Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.410
Поени од реакции
5.067
Орион, сепак, ќе лета во Вселената
18.12.2010

Орион е нов тип на американски вселенски брод, кој во напуштената програма “Constellation” (враќање на луѓе на Месечината), требало да врши превоз на астронаути. Претседателот на САД, Барак Обама, ја стопирал веќе започнатата “Constellation”, поради енормните трошоци, но и поради технички причини. Сепак, се чини, дека дел од американските долари досега вложени во програмата, нема да бидат фрлени во ветер. Освен, прифаќањето на новите технологии, кои без разлика, дали сега или покасно ќе се искористат, светла иднина би можел да доживее, токму вселенскиот брод Орион.

овде вметни текст
Конгресот на САД, одобрил приватни проекти, кои имаат за цел снабдување на Меѓународната вселенска станица – ISS, со можноста да им се довери и испраќање на луѓе во Вселената. Но, сепак, сé чини, дека компанијата Lockheed Мartin и НАСА, би можеле да го реанимираат Орион, и тоа како резервен план на американската влада, доколку, приватните компании не успеат да ги задоволат барањата, кои се предвидени за во блиска иднина на американската вселенска програма.
Орион, може успешно во Вселената, со помош на ракетата Delta – IV. Сите потребни доработки и промени, Lockhed Martin и НАСА, можат со минимални трошоци, да ги реализираат за помалку од три години, а првиот лет со беспилотна верзија на Орион, да биде остварен во 2013 год.

Во суштина, иако се работи за целосно ново летало, основниот концепт на лансирањето, летот и слетувањето, е познат од Аполо ерата. Истиот, се покажал како сигурен и ефективен, сличен на Руските “Сојузи”.
Иако, се работи за идеја, Орион во ново издание, има сé повеќе шанси да “воскресне”. Во тој случај, НАСА би ја користела веќе постојната инфраструктура, а досега објавените истражувања, би овозможиле релативна брза реализација на оваа идеја. Државниот Орион и приватниот Dragon, би биле соседи на ракетодромот во Флорида, многу блиски во самиот профил на мисијата, а и слетувањата би ги реализирале на истото место, недалеку од брегот на Калифорнија во Тихиот Океан.

Откако, во 2011 год. флотата на шатловите ќе биде во целост пензионирана, Американците повеќе не би имале капацитет за праќање луѓе во Вселената. Ќе се ослонат само на една врста на вселенски бродови, и тоа на приватни компании, кои покрај сите суперлативи за неговото работење и резултати, сепак, сé уште, нема оперативно искуство. Веројатно, тоа ќе биде доволна причина, Конгресот да одобри враќање на Орион. Изненадувањата се случуваат, зарем не!?

Астрономија

Добро е, не отидоа сите пари од проектот Констелејшн за џабе, ќе видиме барем нешто.
 
Барем не пропадна целосно проектот Констелејшн и парите потрошени на него.
 
L

Liberation

Гостин
Сите живи суштества на планетава во својата ДНК имаат јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур,
сега за прв пат откриле бактерија која наместо фосвор за градење на ДНК-то и репродукција користи арсен,
и тоа не било значајна вест?

Па ова уште повеќе ги зацврстува претпоставките дека наместо јаглерод, како основа на живиот свет на Земјата, на некои планети постои силициумски свет.

Сепак треба да се утврди дали оваа бактерија е настаната како таква, од кога или е само генетски мутант кој се приспособува на новите услови за живеење на Земјата.

Инаку:
Вселенскиот брод „Војаџер“ кој Американската вселенска агенција (НАСА) го лансира во вселената пред 26 години, помина 17 милијарди километри од Земјата и сега се наоѓа во близина на границата на Сончевиот систем.

Од 2004. година, оваа сонда која помина поголемо растојание од кое било друго вселенско летало што го направи човекот, во моментот го пребарува делот од вселената во кој соларниот ветер - струја на наелектризирани честички кои ги исфрла горната атмосфера на Сонцето со брзина од 1,6 милиони километри на час - драстично се забавува и се губи во реткиот слој на гас во меѓуѕвезденото поле.

НАСА вчера соопшти дека последните отчитувања покажуваат дека просечната брзина на соларниот ветер е на нула, што значи дека „Војаџер1“ се приближил на самиот раб на Сончевиот систем, т.н. хелиопауза, подрачје во вселената каде престанува влијанието на Сонцето.

Научниците проценуваат дека на вселенскиот брод ќе му бидат потребни уште четири години во целост да го напушти Сончевиот систем и да влезе во меѓуѕвездениот простор.

Податоците кој ги собра „Војаџер“ ќе бидат презентирани денеска (14.12) на собирот на Американското геофизичко здружение во Сан Франциско.

Лансиран во 1977. година, вселенскиот брод на нуклеарен погон „Војаџер 1“ и неговиот близнак „Војаџер 2“ поминаа покрај планетите и го продолжија своето патување во спротивен правец, првиот спрема север, а вториот спрема југ.

Напредувајќи со брзина од околу 60.000 километри на час, „Војаџер 1“ во моментот се наоѓа на оддалеченост од 17,4 милијарди километри од Сонцето. „Војаџер 2“ патува нешто поспоро, брзина од 56.000 километри на час и оддалечен е 14,1 милијарди километри од Сонцето.

Кога „Војаџер 1“ конечно ќе го напушти Сончевиот систем ќе влезе во меѓуѕвездениот ветер кој е поспор, постуден и погуст од соларниот.
Titan 3E Centaur launches Voyager 1 from Cape Canaveral, Florida, in 1977

Voyager I

Положбата на Војаџер 1 и 2 во 2008 година

--- надополнето ---

Утре од 21:15 па до 1 по полноќ, целосно затемнување на Месечината (која сега е во фаза на полна месечина).
 
T

Tetro

Гостин
Утре од 21:15 па до 1 по полноќ, целосно затемнување на Месечината (која сега е во фаза на полна месечина).
Ќе се гледа убаво, ако не е облачно

Edit> Облачно, со 40% можности за да врне дожд, џабе ќе има затемнување кога ништо нема да се гледа. :(
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не знам дали некоj от вас е гледал слончево затамнуване,но на 4.01.2011 година ке имате можност да гледате частично Слончево затамнуване (около 70%).
Ке започне некаде около 8:02 ,максимум около 9:28, краj 11:01
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.410
Поени од реакции
5.067
Не знам дали некоj от вас е гледал слончево затамнуване,но на 4.01.2011 година ке имате можност да гледате частично Слончево затамнуване (около 70%).
Ке започне некаде около 8:02 ,максимум около 9:28, краj 11:01
Ќе биде видливо од Балканот?
 
Член од
22 ноември 2010
Мислења
75
Поени од реакции
3
Читав дека највидливо ќе биде во Северна Америка, но би требало и ние да фатиме нешто од тоа. Сепак, мислам дека ќе има магла. Инаку, како што читав, бојата на месечината ќе биде кафеаво-црвена заради вулканска прав или сл. така да би била убава глетка...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Има утре и лунарна еклипска и тоа на 21 декември, најкраткиот ден во годината.
A total lunar eclipse will take place on December 20/21, 2010.[2] It will be visible after midnight Eastern Standard Time on December 21 in North and South America. The beginning of the total eclipse will be visible from northern Europe just before sunrise. The end of the total eclipse will be visible rising at sunset for Japan and northeastern Asia, it also appears very visible to the Philippines just after sunset (as in a partial lunar eclipse). It will be the first total lunar eclipse in almost 3 years, the last being on February 20, 2008. [3]

Во Мк ќе се види делумно малку пред изгрејсонце.

Мултиекспозиција од затемнувањето на Месечината:
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Најден кислород на сателит Сатурн
Вториот најголем сателит на Сатурн има тенка атмосфера со многу кислород, соопштува НАСА која за прв пат открива присуство на овој гас директно во атмосферата на некој друг свет.
Ова го открила вселенската сонда на НАСА, Касини, летајќи ниско над ледената месечина Реа, која се наоѓа на оддалеченост од 1,5 милијарди километри од Земјата.

Научниците велат дека тенката атмосфера со кислород и јаглерод диоксид ја одржуваат редовните разградувања на молекулите на водата од нејзината ледена површина, предизвикани од радијацијата од сатурновата магнетосфера.

Астрономите до сега имаат избројано 62 сателита околу Сатурн а со широчина од 1.500 километри, Реа е втор по големина и се претпоставува дека речиси целосно е составен од мраз.

"Ова навистина е прв пат да видиме кислород директно во атмосферата на друг свет. Ова укажува на тоа дека кислородот можеби е многу поприсутен во сончевиот систем, па дури и во нашата вселена. ", објаснува Ендру Коатс од британската вселенска лабораторија Мулард.

Инструментите на Касини покажуваат дека на секој метар кубен од атмосферата на Реа има по околу 50 милијарди молекули кисолород и 20 милијарди молекули јаглерод диоксид.

LINK: http://iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=714&Itemid=94
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.410
Поени од реакции
5.067
Русија сака да изгради ‘чистач’ за да го исчисти вселенскиот отпад
25.12.2010

Русија сака да изгради 2 милијарди вредно летало кое ќе орбитира и ќе ги чисти сателитските отпадоци во просторот околу Земјата. Според изјава на Руската Федерална Вселенска Агенција, сателитот чистач би работел со помош на нуклеарна погон и би бил во оперативна состојба околу 15 години. Руската ракетна компанија ‘Енергија’, предлага сателитот чистач да биде завршен до 2020 година, а тестиран најдоцна до 2023 година.

овде вметни текст
‘Корпорацијата ветува да го исчисти просторот во 10 години со што би собрала околу 600 нефункционални сателити во истата геостационарна орбита, притоа потопувајќи ги еден по друг во океаните ’ – вели Виктор Синиавски од ‘Енергија’.
Тој исто така вели дека ‘Енергија’ е во процес на дизајнирање на вселенски пресретнувач кој би ги уништувал опасните вселенски објекти кои би се упатиле кон Земјата.

Нема некое конкретно објаснување за тоа како вселенскиот чистач на отпад би работел, или како би ги буткал мртвите сателити и останати отпадоци во орбита на распаѓање, за да може да се распаднат во атмосферата, ниту пак дали на некој начин ќе ги збира односно вшмукува отпадоците.
Како и да е, некој барем размислува за вселенските отпадоци и астероидните судири, а притоа вложувајќи повеќе од неколку долари (2 милијарди од нив) за овие концепти.

Астрономија
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.410
Поени од реакции
5.067
Индијците го преоптовариле GSLV?
29.12.2010

Резултатите од истражувањето, околу неодамнешниот неуспех на индиската ракета GSLV, веќе ги даваат првите резултати. Тие покажале дека постојат неколку “ситни”, потенцијални причини што ја предизвикале големата хаварија.

Шематски приказ на индиските ракетни лансери
Нестабилноста во летот на ракетата, неможноста на исправување на движењето и на крај, распаѓањето на ракетата, заедно со корисниот товар, можно е да било предизвикано од претешкиот сателит, која ракетата не можела правилно да ја подигне на патот кон Вселената. Понатаму, на некои фотографии се забележува и грешка во моментот на отфрлањето на комуникациските и останати кабли, при самото лансирање на ракетата.

Губењето на контролата и размената на податоците, било предизвикано уште на самиот старт. На прв поглед, тоа претставувало ситница во целата постапка на лансирањето, но набрзо довело до нестабилност во летот, а кога границите на самокорекциите на “автопилотот” од +/-4˚ се преминале, ракетата тргнала на пат без враќање. Не се знае уште причината за задоцнетото отфрлање на комуникациските кабли.

Телекомуникацискиот сателит GSAT – 5P тежи 2.310 кг. и за 180 кг. е помасивен од сателитот INSAT – 4CR, кој бил успешно лансиран со помош на ракетата GSLV во 2007 год., а дури 400 кг. односно, цели 800 кг. од Edusat, лансиран во 2003 год. или GSAT – 1 од 2001 год.

Следуваат детални анализи и решавање на многу прашања, пред да се изврши следниот лет на овој тип на ракета. Досега, немале проблем со првиот степен на оваа ракета, а во изработката на целата конструкција, соработувале и со руските научници.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2164
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Дијаманти наместо песок на некои планети
Група американски научници тврдат дека постои голема можност на некои планети во вселената да има дијаманти како што има песок на Земјата, покажа неодамна спроведеното истражување.
Истражувачите предводени од д-р Никуом Мадхусудхан од Принстон Универзитетот во Њу Џерси, дошле до ова сознание по истражувањата на планетата WASP-12b која е слична со нашиот Јупитер.

Користејќи се со податоците кои Американската вселенска агенција им ги отстапила, тие утврдиле дека атмосферата на планетите оддалечени 1.200 светлосни години од Земјата е премногу топла и гасовита за да се развие живот, но особено е богата со јаглен, поради што постои можност на нејзината површина да се наоѓаат карпи од дијаманти и графити, а не од силициум како на Земјата.

Мадхусудан изјави дека „ова е целосно нов терен кои сигурно ќе ги мотивира научниците и понатаму да ја истражуваат површината на планетата богата со јаглен“, објави британскиот весник „Телеграф“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom