Атеизам vs Религија

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Ми се допаѓа што религија и „разговор со отец“ се поврза со психологија. И тоа е нешто... :)
Одиме кон атеизам.
Се ова е последица од внатрешен немир, како ќе го смириме секој нека си одлучи сам. Ако ти си достигнал ниво на немање анкциозност од смрт и атачмент со физичкото тело, си мотивиран и функционален во животот со елан секое сабајле да го освоиш денот, со животот како двигател а не стравот од смрт, повеќето не се.
Треба да се охрабрува човекот да освојува „нови нивоа“, без разилка атеист, теист, Зулу Танго или не знам што и да е човекот по некоја норматива, да го распачрува превезот што го одделува од божественото, од реалноста... а не само да се праќа да разговара со отци и психијатри. Или да се охрабрува само тоа да го прави, а реално ништо не постигнува, немирот е само потиснат не и избришан и заменет со обожување на животото и исполнување до максимум. Тоа е лесно - духовен отец, муабет и „смирение“.
Треба да се охрабрува поединецот во однос на смртта, денес барем секој кој сака може да се запознае со секакви концепти во однос на смртта и животот. Да се пронаоѓаат колеги-сопатници кои ќе помогнат по патот кој што сме избрале од некоја причина да се оди или да се тапка на него!

Старите религии се сеуште на сцена бидејќи споро оди охрабрувањето во однос на животот, во однос на смртта, во однос на бесконечното - бидејќи многу се оние кои штом ќе слушнат дека треба работа и време за себе си - се откажуваат и прибегнуваат кон барање „калауз“ за да се отвори насилно врата која бара постепено и одмерено отварање. Полесно е да се блада и да се избегнува одговорност за своето постоење отколку да се застане цврсто во центарот на крстот :)

Да се биде беден по дух сеуште е „јака страна на човекот“ ми велите и ви велат оние околу вас. Не, не е тоа силната страна на човекот.

Мора да се работи врз себе си и за себе си.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Ми се допаѓа што религија и „разговор со отец“ се поврза со психологија. И тоа е нешто... :)
Одиме кон атеизам.
И реинкарнација у моја книга е психолошка алатка, не е крај кога ќе умреш, утеха дека дел од тебе преживува. Карма ми е истиот механизам ко заповедите во аврамските и казна од бога, ако не си умен ти следува казна. Не значи дека сум во право, само така ми се чини. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
И реинкарнација у моја книга е психолошка алатка, не е крај кога ќе умреш, утеха дека дел од тебе преживува. Карма ми е истиот механизам ко заповедите во аврамските и казна од бога, ако не си умен ти следува казна. Не значи дека сум во право, само така ми се чини. :)
Ре-инкарнација или инкарнација?
Не знам од каде знаеш за карма и како ги поврзуваш со казна од боговите :) Не е воопшто така, тоа се лаички и многу површни разговори за карма јога дека е „казна“. Во универзумот не постои казна. Постои последица.
Тоа се идеи од старите религии кои ги има кај нас, за да се има потреба од „суден ден“ и „повторно доаѓање на спасител“ и нели, барање прошка од боговите бидејќи, грешен.

Вивекананда вели, парафразирам: не постои сила која ќе спречи ако си направил лошо тоа да не се врати назад кон она што го предизвикало, исто и ако си направил добро, не постои сила која ќе ги укине добрите плодови од тоа дејствување.

Покомплицирана е карма јога и полесно се објаснува преку физиката денес отколку старите религии.

Побарај за карма јога, не мора книги, некој есеј за тоа што е и што опфаќа и која е основата на карма јога и ќе ти биде појасно дека е многу далечно од еверјската езотериска мисла дадена во Петте книги на Моше :)

П.С. Ќе најдеш кабалистички есеи кои се многу блиску до источните учења, но тие не се дел од „трите големи религии“, барем не официјално.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Не знам од каде знаеш за карма и како ги поврзуваш со казна од боговите
Каде спомнав богови? Кај едните последицата е казна од некој бог, кај другите последицата е казна од суптилниот механизам на универзумот? Не мислиш дека суштински е тоа исто?

Побарај за карма јога, не мора книги, некој есеј за тоа што е и што опфаќа и која е основата на карма јога и ќе ти биде појасно дека е многу далечно од еверјската езотериска мисла дадена во Петте книги на Моше :)

П.С. Ќе најдеш кабалистички есеи кои се многу блиску до источните учења, но тие не се дел од „трите големи религии“, барем не официјално.
Ти благодарам за насоките, значи ти се доживуваш како некој што многу работел, осознавал, читал и сега си спремен да бидеш нечиј ментор, не само сопатник? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Зарем треба да спомнеш богови кога зборуваш за аврамските религии и „десетте божји заповеди“? Сигурно не се вонземјани. Во Мистерии подфорумот може и ќе најдеш некој да поврзува богови со вонземјани итн итн... атеизам пак...

Не е иста суштината. Затоа и реков, површно разгледано Е исто. Но суштински се различни.

Тоа што ти кажувам како би можел подобро да се запознаеш за ова што го зборуваш туку така, колку да си во муабет тебе ти дава идеја дека јас се доживувам како што ти напиша? :)
Само патокази, никаков ментор... тешко се наоѓаат колеги во овие работи по патеката... ментор, тоа е тешка карма :D Не сум за тоа.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Хепта те "испратив" се што напиша последниве страници и дојдов до следниов заклучок-Да си купам подлога за јога како за почеток...пошто љубител сум на вистината а ја барам изгледа по погрешни патишта...:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Хепта те "испратив" се што напиша последниве страници и дојдов до следниов заклучок-Да си купам подлога за јога како за почеток...пошто љубител сум на вистината а ја барам изгледа по погрешни патишта...:coffee:
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон

Иако не треба да купуваш било што, го имаш сигурно дома. Само форум читање не е добро, посебно човек чии мисли тука не ти се допаѓаат и умот ти носи погрешни судови за да ти ок на душата/внатрешниот свет, ќе потрошиш пари туку така... Не ти треба тоа.

До боговите не мора ниту јога чергиче ниту од оние тесни јога панталони...

На која вистина си љубител? Од религиите кои ни се блиски на Балканот или нешто друго ти е вистината, пофилософски или атеистичка вистина ?
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651

...желбата да се воздигнеме над другиот,да бидеме задоволни со себе кога гледаме на другите?
...интересно е додека е интересно,или додека не го осетиш "вкусот" на сопствените зборови?
...би те замолил да ми одговориш на прашањата
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
...желбата да се воздигнеме над другиот,да бидеме задоволни со себе кога гледаме на другите?
...интересно е додека е интересно,или додека не го осетиш "вкусот" на сопствените зборови?
...би те замолил да ми одговориш на прашањата
Би те замолил да ги прецизираш прашањата, бидејќи вакви какви што се, не знам што да одговорам во врска со темава, ниту знам за што се однесуваат истите... :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...излегоа како гласно размислување кога ги читам твоите коментари
...ништо лично,но имам впечаток дека уживаш да ја "вагаш" својата душа кога коментираш туѓи постови
...разбери ги како сакаш,и одговори ги како милуваш
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
...излегоа како гласно размислување кога ги читам твоите коментари
...ништо лично,но имам впечаток дека уживаш да ја "вагаш" својата душа кога коментираш туѓи постови
...разбери ги како сакаш,и одговори ги како милуваш
Не можам да одговорам, не ти ги разбирам прашањата.
Јас уживам да ги вадам на површина работите за кои луѓето зборуваат толку лековерно и лесно кога се работи за вакви теми, религија, духовност... сите мислат дека тука се безбедни, нема потреба од искуство, нема потреба од знаење, од истражување, само романтизам и „љубоФ“ ќе расправаме и поети...
Не може.

Така се крие реалноста за учењата и религиите, нивната историја, нивното мешање со други учења итн итн...

А во сржта на сите размисли тука се кријат несвесни мисли кои се всадени во умовите на луѓето и зборуваат за нештата без да забележат дека всушност зборуваат и ја шират догмата на старите религии. а велат упорно дека не се дел од сето тоа, дека им е надмината таа работа. Да се свесни за тоа и да зборуваат за тоа јасно и со разбирање, немам проблем. Воопшто.

Секој може да верува, да не верува, да се моли, да призива, да прави ритуали, да не прави, да оди по манастири и цркви, да оди во Индија по ашрами или во Израел по синагоги - тоа е сето во ред. Значи некој го турка својот пат кон усовршување на Земјата.
И тоа бара посветеност, работа, искушенија итн итн... дали ви се познати вам тие работи или... потешко?

Ме иритира површното и апсолутно непознавање на религиите и разните учења (а се е достапно за истражување, само треба волја), како да се нешто небитно, надвор од постоењето на човекот. Тоа се обидувам да ви покажам - и да го извадам на светло она за кое вие зборувате колку да се зборува, како вие „чувстувате“ :)
А и неколкумина тука на подфорумот, целта им е да се потсмеваат и да коментираат сешто, претежно поврзано со виртуелниот лик со кој не се сложуваат или сметаат дека „се става над нив“ бидејќи тие така пресудиле. Видено веќе... што да ги правиш, мора и тоа да има...

Инаку немам цел „мерењето фалуси“ и каква е таа потреба да се биде над другиот? Зошто ви смета некој што на пример би знаел повеќе и прочитал и се запознал со нештата подобро од вас бидејќи тоа му било волја?
И како може да бидеш ти или јас над другиот, ако не сме самите над себе си во овие матни води на религиите и догмите? Хм? Како?

Ако некој што има познавања на нештата подобро од мене, тоа е одлично за да јас научам и разгледам нови перспективи за нештата, а не да го сметам тоа како „овој е над мене“, или претходно што прочитав „ментор ќе сум бил, дали така сум се гледал“... Како доаѓате до овие идеи? Толку плитко и површно ги разбирате овие работи и мислите дека тоа е целта?

Не знам какви ви се овие идеи постојано што ги протнувате низ муабетите... ама добро, секој суди според самиот себе и своето искуство и разбирање.
Надмини.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Не можам да одговорам, не ти ги разбирам прашањата.
Јас уживам да ги вадам на површина работите за кои луѓето зборуваат толку лековерно и лесно кога се работи за вакви теми, религија, духовност... сите мислат дека тука се безбедни, нема потреба од искуство, нема потреба од знаење, од истражување, само романтизам и „љубоФ“ ќе расправаме и поети...
Не може.

Така се крие реалноста за учењата и религиите, нивната историја, нивното мешање со други учења итн итн...

А во сржта на сите размисли тука се кријат несвесни мисли кои се всадени во умовите на луѓето и зборуваат за нештата без да забележат дека всушност зборуваат и ја шират догмата на старите религии. а велат упорно дека не се дел од сето тоа, дека им е надмината таа работа. Да се свесни за тоа и да зборуваат за тоа јасно и со разбирање, немам проблем. Воопшто.

Секој може да верува, да не верува, да се моли, да призива, да прави ритуали, да не прави, да оди по манастири и цркви, да оди во Индија по ашрами или во Израел по синагоги - тоа е сето во ред. Значи некој го турка својот пат кон усовршување на Земјата.
И тоа бара посветеност, работа, искушенија итн итн... дали ви се познати вам тие работи или... потешко?

Ме иритира површното и апсолутно непознавање на религиите и разните учења (а се е достапно за истражување, само треба волја), како да се нешто небитно, надвор од постоењето на човекот. Тоа се обидувам да ви покажам - и да го извадам на светло она за кое вие зборувате колку да се зборува, како вие „чувстувате“ :)

Инаку немам цел „мерењето фалуси“ и каква е таа потреба да се биде над другиот? Зошто ви смета некој што на пример би знаел повеќе и прочитал и се запознал со нештата подобро од вас бидејќи тоа му било волја?
И како може да бидеш ти или јас над другиот, ако не сме самите над себе си во овие матни води на религиите и догмите? Хм? Како?

Ако некој што има познавања на нештата подобро од мене, тоа е одлично за да јас научам и разгледам нови перспективи за нештата, а не да го сметам тоа како „овој е над мене“, или претходно што прочитав „ментор ќе сум бил, дали така сум се гледал“... Како доаѓате до овие идеи? Толку плитко и површно ги разбирате овие работи и мислите дека тоа е целта?

Не знам какви ви се овие идеи постојано што ги протнувате низ муабетите... ама добро, секој суди според самиот себе и своето искуство и разбирање.
Надмини.
...свеста е "судија" за тоа колку добро ја познаваш својата душа и мистериите што ги носи со себе истата?
...значи достоен за почит е само оној кој прочитал илјадници книги,и прошол илјадници километри на патот до себесознанието?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
...свеста е "судија" за тоа колку добро ја познаваш својата душа и мистериите што ги носи со себе истата?
...значи достоен за почит е само оној кој прочитал илјадници книги,и прошол илјадници километри на патот до себесознанието?
Реков јас - поети :)
Како ќе ги кажеш ти и зошто (побитно е ова) мистериите на твојата душа? И како ќе ги поврзеш со религиите? И со атеизмот?

Ајде зборувај ми за религиите од дамнина и сега што постојат, за свеста и твојата душа, повели слободно. Дали ќе стигнеме до моментот од религија и верување да заглавиме во атеизам бидејќи доаѓаш до моментот кога - нема во што да веруваш!
Како што зборуваат некои Исус не е христијанин... ако се разбираме... :)

Пак користиш зборови како „достоен“, идејата да се докажува човек... за да го прифатат дргуи како достоен, како авторитет. Да биде над другите... сега пак некој што чита книги и тоа е проблем. Не треба да чита...
Пак ќе кажам - исфрли го тоа од умот.

Тука сме да расправаме за религиите, за да можете да го правите тоа треба да читате книги и да имате искуство ако сте дел од истите или да се заморувате со коментари и разни толкувања од разни автори за да се одгатне суштината на самите учења во тие религии, од каде, кога, зошто и како... а не да пишуваме поезија за твојата душа или мојата (и дали има душа, каква е?)... само будала би расправал за својот внатрешен свет јавно и пред туѓинци...

Вие се плашите да читате книги напишани од некој, да го сметате авторот за авторитет заради неговите погледи на нештата (зборувам за автори кои пишуваат книги и дискутираат за религиите, не за мене - да не бидам погрешно разбран) :D

Има други подфоруми за поезија и слично, таму можете за мистериите на вашите души да пишувате колку сакате... слободно, може ќе ми се допадне нешто ако налетам на истото :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom