Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Замрзната вода на Марс!!!!!!!!!

На оваа фотографија, направена од леталото Марс Експрес, сликана е замрзната вода, која го исполнува дното на еден кратер на Марс. Кратерот, кој инаку нема име, се наоѓа во регионот Vastitas Borealis, во близина на северниот пол на Марс. Vastitas Borealis е една голема рамнина, која покрива поголем дел од најсеверните ареографски широчини.
Замрзната вода на дното на еден кратер на Марс.​
Кратерот има дијаметар од 35 километри, а неговата максимална длабочина е проценета на 2 km. Неговите точни координати се 70,5° северна ареографска широчина и 103° источна ареографска должина. Освен на дното, каде е депониран најголемиот дел од мразот, остатоци на замрзната вода може да се видат и на внатрешната страна од рабовите на кратерот.
Разликата помеѓу дното на кратерот и површината на замрзнатиот слој е околу 200 метри, но целата дебелина не се препишува само на замрзнатата вода. Најверојатно, веднаш под замрзнатиот слој се наоѓа дина, или некој друг вид на издигнување на површината.
Научниците тврдат дека не може да се работи за замрзнат јаглерод диоксид, затоа што во овој период од годината на Марс (лето на северната хемисфера), целиот замрзнат јаглерод диоксид од северната поларна капа се губи.
Овој депозит на замрзната вода, најверојатно, се задржува во текот на целата година, бидејќи температурите и притисокот во тој регион на планетата никогаш не се искачуваат доволно високо за да дозволат негово испарување.
Фотографијата е изработена од стерео камерата со широка резолуција (HRSC - High Resolution Stereo Camera), за време на 1343-та орбита на леталото. Резолуцијата на самата фотографија е околу 15 метри на пиксел.
 
S

Sagan

Гостин
НАСА вежба тактики за патување на Марс.

Нашата соседна планета Марс отсекогаш го привлекувала вниманието на научниците кои, пак, се повеќе веруваат во тоа дека за нешто повеќе од 20 години, луѓето би можеле да живеат и работат на црвената планета.
Пустинската истражувачка база Марс (Mars Desert Research Station) е една од неколкуте локации на кои Американската агенција за истражување на Вселената ги подготвува своите идни мисии кон црвената планета. Многу од научниците на НАСА тука престојуваат по неколку недели и се обидуват да симулираат како би изгледало пристигнувањето и престојот на оваа планета.

Дел од астронаутите кои работат во Пустинската истражувачка база Марс​

Патувањето до Марс (и назад) би траело неколку години и екипажот на една таква вселенска мисија мора да биде подготвен, како физички, така и психички. Кога се наоѓате на едно такво епско вселенско патување, не можете да си дозволите својата нервоза или фрустрации да ги решите со една прошетка на чист воздух. Сј останува внатре во леталото, заедно со сите останатите членови на екипажот.
Како дел од физичкиот тренинг, тимот оди на замислената површина на Марс за да собира примероци од почвата, кои подоцна ќе ги анализираат. При тоа, целата екипа работи под истите услови кои се очекува астронаутите да ги имаат и на Марс. Облечени се во вселенски одела, носат заштитни ракавици и се користат специјални теренски возила со кои се вежба управување во тешки услови.
Дневната рутина на соживот во мал простор, плус вршење на истражувачка работа во тешки скафандери, не е ни малку лесна. Многу често се создаваат услови за гнев и фрустрираност кај екипажот. Но, сепак тоа е многу важно за идното увежбување на астронаутите, кои ќе мораат да се справат со сите тие нешта при долготрајниот пат кон Марс.
Една ваква експедиција, каде се симулира мисија на Марс во природни услови на Земјата, е многу подобра од било каква компјутерска симулација или цртање на хартија.
 
S

Sagan

Гостин
Човек на Сонцето

Сите сме слушнале за „Човекот на Месечината”, но дали сте знаеле дека има и „Човек на Сонцето”? Барем го имаше пред неколку месеци... еве, погледнете и сами!
Оваа фотографија ја направил астрономот Џек Њутон (Jack Newton), на 24 јули минатата година. На неа е сликана сончева протуберанција, која неодоливо потсетува на силуета на човек кој се движи по површината на Сонцето.
Протуберанциите се нормална појава на кај нашето Сонце. Тие всушност претставуваат ерупции на густ материјал, кои се заробени во магнетното поле на Сонцето. Може да се појават за само неколку часа и да се издигнат до неколку стотици илјади километри над Сончевата површина. Повеќето од протуберанциите исчезнуваат за неколку дена.
 
S

Sagan

Гостин
Ја још не сам бил у Грчка на одмор, а некој...

Грегори Олсен - третиот турист кој ќе ја посети ISS

Руската вселенска агенција Роскосмос потпиша договор со американецот Грегори Олсен (Gregory Olsen), со кој му дозволува на овој бизнисмен да ја посети Меѓународната вселенска станица (ISS). Олсен би можел да замине на ISS уште во октомври и тоа со мисијата на вселенското летало Сојуз.
Грегори Олсен е американски милионер, кој финансиското богатство го стекнал преку својата компанија „Сензор Анлимитед” (Sensor Unlimited Inc.), која се занимава со развој и производство на високо сензитивни камери и фотоапарати. Компанијата во моментов соработува со НАСА. Додека престојува на ISS, Олсен планира да изведе неколку научни експерименти со кои ќе тестира нов модел на камера, кој ќе биде произведуван од неговата компанија.
Олсен, инаку, веќе од април се наоѓа во Москва, каде е подложен на специјален тренинг и теоретска подготовка, кои се неопходни за едно вакво патување. Тој се обидел да го оствари својот сон уште минатата година, но тогаш не поминал на медицинските тестови.
Изгледа дека, полека но сигурно, вселенскиот туризам станува популарно хоби за богатите американци. Олсен ќе биде третиот турист кој ја посетува станицата. До сега, тоа го сторија Денис Тито (Dennis Tito) во 2001, и Марк Шатлворт (Marc Shuttleworth) во 2002 година.
 
S

Sagan

Гостин
Новиот радио телескоп на ESA

На 9 јуни минатата година, почна да работи новиот радио телескоп на Европската вселенска агенција (ESA). Телескопот, кој има антена со дијаметар од 35 метри, се наоѓа во Себрерос, во шпанската провинција Авила. Инаку, телескопот веќе примил сигнали од вселенските летала Розета и Смарт-1 (Rosetta; SMART-1), како и од неколку ѕвезди, што е показател дека целиот систем функционира добро. Првиот поголем проект, кој во голем дел е следен од овој телескоп, е мисијата Venus Express, за чие лансирање прочитавме во еден од претходните постови.
Најновиот радио телескоп на ESA​
 
S

Sagan

Гостин
Вселенски ’’сообраќајки’’ II дел

Deep Impact удрил во кометата Tempel 1
Првиот дел од мисијата на вселенското летало Deep Impact заврши со комплетен успех.
Но, утрото на 04.07.2005, во 07:52 часот по локално време, импакторот кој бил ослободен од матичното летало удрил во телото на кометата Темпел 1 (9P/Tempel 1). Со ова практично се запишува уште еден важен датум во историјата на вселенските истражувања - првата блиска средба помеѓу летало изградено од човековата рака и една комета.:ija:

Оваа фотографија ја направи една од камерите на вселенското летало Deep Impact, во моментот кога импакторот удрил во кометата​
Импакторот, кој тежеше 373 kg, удрил во кометата со брзина од 10 km/s. Целиот настан внимателно бил следен од камерите на матичното летало, кое во моментот на удар се наоѓало на растојание од околу 500 km од кометата. Собирањето на информации од инструментите на Deep Impact траело 14 минути по ударот, по што леталото престанало да ги бележи податоците и влегло во т.н. „shield mode“, т.е. биле вклучени посебни штитови кои треба да го заштитат леталото од прашината и поголемите честички додека тоа минува низ најгустиот дел од опашката на кометата.
Дента, се обработиле првите податоци кои пристигнале од Deep Impact. Настанот од Земјата го следеле повеќе од 50-тина телескопи и опсерватории. Официјални информации ги има центарот кој е одговорен за оваа мисија, сместен во Универзитетот во Мериленд (University of Maryland), како и од Лабораторијата за мотори на млазен погон (JPL).
 
S

Sagan

Гостин
’’Пејсаж’’ од Марс

На 19 мај 2005 година, роверот на НАСА, Спирит, успеал да го фати овој извонреден поглед на Сонцето како заоѓа зад хоризонтот на Марс. Овој прекрасен пејсаж е снимен во 18:07, на 489-от сол (сол е всушност име за денот на Марс).
Вака изгледа едно зајдисонце на Марс.​
На Спирит му била испратена наредба да остане „буден“ и по испраќањето на податоците кои ги собирал во текот на денот, за да може да направи мозаик од неколку фотографии, а од нив и оваа панорамска слика. Фотографиите се направени со комбинација на три филтри. Со компјутерска обработка добиена е снимка на пејсажот што би го видел човек, кога би се наоѓал на Марс.
Заради тоа што Марс е подалеку од Сонцето, неговата големина е само две третини од она како ние го гледаме од Земјата. Дел од хоризонтот, над кој заоѓа Сонцето, е работ на огромниот кратер Гусев, каде што Спирит веќе се спушти и каде до сега истражува повеќе од 500 дена. Работ на кратерот е оддалечен околу 80 километри, а во далечина се гледаат и неколку други нивоа, кои се наоѓаат во кратерот.
Иако на прв поглед изгледа дека ова е фотографија која има само естетски карактер, научниците решиле да направат една ваква слика за да можат да дознаат неколку работи за атмосферата на Марс и неговите облаци, а меѓу другото и колку високо над површината на планетата се издига правта.
 
S

Sagan

Гостин
Комета



Хејл-Боповата комета во близина на Земјата, 1997 година. Се сеќавате на неа?
 
S

Sagan

Гостин
Марс Орбитер стигна до целта!



Mars Reconnasissance Orbiter (MRO) по шест месеци патувања, во вакумот на вселената стигна до својата цел на 12 март и влезе во орбита околу Марс. МRО е сонда која има за задача да ја проучува Марсовската атмосвера и површина. Целта на тие проучувања е пронаогањето на вода во течна состојба кое би значело дека на Марс има услови за живот. Според менаџерот на проектот MRO , Џим Граф , најризичниот дел од работата помина. До сега НАСА има изгубено две сонди при обид да се однеси сондата во орбита околу Марс. Драмата започна во 16:24 со вклучувањето на млазните мотори на сондата. Во 17:16 после цел час исчекување сондата влезе во орбита.
Во НАСА не го кријат големото задоволство и кажуваат дека оваа мисија е една од најуспешните мисии за освојување на Марс.
 
S

Sagan

Гостин
Нешто за Сончевиот систем

Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 9-те планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеоридите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон, кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Појасот Купер кој достига до 50 AU и Oблакот Орт составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години).
Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Вкупната маса на деветте планети е 448 пати поголема од масата на Земјата, од кои 70% отпаѓаат на Јупитер. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветар).

Оваа илустрација ги прикажува приближните големини на планетите, во меѓусебен сооднос и во однос на Сонцето.



Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.
Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри. На пример, Плутон се наоѓа на далечина од приближно 38 AU од Сонцето.



Најголемото тело во Сончевиот систем е Сонцето кое содржи 99,86% од вкупната позната маса на системот. Потоа, тука се деветте тела кои орбитираат во релативно уникатни орбити, кои најчесто се нарекуваат планети и двa појасa составени од помали објекти. Сите објекти кои орбитираат околу Сонцето лежат на иста рамнина која се нарекува еклиптика и ротираат во иста насока. Повеќето од нив и самите имаат тела кои орбитираат околу нив, а најголемите се опкружени со планетарни прстени од прашина и други честички.


Главните планети се (по редослед): Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон, иако статусот како планета на Плутон е доведен во прашање со откривањето на 2003UB313. Имињата на осум од планетите се од грчко-римската митологија, додека Земја е германски збор. Деветте планети се делат во две групи: внатрешни и надворешни. Поделбата е направена според положбата на планетите во Сончевот систем (далечината од сонцето), а помеѓу двете групи се наоѓа астероидниот појас. По групата на надворешни планети се простира Појасот Купер.

Четирите внатрешни или терестријални планети се каратеристични по тоа што се составени од густ (каменест) материјал. Тие се формирале во пожешките региони поблиску до Сонцето. Затоа, полесните материјали испариле, а останале оние материјали кои имаат поголема точка на топење, како што се силикатите.

Четирите внатрешни планети се:
Астероидниот појас е составен од тела помали од планетите кои се нарекуваат Астероиди и најчесто се во орбита околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Главниот појас се состои од десетици илјади (можеби и милиони) тела поголеми од 1км во дијагонала, иако некои од нив се речиси прашина. Иако се во голем број, вкупната маса на астероидите не надминува илјадити дел од земјината маса. Астероидите со дијаметар помал од 50m се нарекуватт метеориди. Најголемиот астероид Церес е со дијаметар од околу 1000km. Се смета дека астероидите се остаток од планета која не успеала да се обедини вo едно тело поради силното гравитациско влијание на Јупитер. Постојат и астероидни месечини кои се всушност астероиди кои орбитираат околу поголеми астероиди, меѓутоа тие не се издвојуваат како планетарните месечини и понекогаш се големи речиси колку и самите астероиди околу кои ротираат.
Во внатрешниот дел од сончевиот систем постојат и „самостојни“ астероиди чии орбити се сечат со орбитите на планетите.


Надворешните планети или гасните гиганти се толку големи што заедно содржат 99% од вкупната позната маса на материјата која орбитира околу Сонцето. Бидејќи се релативно далеку од Сонцето, тие ја содржат главнината од водород и хелиум во Сончевиот систем, кои биле прелесни за да се задржат на внатрешните планети.
Трите надворешни планети се:
Појасот Купер е голем прстен од „отпад“, сличен на астероидниот појас, меѓутоа е составен воглавно од мраз. Внатрешната граница на појасот започнува во орбитата на Нептун и се простира до 50AU. Од овој регион потекнуваат кометите со краток период на појавување, како што е Халеевата комета. Проценката е дека постојат околу 70.000 објекти во појасот со дијаметар поголем од 100km, но неговата вкупна маса е можеби само малку поголема од масата на зeмјата. Многу од објектите од овој појас имаат орбита која не лежи во рамнината на еклиптиката. Плутон, најмалата планета во сончевиот систем и неговиот сателит Шарон се дел од овој појас.
 
S

Sagan

Гостин
Ај да не бидам сам, како земјакот GUSAR-VMRO на форумот за хумор, ДАЈ ПИШЕТЕ И ВИЕ НЕШТО... МАЈКАТА....
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
Ili vo 2036 ili vo 2038 zemjata ima shansi da bide udrena od ogromen asteroid koj bi pridonel nuklearna zima. nasa se obiduva da go reshi ovoj problem. mozhe ke iame armagedon 2ka ali u zivo ovoj pat hm?
 
S

Sagan

Гостин
Смена на екипажот на ISS

Дел од ISS фотографиран од вселенското летало Сојуз, при пристигнувањето на новиот екипаж​
На почетокот на месец април беше извршена редовна смена на екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS), па така Станицата сега ја одржуваат русинот Павел Виноградов и американецот Џеф Вилијамс, кои ја сочинуваат Експедицијата 13. Тие пристигнаа на ISS доцна попладне (по средноевропско време), на 31 март, со леталото Сојуз кое беше лансирано од космодромот во Бајконур, Казахстан. Заедно со нив, до ISS беше однесен и првиот бразилски астронаут Маркос Понтес (Marcos Pontes), кој во договор со Руската вселенска агенција престојуваше 8 дена на Станицата. Според традицијата, новиот екипаж беше пречекан со парче леб и сол.
По размената на потребните информации и примопредавањето на обврските, на 8 април членовите на Експедицијата 12, Бил Мекартур и Валери Токарев, се вратија на Земјата заедно со бразилецот Понтес. За време на својот 6 месечен престој на Станицата (или поточно 189 дена, 18 часа и 51 минута), тие комплетираа повеќе од 3000 орбити околу Земјата. Во тој период успешно изведоа и две вселенски прошетки.
Новиот екипаж ќе остане на ISS сè до септември. Планирани се две вселенски прошетки, а Виноградов и Вилијамс ќе треба да го пречекаат и екипажот на спејс шатлот Дискавери, кој би требало да биде лансиран ова лето.
 
S

Sagan

Гостин
Celestia

Дај кажете дали некој ја пробал Celestia. Јас до сега имам научено неколку соѕвездија, каде се наоѓаат, имињата на нивните ѕвезди, која е алфа, која бета, гама ѕвезда... Еве на пример, Соѕвездието Орион ги има следниве ѕвезди кои се видливи од Земјата со голо око:
Bettelgeit (alpha), Bigel, Bellatrix, Mantaka, Alnitak, Alnilam, Nair al Saif, Saiph... Инаку, сите го знаете соѕвездието Голема Мечка (Ursa Major). Не сте биле заинтересирани да ги дознаете имињата на седумте прекрасно распоредени ѕвезди... А?

Ќе прашате: Каков ќар од учење ѕвезди? Еве ви пример од мене. Сретнав една супер типка една вечер, си праевме муабет некое време и така низ муабетот ми кажуваше колку била романтична, како сакала романтични момци... Се свртевме кон Орион и со име ’’и презиме’’ и ги набројав сите ѕвезди од соѕвездиево. Остана типката без зборови. И ја ќарив истата вечер. Сега сме пар. Ете ти ќар:wink:
 
S

Sagan

Гостин
Набљудување на затемнувањето на Сонцето од Градскиот плоштад во Скопје

Наредните најмалку десет години нема да има сличен настан на овој.
Значи, кој гледал, гледал, кој не, нека гледа фотки:


Заинтересираноста на скопјани


Неколку минути по максимумот - фотографија на Владимир Николовски
Секоја чест мајсторе!​



Затемнувањето во 13:17


Колаж од фотографии од втората половина на затемнувањето - фотографии на Владимир Николовски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom