Атлетика, Рио 2016

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Има тука многу да се пишува, ќе нафрлам само побитни информации, датуми и фаворити за медали пошто има илјада спортови.

Атлетскиот турнир ќе започне на 11 Август и ќе трае до 21 Август.

Идеме по дисциплини, фаворити и најдобро пласирани од Лондон 2012 и Пекинг 2015.
100м мажи:
-Секако дека прв и главен фаворит е Јусеин Болт, светскиот и олимпискиот рекордер. 9.63 од Лондон за Олимписки рекорд.
Втор кандидат за злато секако е американецот Џастин Гетлин, бронзениот од Лондон и сребрен од светското првенство лани.
Ко фаворити од сенка ќе ги споменеме Жими Вико од Франција кој беше прв на собирот во дијамантската лига пред 2 недели, и секако јамајканецот Јохан Блејк сребрениот од Лондон 2012.
И нашиот Ристе Пандев ќе учествува во квалификациите за пласман во финалето.

200м мажи:
-И повторно Јусеин Болт против Џастин Гетлин најверојатно за последен пат на еден ваков собир.
Златниот од Лондон, златниот од Пекинг 2015та против Џастин Гетлин кој беше втор лани во Пекинг.
Јохан Блејк сребрениот од Лондон плус ЛаШон Мери од САД и Анасо Јободвана од ЈАР ќе се обидат да ги загрозат погоре споменатите Болт и Гетлин.

400м мажи:
-Тука го имаме Кирани Џејмс од Гренада златниот од Лондон против Вајд Ван Никерк од ЈАР златниот лани во Пекинг и ЛаШон Мери од САД.

800м мажи:
-Давид Рудиша од Кенија, светскиот рекордер и Олимписки шампион од Лондон против Ниџел Амос од Ботсвана кој беше сребрен во Лондон и Адам Кшот од Полска сребрен од Пекинг.
Обратете внимание на Амел Тука од БиХ, бронзен медал на собирот во Пекинг лани.

1500м мажи:
-Асбел Кипроп златен медал од Пекинг против Таофик Маклуфи од Алжир Олимписки шампион од Лондон 2012.

5000м мажи:
-Мо Фарах од Велика Британија, неприкосновен на првото место, светски и Олимписки шампион.

10.000м мажи:
-Повторно Мо Фарах, светски и Олимписки шампион.

110м со пречки мажи:
-Поради допинг скандалот и банот на Русија од ОИ нема да го видиме Александар Шубенков златниот од СП во Пекинг лани. Нема да настапи ни Олимпискиот шампион од Лондон, американецот Алиес Мерит.

100м жени:
-Која друга ако не Шели Ен Фрејзер Прајс, златна од Лондон 2012 и свестка шампионка од Пекинг 2015. Сериозна конкуренција ќе има од холанѓанката Дафне Шиперс која беше сребрена лани во Пекинг и ако не се лажам прва во Дијаманската лига сезонава.
Ќе ги нема легендарните Вероника Кембел Браун и Кармелита Џетер па како фаворитки од сенка ќе ги спомнеме Мјуриел Ахуре од БСК, Блесинг Окагбаре од Нигерија и Шона Милер од Бахамите.

200м жени:
-Ќе ја нема Алисон Феликс златната од Лондон, ќе ја нема ни Шели Ен Фрејзер Прајс па затоа ко прва фаворитка за злато истапува Дафне Шиперс од Холандија светска шампионка од Пекинг.
Конкуренција ќе има во Вероника Кембел Браун и Елејн Томпсон од Јамајка, плус Мјуриел Ахуре од БСК, Блесинг Окагбаре од Нигерија и Шона Милер од Бахамите.

400м жени:
-Еве ја Алисон Феликс светската шампионка од Пекинг ко прв фаворит против Кристина Охуругу од Велика Британија сребрена во Лондон и Шона Милер од Бахамите сребрена во Пекинг плус Наташа Хестингс од САД. Ќе ја нема Олипмиската шампионка од Лондон, американката Сања Ричардс-Рос.

800м жени:
-Кастер Семења од ЈАР беше прво место на Дијамантската лига, златната од Лондон Марија Савинова нема да настапи поради погоре споменатиот бан на Русија но тука е Марија Арзамасава од Белорусија која беше прво место на СП во Пекинг лани и Мелиса Бишоп од Канада сребрена во Пекинг.

1500м жени:
-Етиопија против Кенија, односно Гензебе Дибаба против Ненси Чепкемои и Фаитх Кипјегон.
Ко фаворитка од сенка ќе ја спомнеме Абеба Арегави од Шведска која се враќа од суспензија.

5000м жени:
-Под знак прашалник е Тирунеш Дибаба од Етиопија но затоа тука е нејзината сонародничка и златна од Пекинг Алмаз Ајана. Ја нема ни Олипмиската шампионка од Лондон Месерет Дефар.
За Кенија ќе трча Вивиен Шерио ко еден од фаворитите за медал покрај Ајана и најверојатно Тирунеш Дибаба.

10.000м жени:
-Е тука ја имаме Тирунеш Дибаба постарата од сестрите Дибаба. Олимписка шампионка од Лондон против Вивиен Шерио од Кенија која е светски првак од Пекинг.

100м со пречки жени:
-Тука имаме интересна ситуација, пред 2-3 недели на митингот од Дијамантската лига е поставен нов светски рекорд од страна на американката Кендра Харисон но девојката нема да настапи на Олимписките игри поради тоа што не успеа да се избори за пласман во квалификациите на САД.
Поима неам тука како стојат фаворитите поради тоа што ќе ја нема златната од Лондон Сали Персон и златната од Пекинг Дениел Вилијамс.

400м со пречки жени:
-Тука ќе ја спомнам само Зузана Хејнова од Чешка.

За другите дисциплини сега ме мрзи да пишувам, тоа у коментар после ако не ме мрзи ни тогаш.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.773
Поени од реакции
11.866
Иначе се пишува Атлетико на ОИ во Рио 2016.

Уше ли треба да те учам?
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.396
Поени од реакции
5.501
Дариа Клишина ќе настапува на ОИ во РИО без национално обележување, нашла дупка во правилникот на ОИ и бидејќи 3 години веќе живее во САД, може да настапи без национално обележување.

Ќе беа осиромашени ОИ за една ваква жена :D

 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.507
Зошто Русите не ги пуштаат? Не сум во тек. :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Штафети:
Тука само ќе ги спомнам составите на САД и Јамајка кои бијат битка за златен медал. Другите секако не се интересни нит познати.

4х100 мажи:

Јамајка:

Јусеин Болт
Никел Ашмеаде
Асафа Пауел
Јохан Блејк

Јевох Минзи
Кемар Бејли Кол


САД:
Џастин Гетлин
Тајсон Геј
Мајк Роџерс
Трејвор Бромел

Кристијан Колман
Марвин Брејси


4х100 жени:

Јамајка:

Шели Ен Фрејзер Прајс
Вероника Кембел Браун
Елејн Томпсон
Симон Фејси

Шашали Форбс
Кристанија Вилијамс


САД:
Тијана Бартолета
Тори Боуви
Инглиш Гарднер
Џена Прандини
Аријана Вашингтон
Моролејк Акиносун

Другиве дисциплини нека ги разглаба некој друг што прати повеќе пошто ја не пратам многу многу.
Само ќе си спомнам 2-3 мачиња што вреди да се гледаат.

Скок во далечина:
Ивана Шпановиќ



Дарија Клишина



Tроскок:
Патриција Мамона



Десетобој:
Катарина Џонсон Томпсон
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ај ќе ги пишам и другите дисциплини, ме копка некако да ги остаам така неспомнати.

Скок во далечина мажи:
-Грег Ратерфорд од Велика Британија златниот од Лондон и Пекинг и тука во Рио ќе биде прв фаворит за злато. Ќе недостасуваат австралијците Мичел Ват сребрениот од Лондон и Фабрис Лапиер сребрениот од Пекинг но затоа тука е победникот во Дијамантската лига пред 1-2 недели, кинезот Гао Чинглонг (кујзне као се чита правилно да му ебам све жуто у куќа)

Троскок мажи:
-Кристијан Тејлор од САД Олимпискиот и светски првак ќе се обиде да го одбрани златото во конкуренција на Вил Клеј од САД, Педро Пикардо од Куба и Нелсон Евора од Португалија.

Скок во височина мажи:
-Тука ќе гледаме битка помеѓу Богдан Бондаренко од Украина, светскиот шампион од Пекинг Дерек Друан од Канада и катарецот Мутаж Еса Баршим. Олимписки шампион во оваа дисциплина е русинот Иван Уков.

Скок со стап мажи:
-Олимпискиот шампион од Лондон Рено Лавилени од Франција ќе се обиде да го одбрани златото во конкуренција на светскиот шампион Шоунаси Барбер од Канада. Сериозен кандидат за медал ќе биде и германецот Рафаел Холздепе бронзен во Лондон и сребрен во Пекинг.
Во конкуренција за медал влагаат и пољаците Пјотр Лисек и Павел Војчековски.

Фрлање ѓуле мажи:
-Олимписки првак Томаш Мајевски од Полска, светски првак Џо Ковач од САД, Олимписки и светски вицепрвак Давид Шторл од Германија плус Рис Хова од САД и О`Дејн Ричардс од Јамајка, не очекува интересна борба за медали.

Фрлање диск мажи:
-Олимпискиот шампион од Лондон германецот Роберт Хартинг против светскиот шампион од Пекинг пољакот Пјотр Малаховски во борба за злато.

Фрлање кладиво мажи:
-Павел Фајдек од Полска светскиот шампион се истакнува како прв фаворит за злато овде во Рио, како главен конкурент ќе го има во Олимпискиот шампион Кристијан Парш од Унгарија и Војчех Новицки од Полска.
Ќе го нема Примож Козмус од Словенија.

Фрлање копје мажи:
-Можеби најпознатиот фрлач на копје Теро Питкамаки од Финска бронзениот од Пекинг сепак тешко дека ќе може да се бори за злато во конкуренција на светскиот шампион Јулиус Јего од Кенија и Кешорн Волкот од Тринидад и Тобаго кој е Олимписки шампион.

Скок во далечина жени:
-Една од најсекси дисциплина на ваквите натпреварувања пред се поради тоа што веќе нема да ја гледаме Јелена Исинбаева како се беси на стап.. ама ок да се вратиме на скокот во далечина.
Бритни Рис од САД Олимписка шампионка, Тијана Бартолета од САД светска шамионка, ексцентричната Шара Проктор од Велика Британија светска вицешампионка, сексиљавата Ивана Шпановиќ од Србија бронзена на СП во Пекинг и европска шампионка, преубавата Дарија Клишина.. дефинитивно една од поинтересните дисциплини која треба да го скрене вниманието, нема да зажалите, мелем за очи.

Троскок жени:
-Катерина Ибаргуен од Колумбија светска шампионка од Пекинг против Олимписката златна Олга Рипакова од Казахстан во борба за злато плус Олга Саладука од Украина никако не смее да се потцени. Моја фаворитка и лепотица Патриција Мамона.

Скок во височина жени:
-Тука ќе ги нема Олимписките и светските шампионки, русинките Ана Чичерова и Марија Кучина но затоа ќе ја има Бланка Влашиќ од Хрватска. Не гледам конкуренција за Бланка во оваа дициплина, можда шпанката Бејта Рут но прашање е што може таа со своите 37 години.

Скок со стап жени:
-Да се вратиме на Јелена Исинбаева и да си поплачеме малце, да пуштиме некоја снимка на јутуб да издркаме и тоа е тоа.
Искрено не ми се ни пишува многу многу ама ај ќе ја спомнам светската шампионка и прва фаворитка за злато Јарислеи Силва од Куба, Фабиен Мур од Бразил и Олимписката шампионка Џен Сур од САД би требало да и бидат конкуренција на Силва.

Фрлање ѓуле жени:
-Кристина Шваниц од Германија е златна од Пекинг, Валерија Адамс од Нов Зеланд е златна од Лондон, овие две плус Гонг Ли Жао од Кина ќе се борат за злато.

Фрлање диск жени:
-Тука ги имаме Олимписката шампионка од Лондон Сандра Перковиќ од Хрватска, светската шампионка од Пекинг Дениа Кабаљеро од Куба и германката која беше бронзена лани во Пекинг Надин Милер.

Фрлање кладиво жени:

-Анита Влодарчук од Полска.

Фрлање копје жени:
-Барбара Шпотакова од Чешка.

Нема што да додавам за последниве две дисциплини, мислам дека овие две дами (ако може воопшто да се нарече дама жена што фрла кладиво и копје ко да нема утре) немаат конкуреција тука.

-И за крај можеби најтешката и најисцрпната дисциплина во атлетиката секако е десетобојот кај мажите и седмобојот кај жените.

Десетобој мажи:
-Ештон Итон од САД е светски и Олимписки шампион, некаква конкуренција би требало да има во Дамјан Ворнер од Канада кој е светски вицешампион и Рико Фрајмут од Германија кој е бронзен во Пекинг. Сепак Итон останува како најсериозен кандидат за злато.

Седмобој жени:
-Џесика Енис Хил од Велика Британија е Олимписка шампионка и светска шампионка во оваа дисциплина. Тука истотака во борба за злато ќе се вклучи и Брајана Тајсен Итон од Канада, Катарина Џонсон Томпсон од Велика Британија која е европска шамионка во петобој и Надин Броерсен од Холандија.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
3.504
Поени од реакции
6.227
Оваа олимпијада одиме јако за Дафне Шиперс. :vozbud::vozbud::vozbud:

Проблемот со нејзе е што има многу спор старт ама послем како коњ станува, права атлета. 200м мислам нема конкуренција, може и на рекорд да иде ако го подобрила стартот. На 100м ќе биде интересно со Фрејзер Прајс, највозбудлив дуел може ќе биде тој.

Видете што финиш имаше коњов, да старуваше подобро ќе беше светски рекорд вака само трет најбрз резултат во светот.

Искрено ме радува што ќе има белкиња што им се спртиставува на нигериве во тркиве.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Брза е Шиперс ништо чудно да ја издува Шели и на 100ка. Оваа мравкава 3то место заврши на Дијамансткиот митинг сеа последно што се одржа пред 1-2 недели.
Ама куче е таа сигурно ќе даде се од себе да се пензионира со уште едно злато, затоа е и пријавена само на 100ка. :love:

Дафне на 200м сигурно победува, нема никаква конкуренција, таа Окагбаре ја форсираа ама ваљда ништо од неа, боље ќе и беше да рипаше у далечина и Ахуре е брза ама не е тоа.

Алисон Феликс не се дава, милион повреди позади себе и пак трча, до душа на поспорите дисциплини ама како идат годините така и ќе иде на подолги стази. На 400 мислам дека ќе победи. Една од посимпатичните спортистки ми е. :cuc:

И кај мажите ќе биде интересно, Болт влече повреда, Гетлин е брз а ништо чудно копилето да е допингуван :icon_lol: Картер е брз а исто и Вико, ништо чудно французинов да изненади и да освои медал, златен секако не. Тука Болт исто ко Шели мислам дека ќе даде се од себе за последно злато на ОИ. На 200м речиси му е обезбедено.

Криво ми е само за Кендра Харисон, 25 години стар рекорд го урна на Дијамантската лига а не обезбедила пласман на ОИ, сигурно ќе лапаше злато.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.260
Поени од реакции
17.941
Алисон ќе трча само на 400, на 200 не обезбеди учество и нема да го брани златото. 400 исто нема да и е лесно, Хестингс и Милер ќе гризаат страшно. Ама сепак мислам дека со две злата ќе си оди од Олимпијадава, не се дава така лесно:love::love:
Пољациве лабаво ќе си владеат во техничките дисциплини, друго што е сигурно е дека Перковиќ ќе земе злато, не и се ни малку блиску другиве годинава. Шиперс исто не верувам дека некој ќе ја сопре да си оди со две злата.
Кај штафетите, ќе биде забавно со Брег Слонова Коска (жени 4 х 100), според тоа што изгледав годинава имаат шанси да се борат за медал.
И многу ќе се смеам ако Лавилени пак се усере како на Европското минатиот месец и на Светското лани.

И кај лепотициве си заборавил да ја спомнеш Ивет Лалова бе, не зезај овака :) Па и таа Австралијката што трча 100 со пречки мислам, што танцува пред секоја трка, ја заборавив како се викаше :)

И седмобојот очекувам да биде преинтересен, е сега колку дисциплини ќе изгледаме од него е прашање.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кои 2 злата за Алисон? И 4х400 ќе трча? Не ги видов составите за таа штафета.
Мада ништо чудно да освојат и таму злато, брза е и Хестингс.
Не ги сакам америве ама оваа ми е најјака спомнав и погоре една од посимпатичните спортисти воопшто ми е.

А за Дафне на 200 метри и ја се согласувам дека нема конкуренција таму и сигурно зима злато а на 100ка сеуште не сум убеден, касно фаќа убрзање а за тоа време Шели веќе лета. Мора да победи и да си се пензионира златна, па од другата година Шиперс нека доминира. :D

Да бе бугарката ја забораив а исто и Ахуре од Обалата, таа е пресекси со тоа црвениот кармин уххх :drk: Не ја знам таа што танцува хахаха ако мислиме за истата ондак таа е Шара Проктор од Британија што скока во далечина, една забегана, таква отидена девојка. :D

Иначе Лавилени ама се посра лани цццц, сакам Холздепе да освои тука, кој го ебе ушлето француско.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.260
Поени од реакции
17.941
Немам видено составите, ама гарант ќе трча, со Хестингс заедно ќе треба чудо да направат другиве...плус и Ди Ди Тротер ако трча, тешко некој да им се доближи.
И скок во височина ќе беше многу позабавно ако не се повредеше Тамберини, му еам хипстерот, ама забава е целиот.

И еве ти ја лепотицата од Австралија шо ти ја кажувам, 100 со пречки дефинитивно трчала.
Мишел Јенеке


 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Нема да трча ДиДи Тротер, нема ни да учествува на Олимпијадава, мислам дека и се пензионираше.
А Алисон е у состав на 4х400 да, со Хестингс, МекКорори и Филис Френсис. Оваа последнава и на 400 ќе трча.

Е не ја знам оваа австралијкава, на 100 метри со пречки Тифани Портер баки мој
:D, и таа Хестингс е нова надеж, светска рекордерка а нема да трча тука у Рио.
 
На врв Bottom