H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Anonymous ги срушија сајтовите на грчката влада, банки и политички партии
Објавено на 13 фев 2012, 13:28 од Виктор Арсовски
Хакерите-активисти Anonymous срушија неколку сајтови на грчката влада, банки, полицијата и политичките партии во знак на дигитална поддршка на протестите кои избувавнаа во неделата.
Насилните протести, во кои беа запалени и 34 згради во Атина, се против непопуларниот закон кој беше одобрен од грчкиот парламент. Законот воведува построги мерки за штедење за да може да се соберат пари и да се намали националниот долг од 132 милијарди, и да и се даде основа на Грција да добие уште пари од Европската Унија за да не банкротира. Строгото штедење ќе значи повеќе опуштања и намалувања на пензиите и платите.
Аnonymous со својот синтетизиран глас во видеото подолу, вели дека ја таргетираат Грција бидејќи властите не сакаат да го послушаат народот и да ги следат нивните барања. Во истото видео хакерите-активисти им се заканија на сите други европски земји.
Хакерската група се почесто е во центарот на светското внимание благодарение на својот дигитален активизам, ако може така да се нарече срушувањето на разни сајтови, одХрватска до Сирија, и поради заканите кои ги упатуваат на сите други.
http://it.com.mk/anonymous-gi-srushija-sajtovite-na-grchkata-vlada-banki-i-politichki-partii/