аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
Надвор од контрола се пожарите на 13 од 17 запалени објекти во центарот на Атина. Горат продавници, кино, кафулиња, банки… Околу 2.000 маскирани лица, прават пустош низ Атина, кршат и палат, но и ги спречуваат противпожарните екипи да ситигнат до опожарените објекти. Гасењето на пожарите се одвива отежнато, бидејќи за секое противпожарно возило потребна и полициска заштита.

Маскираните групи, добро подготвени со молотови коктели најпрво удрија по полицијата на Синтагма, а потоа борбите се пренесоа низ централните улици, каде што во овие моменти, ситуацијата е вон контрола. Најмалку 50 лица се повредени од кои повеќето полицајци, во денешните немири кои започнаа попладнево, како мирни демонстрации против владините мерки. Полицијата на секој можен начин се обиде да го “исчисти“ делот пред парламентот, со прекумерна употреба на солзавец, што резултираше, и во овие моменти да е отежнато дишењето во центарот на Атина, а гас маските да се задолжителна опрема.
извор
што мислите вие за целокупнава ситуација со протестите ширум грција? мислат ли граѓаните дека нешто воопшто ке постигнат со кршење продавници палење коли и слични глупости? свесни ли се дека само на себе си нанесуваат уште поголема штета? - за едно им завидувам на грциве само. кога ке речат дека протестираат ислагаат масовно на протест а не ко нас дремеме сите дома и чекаме на вести да видиме шо се десило.