Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
eve edna fotka od sonceto sto mnogu mi se bendisa
samo sporedba kolkavo e sonceto a kolkava e zemjata
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Зодијачка светлина - еден ретко видлив природен феномен

Многу малку луѓе знаат за овој природен феномен, а уште помалку го имаат и забележено. Причината за тоа е што тој многу ретко се појавува на ноќното небо.
Доколку го набљудувате небото од некоја темна локација, тоа е полно со многу интересни и понекогаш невообичаени случки: отсјајот од соларните панели на сателитите кој се појавува, бавно се движи по небото, а потоа полека исчезнува; блесокот, а понекогаш и звучното ехо, предизвикан од некој метеор кој паѓа над нас; српот од комбинирана светлина од далечните сонца во нашата галаксија, кои се гледаат во Млечниот Пат. Сето тоа е само еден дел од прекрасните нешта што можете да ги видите на небото надвор од некое населено место.
Во одредени периоди од годината, неколку часа по зајдисонце или пред изгрејсонце, се појавува тенка триаголна форма над хоризонтот, што ќе ве натера да помислите дека Месечината или Сонцето ќе изгреат. Оваа појава уште од дамнешни времиња се нарекува лажна мугра... Но, всушност, се работи за нешто сосема друго.

Фотографијата е направена од астрономите аматери Тони и Дафне Халас, на локација во Орегон, САД. Користен е дигитален фотоапарат Canon 20D, и објектив 16-35mm f/2,8. (Кликнете на фотографијата за поголема резолуција; 69 kB)
Помеѓу Сонцето и нешто пред орбитата на Земјата се наоѓа голем облак од меѓупланетарен гас и прашина, кој претставува остаток од креирањето на Сончевиот систем. Овој меѓуѕвезден облак е многу тенок - растојанието помеѓу честичките во облакот може да изнесува и 8 km. Но, иако е толку тенок, тој многу убаво може да се забележи кога сончевата светлина се одбива од секој негов дел, а набљудувачот стои под исклучително темно небо во вистинскиот период од годината.
Бидејќи прашината што го создава овој феномен се наоѓа на истата рамнина како и планетите, таа се проектира на небото во истите соѕвездија по кои минуваат и планетите, па затоа се нарекува зодијачка светлина.
За нас, што се наоѓаме на северната хемисфера, најдоброто време за да се види овој феномен е неколку часа по зајдисонце на запад, помеѓу февруари и март, или неколку часа пред изгрејсонце во октомври, на исток. За јужната хемисфера најдобар поглед се пружа при зајдисонце на запад, од август до септември, или на исток рано наутро во април.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073



Еве неколку слики од Аурора
иначе аурорите се снопови од светлина кои се јавуваат на половите од земјината топка
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Еден Big Bang, или повеќе?

Ова е дел од текст го адаптирав од еден текст од Guardian а првично излезе во Science на 05 Мај.

Универзумот е најмалку 986 милијарди години постар отколку што досега се веруваше според една нова радикална теорија. Оваа револуционерна студија сугерира дека времето не почнало со познатата голема експлозија пред 14 милијарди години. Оваа мамутска експлозија која ја создала целата материја што можеме да ја видиме околу нас била само последната од многуте експлозии. Дури оваа нова теорија кажува дека овие експлозии се повторуваат циклично.

Според оваа нова теорија според Paul Steinhardt од Princeton University во New Jersey, универзумот е најмалку трилион години стар и со многу гоеми експлозии пред последната. Проф. Турок од истиот универзитет пак изјавува дека верува дека универзумот е далеку многу постар и од трилион години дури изјавува дека според него немора да постои почеток на времето. Според него универзумот може да е неограничено стар и неограничено голем.

Денес повеќето космолози веруваат дека универзумот ќе продолжи да се шири се додека и последната ѕвезда не се угасне по што би останале само ладни мртви остатоци. Но постои и еден голем проблем со оваа слика. Космолошката константа - мистериозната сила за прв пат постулирана од Алберт Ајнштајн која изгледа дека ги тера галаксиите да се оддалечуваат е многу мала за да се вклопи во оваа теорија. Самиот Ајнштајн подоцна овој постулат го нарекуваше како најголема своја грешка.

Космолошката константа е математичка репрезентација на енергијата на празниот простор, исто така позната како „темна енергија“, која делува со определена анти-гравитациска сила со која ги турка галаксиите една од друга со забрзувачко темпо.

Таа излегува дека е за 1 googol (1 следено од 100 нули) пати помала отколку што би се очекувало доколку универзумот е создаден со еден Big Bang. Но нејзината вредност може да се објасни доколку староста на универзумот е многу, многу поголема отколку што досега се веруваше.

Постојат механизми кои ќе дозволат постојано намалување на оваа константа со текот на времето. Но овие процеси се толку бавни што целата материја од универзумот би исчезнала за толкав временски период.

Теоријата на Turok и Steinhardt е уште само една алтернатива на друго објаснување таканаречено „антропичен принцип“ според кое константата е различна во различни делови на универзумот но ние сме во појас кој е погоден за живот.

Сепак овој принцип не е баш омилен во науката и како што Alexander Vilenkin професор по теоретска физика од Tufts University во Мassachusetts изјавува овој принцип наместо да дава прецизни предвидувања дава појас на вредности кои се многу тешки за пресметување. Тој вели дека најверојатно никогаш нема да го разбереме принципот на универзумот и тоа треба да го вклопиме во нашиот начин на живеење.

Според оваа најнова теорија до следната голема експлозија не делат барем 10 милијарди години.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Јупитеровата голема црвена точка доби близнак

Земјата најверојатно не е единствената планета која се соочува со климатски промени. Огромно „невреме“ се појави на Јупитер, кое е налик на помала верзија од познатата Голема Црвена Точка, и може да има големо влијание на атмосферата на гасовитиот џин.

Бидејќи Јупитер нема цврста подлога, неговите „невремиња“ (луњи-ветришта-торнада) можат да бидат со многу долг век на траење. Големата црвена точка перзистира најмалку 300 години како постојано невреме а е со доволна големина да проголта три Земји.

Новото невреме наречено "Red Spot Junior," полека еволуира барем од 1915 кога за прв пат астономите забележаа мали бели овали на површината на Јупитер. Третиот овал се појави 1939 година кога и се случи спојување на трите овали во еден, кој подоцна стана кафеав. Последнава година на изненадување, тој стана црвен, најверојатно бидејќи вовлекува материјал од поголеми длабочини од планетата.

Аматерските астрономи веќе неколку недели ја набљудуваат оваа нова точка а во Четвртокот NASA обајви и фотографии од Voyager 1 и 2 снимени пред 25 години.

Сторијата е адаптирана од текст на Los Angeles Times http://www.latimes.com/news/science/la-sci-redspot5may05,1,5033820.story?ctrack=1&cset=true
 
Член од
4 мај 2006
Мислења
19
Поени од реакции
0
Nova planeta

abe slusnav deka sega otkrile nova plaveta ama ne znam kolku e sigurno:lud::lud::lud:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Да точно е пронајдоја 10 планета во нашиот сончев систем
не е баш толку блиску и е помала од плутон и сеуште не е официјално прогласена за планета а името и е sedna или ub-313
Иначе нашата месечина има поголем дијаметар од неа






Ooooooh, really shiny!

European and US astronomers have taken the first photograph of a planet outside our solar system. The object (the red thing in the photo) is associated with a brown dwarf about 220 light years from the Earth.







 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
еве уште една слика од новата планета и нејзината орбита


 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Бактерии на Марс?

Една нова студија (од пред еден месец) на неколку метеорити кои потекнуваат од Марс откри постоење на серија микроскопски канали кои по големина и облик се слични со трагите кои некои бактерии ги оставаат во Земјините камења.

Сепак и покрај обидите, истражувачите не беа успешни во екстракција на ДНК од камењата од Марс.

Ове резултати беа објавени во најновиот број на магазинот Astrobiology.

Сепак откривањето на овие микро тунели не значи и дека имало живот на Марс ниту пак неоткривањето на ДНК значи дек аго немало.

Буквално сите овакви канали од камењата од Земјата се од потекло од бактерии. Но исто така во секој обид било и успешно да се екстрахира и ДНК.

Има две објаснувања: дека вакви канали на Земјата има и со абиотично потекло но сеуште не сме ги откриле или дека каналите во камењата од Марс се од биолошко потекло но дека условите на Марс не овозможиле презервација на ДНК.

Досега на Земјата има паднато околу 30 метеорити кои потекнуваат од Марс. Се познаваат по специфичната хемиска структура и уникатен хемиски состав на некои гасови заробени во внатрешноста на камењата. Еден од нив познатиот „Nakhla“, кој паднал во Египет во 1911, овозможил главен материјал за оваа студија. Овој метеорит тежел околу 10 килограми и е со проценета старост од 1.3 милијарди години. Според некои испитувања истиот бил изложен на вода пред околу 600 милиони години. Доколку и бактериите изумреле пред 600 милиони години како и исчезнувањето на водата на Марс би можело да се објасни зошто неможе да се најде ДНК материјал. Сепак ова се органски компоненти кои по толку време се распаѓаат.

Вакви бактериски тунели се најдени и во камења од Земјата кои потекнуваат од океанско дно, од пустината Сахара, од Хималаите како и во една студија од камења од извадени од 1200метри под површината во Хаваи.

Според истаржувачите од Универзитетот во Орегон камењата од Марс се скоро идентични со некои од вулканско потекло пронајдени во Канада

За повеќе информации на страната на Универзитетот од Орегон.

http://oregonstate.edu/
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Vo edna vselena ima 10 billioni zvezdi.Da ima 100 planeti koj e mozen zivot a ima i isto tolku galaksii pa sea presmetajte kolku planetti moze da ima kako nasata.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ja imam citano vo edna kniga za planeti nesto bese, i pisese deka ako na primer zemime deka zemjata e golema kolku edna mala tocka od moliv togas sonceto treba da se naoga duri vo ljubljana...a i deka precnikot na sonceto postepeno ke se zgolemuval i sonceto ke stanuvalo crveno...sea neznam kolku e vistina ova...
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
StevoMC напиша:
Vo edna vselena ima 10 billioni zvezdi.Da ima 100 planeti koj e mozen zivot a ima i isto tolku galaksii pa sea presmetajte kolku planetti moze da ima kako nasata.
Галаксија другар, галаксија, не вселена..
 
Член од
27 мај 2006
Мислења
74
Поени од реакции
1
tina89 напиша:
ja imam citano vo edna kniga za planeti nesto bese, i pisese deka ako na primer zemime deka zemjata e golema kolku edna mala tocka od moliv togas sonceto treba da se naoga duri vo ljubljana...a i deka precnikot na sonceto postepeno ke se zgolemuval i sonceto ke stanuvalo crveno...sea neznam kolku e vistina ova...
EPA DOBRO PISUVALO U TOA KNIGATA so si ja citala!!!!!!!
(za sonceto):blabla:
site znaeme deka sonceto e tipicna zolta zvezda,so prosecna golemina i temperatura(odlikite na 1 zvezda bojata,sjajot,povrsinskata temperatura itd... zavisat od nejzinata masa).E sega, zvezdite so sredna golemina ,kako nasevo sonce,go privrsuvaat zivotniot vek prerasnuvajki vo crveni ginovi otfrluvaat nadvoresni sloevi gasovi koi bleskaat nekolku iljadi godini kako planetarna maglina!zivotniot vek na 1 zvezda se deli vo nekolku fazi na razvoj,naseto sonce e vo glavnata niza,kade sto site zvezdi go pominuvaat pogolemiot del od svojot vek,posto seuste ima dovolno zalihi na vodorod toa ramnomerno sveti i zraci toplina(za razlika od pomalite/srednite zvezdi,onie golemite pobrzo go trosat vodorod,pa zatoa vekot im e pokratok)!


Otkako ke gi potrosi zalihite na vodorod,zvezdata pocnuva da se siri.Vo jadroto heliumot po pat na fuzija(najverojatno)se pretvora vo jaglerod.
nadvoresnite sloevi se sirat i zracat crven sjaj!-crveno guge-tem=2800


pretvorena vo crven supergin prosirenata zvezda(vo slucajov sonceto) bukvalno bi ga progoltala okolnite planeti(vklucuvajki ja i nasava).
Nejzinoto jadro jaglerodot so fuzija go pretvara vo zelezo,a samata zvezda prekinuva da proizveduva energija ,kolabira,rusejki se pod sopstvenata tezina!!!!!!!!!!!!

POSLE TOA IDE SUPERNOVA....itd.itd... veke me faka mrzAAAAA,zatoa i volku povrsno objasniv:nesvest:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Зошто ако е олку големо сонцето изгледа толку мало гледано од нашава планета?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom