A Beautiful Mind напиша:
Да прашам уште нешто. Дали при астрално проектирање, патуваш нормално како и со физичкото тело или пак можеш да заминеш каде што ќе посакаш и на големи растојанија? Не знам, дали баш добро го поставив прашањево, ама се надевам ќе го разберите.
Можеш и на големи растојанија. Не верувам дека може секаде каде ќе посакаш, некои работи нема да ти бидат дозволени, и можеш и да наебеш исто така. Ако не може ќе знаеш дека не може, или пак ќе осетиш ко да те треснало нешто
Не знам дали е реална или не, астралната проекција. Зависи што е за вас реално? Ако вашите знаења се темелат само на книги и факти, тогаш нема да биде реална. Астралот е лично искуство. Има два начини на учење..едниот е преку книги, муабети..што ја знам, а другиот е овој..И најверојатно искуствен.. не знам кај да го сместам.. Како да има поле на информации, до кои можеш да дојдеш и по интуитивен пат. Нас од детство ни е всадено дека единствен начин на учење е првиот.
Има спонтани и намерни астрали. Горе доле секој доживеал, дур спиел, некој се сеќава, некој не. Може ако сте се разбудиле со рипање? Тоа е често астрална прошетка.. Кога сте биле многу уморни, значи шефот горе не верглал, после пешачење по планина, после напорен ден (физички)..тогаш се најголеми шансите да доживеете такво искуство. Или пак, што мене не ми се допаѓа, како старите индијанци, преку дроги.
Друг и најголем проблем, е стравот да не го напуштите телото засекогаш.. Да не не се вратите.
И да не дај боже нешто ви се случи.. Луѓето кои се слаби психички може да се зезнат, не дај боже да ги опседне нешто или не дај.. луѓе полудуваат..не е секој за тоа. (особено тие со големо чувство- грижа на совест, зборувам од конкретни примери, не знам дали е тоа секогаш случај)
Апсолутно треба подготовка психичка И физичка, за да правите астрали. Психичка, за да телото кое е дел од вас стане спремно да го напуштите за некое време и повторно да се вратите. ЦЕЛ, мора да имате и цел, зошто, каде и со каква намера.. А физички затоа што се троши многу енергија. Па не сакате да се осеќате омалаксани после тоа..Не бива ради еден астрал на резерви да си после тоа.
Ич да не спомнувам ако ви се целите како - да видам комшиката каков долен веш има. Нема ни да функционира.
Не ви советувам ако се плашите, да пробувате. Потребно е и малку поинакво знаење од читање. Потребна е спремност. А на тие што им се случува, а поима немале што е тоа..Нека се информираат, нека се распрашуваат..Може да е битно за нив, чим така спонтано им се случува. Побарајте луѓе што се занимаваат со тоа, пожелно е и(или неопходно) да се направат други подготовки..
Инаку само поискусните и луѓето кои работат на себе, имаат прави свесни намерни астрали, каде се се гледа јасно. До тогаш ќе биде во симболи. Ваши симболи, кои ќе треба да научите да ги толкувате. И не мора да изгледа совршено реално, бар не на почеток. Ќе си го слушате и дишењето, и ќе си го осеќате и телото. И ако веќе тргнете да правите астрали, проверувајте ги информациите, што ги добивате од нив.