Телепортација: експресно патување низ просторот
Штом ќе се спомне поимот телепортација, веднаш ќе си помислите на „Ѕвездени патеки“ (Star Trek). Сега сте тука, а сакате да одите таму. Само со притискање на едно копче, за неколку секунди ќе стигнете на предодреденото место.
Благодарение на сè повеќе лабораториски експерименти, расте бројот и на оние кои веруваат во „beam me up“ технологијата, но исто така има и голем број на луѓе кои не веруваат дека вакво нешто може да стане реалност.
Вака изгледа телепортацијата во „Ѕвездени патеки“
:bravo: :pos2: :nenene:
:lud: Во последниве неколку години, истражувачите успеаја да телепортираат зраци од светлина низ лабораториска просторија. Исто така, квантна состојба на заробен јон на калциум е телепортиранa до друг јон на калциум, на контролиран начин. Овие, како и неколку други експерименти, придонесуваат во научната јавност сè повеќе и повеќе да се говори и пишува за телепортацијата. Во најголем дел, ова е сè уште една егзотична реалност, која спојува многу научни принципи. Сите тие ќе треба во иднина да бидат доволно истражени, за да може да зборуваме за реална телепортација на човек од едно до друго место.
Па, можеби е така... а можеби и не.
Според Дејвид Дарлинг (David Darling), „на еден или на друг начин телепоратацијата ќе игра важна улога во иднината на човештвото. Таа ќе биде фундаментален процес во срцето на квантните компјутери, кои и самите радикално ќе го променат светот“.
Една форма на, да речеме, класична телепортација на неживи објекти, многу веројатно е да стане реалност. Но, дали луѓето ќе можат да го направат тој чекор, останува да се види. Телепортацијата на човек би барала машина која ќе може да изолира, процени и да следи преку трилиони трилиони атоми кои се содржат во човековото тело. Потоа, тие податоци ќе треба да бидат пратени до друга машина, каде повторно ќе треба да бидат составени, надевајќи се дека при тоа нема да настанат проблеми во физичката и менталната состојба на индивидуата.
Сепак, една работа е сигурна: доколку тој невозможен чекор излезе дека е само мерливо тежок, тогаш ќе остане само проблемот околу отстранување на технолошките предизвици, па еден ден сето тоа да стане реалност. Најверојатно џокерот за едно вакво достигнување е квантниот компјутер - фактор кој ќе ги промени правилата на тоа што е, а што не е возможно.
Пред околу една година, научниците во Хјулет Пакард (Hewlett Packard) објавија нова стратегија за креирање на квантен компјутер, со користење на прекинувачи од светлински зраци, наместо денешните транзисторски направи. Тоа што треба да се постигне е хардвер кој ќе може да прави милијарда пати повеќе калкулации од било кој компјутер што денес го познаваме. Со развивањето на овие компјутери, нема да биде далеку денот кога ќе стане рутински да се телепортираат одделни атоми и молекули. Тоа ќе води кон телепортација на макромолекули и микроби... и, најверојатно, следен чекор ќе биде човечка телепортација.
Дел од опремата која денес се користи во лабораториите за да се изведе телепортација на субатомско ниво?!?!?!
Најверојатно ќе се запрашате што може телепортацијата да направи за идните вселенски истражувачи, како што се ликовите од „Ѕвездени патеки“?
Класично кажано, телепортација е да се стигне од точката А до точката Б, без притоа да се помине преку точките кои ги поврзуваат локациите А и Б. Со други зборови, нешто се дематеријализира на едно место, и потоа едноставно се рематеријализира на друго место.
Може да се каже дека првите знаци на телепортација во вселенски рамки ги гледаме и денес. На пример, Спирит и Опортјунити стигнаа до Марс на конвенционален начин. Но, нивната мисија и акции се контролирани со команди од Земјата. Значи, со праќање на инструкции ние ефективно ја надополнуваме конфигурацијата на роверите. Исто така, очите на камерите, и другата опрема што е вградена во роверите, ни служат како замена за нашите сетила. Па, може да се каже дека ефектот е како ние лично да сме се телепортирале на површината на Марс.
Во иднина може да биде возможно да се склопи едно цело вселенско летало на лице место, користејќи материјали од околината. Ова ќе биде само еден понапреден чекор кон вистинската телепортација. За да се земе оваа идеја како една крајна цел, тогаш мораме да ја земеме предвид нанотехнологијата. Кога нанотехнологијата доволно ќе се развие, еден автоматски тим за составување ќе може да биде испратен на дадена локација, каде ќе го изгради новото летало, започнувајќи од молекуларно ниво, па натаму.
Доколку телепортацијата биде воспоставена при вселенските мисии, тоа ќе значи праќање на цел состав од честички до некој одреден свет, при тоа користејќи го она што Ајнштајн го нарекол „страшна акција на дистанца“, за да може овие честички да се соберат во истата состојба во која биле во моментот кога биле пратени од Земјата. На овој начин ќе биде возможно да се праќаат роботи, или пак цели човечки екипажи, на интерпланетарни мисии, или дури и на меѓуѕвездени растојанија. Доколку биде возможно да се телепортираат луѓе, тогаш многу лесно ќе може да патуваме до Месечината или до било кој дел од Сончевиот систем, со брзина како што денес многу лесно праќаме информации преку Интернет.
Ако навистина станеме цивилизација која ќе може да врши телепортација, што се случува со другите цивилизации кои се наоѓаат некаде во Вселената? Можеби тие уште сега ја имаат усовршено техниката на транспорт преку телепортација? Можеби наводните вонземјани или НЛО објекти кои се забележани на Земјата пропатувале низ просторот токму преку телепортација? Според некои извештаи, некои НЛО-а се појавуваат и исчезнуваат многу брзо, што секако оди во согласност со основната идеа за телепортација.
Но, секако, за да успее сето ова на така големи растојанија, потребно е претходно да се направи едно субсветлинско патување, за да се постави телепортациски приемник на локацијата каде што ќе биде пратен телепортираниот објект. Квантна телепортација на субатомско ниво и денес може да се изведе во лабораториите. Оваа процедура бара да има техничка опрема и на двата краја, за целиот процес да може да функционира.
Па, може ли да очекуваме дека во иднина некој како капетан Арчер ќе каже „Трип, телепортирај ме на Ентерпрајз“?!