браво за темата! Само ме интересира дали човек треба да верува во Исламот за овие методи да имаат ефект. Прашувам пошто сум читала за лечења со стихови од Библија и со повикување на Исус - ама е изричито речено дека зборовите не можат само да се изговараат колку да се кажат, туку со намера и со верба. Истото оди и за оној кој е „пациент“.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Не сваќам идам на сајтот ама каде се симнува и како ајде мал туториал
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Моментално на сајтот нема линк, туку истот ќе се обнови на 1.1.2012 ..како и да е истото може да се стори и со следново видео.
--- надополнето: 31 декември 2011 во 00:43 ---
Многу површна дефиниција за паганизам. Јас сум паганка, би требала да знам нели? Ми сметаат такви како тебе од било која вера, што за се што е негативно или според нив зло - се повикуваат на паганизмот. Се што имате и вие муслимани и христијани и јудејци - потекнува од паганизмот, затоа што нова вера се гради врз темелите на онаа што постоела пред нејзе. Ти сигурно си знаеш за предрасуди - многу од нив постојат за Исламот како насилничка вера...така да, не прави она што не сакаш да ти го прават - не суди вера за која не знаеш ништо повеќе од она што ти го кажале.

Инаку, он топик - браво за темата! Само ме интересира дали човек треба да верува во Исламот за овие методи да имаат ефект. Прашувам пошто сум читала за лечења со стихови од Библија и со повикување на Исус - ама е изричито речено дека зборовите не можат само да се изговараат колку да се кажат, туку со намера и со верба. Истото оди и за оној кој е „пациент“.
Има многу дефениции за паганизам..наведов само една од нив. Како и да е,пожелно е да си верник, но за да се види реакција од лечењето или реакција на болест немора да има. Најубаво е во живо, но секако користат и овие аудио и видео записи.Многу е битно да молитвите кои се во библијата не содржат ширк или зборови на многубоштво или нешто што го нарушува монетеизмот.
Поздрав
 
Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
еве да го дадам своето мислење: Јас сум Христијанин, длабоко верувам во Бог во мене, но читам, и тоа прилично доста читам за сите поголеми и позначајни религии. Едноставно ме интересира се она што упатува кон добрина, кон вистинскиот пат на луѓето...
Шо се однесува на лечењето по духовен пат... Мислам дека целта на „бисер“ била да покаже дека ако веќе одредена личност потпаднала под негативното влијание на маѓиите тогаш лекот е преку доховен пат, дали ќе биде егзорцизам(ако е полош случај), дали ќе биде читање, молитва, дали ќе практикува некои афирмации(некоја реченица да ја повторува повеќе пати во текот на целиот ден, не знам како точно се викаше воа..).. Значи дефинитивно духовното лечење е вистинскиот избор.
Никако не треба да се лажиме и да потклекнуваме пред разни бајачи, гатачи, астролози, и секакви окултисти кои демек не лечат , а всушност ни нанесуваат и нам зло и на себе... Нема човек шо отишол на бајач, а да не му рекле дека некој му направил магија.. значи така излегува дека во светот живеат само маѓепсници и маѓепсани... Едноставно строго го осудувам окултното и сите демонски работи, бајачи, гатачи... Некои од тие бајачи и гатача се свесни дека прават зло, но некои несвесно потпаднале под влијанието на негативната енергија (поостро кажано демонот). Значи многу е важно да не ни помислуваме за барање помош од бајачки. Инаку како би го одбегнале негативното влијание на маѓиите... Едноставно, свеж ум, позитивни мисли, светлина во нас, верување во себе (што подразбира и верба во Бог, Алах, Буда..)... ако живееме така ние ќе се изолираме од злите влијанија и никакви магии нема да допрат до нас!

Штета што многу луѓе не го сфаќаат ова на ваков начин, а немаат ниту прочитано ниту пак знаат нешто околу духовноста или бајачите отспротива и трчаат да бараат “помош“ кај оие од кои нема да добијат ништо позитивно-бајачите. :facepalm:
 
V

Vollstandig

А ти со самиот егзорцизам со читање библии крстови , прскање свети води и ти правиш магиии.
Само ти што твојата ја нарекуваш божја сила.
 
Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
А ти со самиот егзорцизам со читање библии крстови , прскање свети води и ти правиш магиии.
Само ти што твојата ја нарекуваш божја сила.
За егзорцизмот ајде да те сфатам, за прскањето со света вода исто, ама за читањето на библијата... o_O Библијата е само збирка од свети книги, ништо посебно, ништо поразнично од останатите книги збирки... Библијата како и Коранот значително посочуваат на помагање, на правење добро, а доста голем дел од библијата треба да се сфати метафорички. За коранот не зборам оти не ми се нашол до сега за читање, а за библијата можам слободно да ви кажам дека е преполна со метафори и симболи кои секако не треба да се сфаќаат буквално! А исто така и добар дел од библијата треба да го гледаме како историја. За метафоричното и симболиката во Библијата, ако ги разбереме правилно можеме многу да си помогнеме. На запад знам дека се одржуваат масовни собири на кои се анализира Библијата, веројатно ова го има и за Коранот. Анализирајќи ги метафорите ќе ја откриеме суштината на тоа дело пишувано векови и векови... :гик:
 
Баш ако е пишувано со векови и векови треба да се подзамислиш малце, зошто библијата во македонија, е различна со библијата во италија, и во америка и има толку многу верзии на истата различни обиачи? Земи ги за пример муслиманите и ваму и таму истите обичаи, освен некој минимални староседелски традиции што им останале. Али воглавно практиката им е иста.
Библијата е менувана кој како стигнал и сакал и имало потреба да ја мени, зато топло ти препорачувам да ја најдиш вистината на друго место него во едитирано издание од секој како што имал потреба.
 
Благодарам на топлата препорака, но јас ја наоѓам и вистината и суштината во Бог, а за црквата, за библијата може да спориме исто толку време колку што било потребно да се создадат и двете!
;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom