Појаснување на феноменот Астрална Проекција
Пред да почнете со астралната проекција треба да си го поставите прашањето зошто сакате да инвестирате време и енергија во оваа насока? Треба да сватите дека астралниот свет е еден вид космички интернет кадешто можете да добиете пристап до многу информации коишто можат да ви помогнат и во секојдневниот живот во овој свет. Друг важен факт што треба да се свати е дека многу од нашите сонови се всушност изобличени астрални проекции, такашто со доста вежбање и фокус може да дојдете до ситуација кадешто нема потреба од изведување на потполно свесна астрална проекција и редовното вежбање за истата. Во потполност можете да ги користите своите сонови за сурфање на космичкиот интернет наречен астрален свет. Ве молам никогаш не заборавајте дека астралниот свет е реалност и дом на многу битија, вашите акции во тој свет подлегаат на причини и последици исто како и во овој. Не ги потценувајте своите мисли и сонови, тоа што се случува во нив е многу пати многу поважно со многу поголеми последици од тоа што се случува во овој навидум физички свет.
Дали астралната проекција е опасна? Не повеќе од живеењето во овој свет. Тоа е секогаш индивидуално и зависи од вашата индивидуална состојба, локација и ниво на вештина.
На интернет може да најдете огромно количество материјал напишан за астралната проекција кадешто лесно може да се изгубите во разните поими и разни техники, без притоа да ја разберете суштината на феноменот познат како астрална проекција. Многу од текстовите по интернет се само слаби копии од трета или четврта рака без практично искуство на авторите со тотално непотребно мистифицирање со разноразни Индијски, антички, Афрички и којзнае какви зборови чие точно значење не го знаат ниту авторите коишто само го прекопирале од некој друг.
Заради појаснување и поедноставување на овој феномен, се решив да напишам во кратки црти како функционира и на кој начин може да почнете да го вежбате и употребите во својот секојдневен живот. Пазете само да не залутате на некоја друга планета и не заборавајте дека на крајот треба да се вратите на оваа
.Се што е напишано овде е базирано на лично искуство почнувајќи некаде од 1997 година кадешто сум се осигурал дека техниките функционираат точно така како што се опишани.
Интересно е да се посочи дека сите ние секојдневно изведуваме астрална проекција додека спиеме но проблемот е што многу од нас тоа го прават на потсвесно ниво а неколкуте сеќавања што допираат до свеста се во форма на изобличени сонови. Дури 50% од луѓето во одреден дел од својот живот имаат искуство со потполно свесна астрална проекција но не знаат дека им се случило тоа. Дали некогаш сте имале таканаречена ноќна мора, кога се разбудувате и сте тотално парализирани а можеби и осеќате како целото тело ви се тресе со разни вибрации, како да сте под напон од 220 волти? Тоа е точно состојбата којашто се нарекува астрална проекција. Тоа се првите моменти на преминувањето на вашата потполна свест во астралното тело. Стравот е резултат на реакцијата на физичкото тело кон нешто толку непознато и чудно за прв пат во својот живот на свесно ниво. Парализата е резултат на тоа што врската меѓу свеста и мускулите е исклучена а бидејќи астралното тело не поседува нерви и мускули, тогаш при вашите сигнали за движење не се случува ништо. Доста често некоја баба ќе ви каже да си ставите игла под перница за да не ве газат овие ноќни мори, што нормално нема врска
Пред да почнеме со самиот феномен во кратки црти ќе се обидам да го опишам начинот на којшто функционира нашата свест и нашето физичко тело. Нашето физичко тело не е ништо друго туку еден вид на многу напреден андроид со свои сопствени програми и автономни функции (како што е на пример работењето на срцето). Нашата свест е потполно одделна единка од нашето физичко тело и е створена од чиста енергија при што таа е само корисник на овој андроид, многу слично како во филмот Аватар. При будното оперирање на телото, свеста е потполна интегрирана со физичкото тело и оперира на негово ниво. Доколку физичкото тело е исклучено од било каква причина тогаш свеста автоматски го напушта и се интегрира во следното тело, коешто е створено од астрална материја или од практични причини може да кажеме е створено од чиста енергија. Напуштањето на свеста од физичкото тело и нејзиното приклучување кон астралното тело е тоа што се нарекува астрална проекција.
За жал моменталната ДНК структура на физичкото тело на 99.9% од луѓето на оваа планета, моментално не овозможува свесно преоѓање и истовремено користење на физичкото и астрално тело, затоа бргу станува јасно дека за да изведеме свесна астрална проекција, мораме најпрвин да го исклучиме нашето физичко тело. Тоа може да се направи на неколку начини:
а) Длабока медитација или состојба на транс (може да биде изведена индивидуално или со помош на хипноза)
б) Спиење
в) Смрт
Зависно од тоа колку време ќе посветите на астралната проекција и кои се вашите искуства, може да изберете една од овие методи за исклучување на вашето физичко тело. Ве молам не избирајте одма смрт зашто тоа може да има разни трајни последици кон вас и оние околу вас
)). Доколку сте од оние 0.01% коишто имаат модифицирана ДНК структура и имаат можност да оперират на астралните нивоа без вежбање и исклучување на физичкото тело, тогаш за вас тренингот би се одвивал на многу поинаков начин. Во тој случај може да ме контактирате па би ве посочил во права насока.
За почетниците би препорачал најпрвин да соберат неколку искуства од тоа каков е осеќајот и што точно се случува за време на астралната проекција. Начинот на оперирање на свеста и начинот на којшто ке морате да мислите и визуализирате е многу поинаков од будниот живот, такашто пред да почнете да пробувате да постигнете астрална проекција од медитација и транс, силно би препорачал да ја постигнете најпрвин од активноста којашто ја изведувате секојдневно, спиење.
Бидејќи од различни причини соновите и спиењето е тесно поврзано со астралната проекција, причини коишто се многубројни да се наведат во овој краток текст, најдобро е да се почне со фокусирање на активноста на вашата свест за време на сонувањето.
Пред да заспиете, во моментите на заспивање фокусирајте се силно на желбата и замислата дека за таа ноќ ќе ги памтите сите свои сонови и дека ќе сонувате важни работи. Многу е важно во првите моменти на будењето тотално да се фокусирате на тоа што сте сонувале и да пробате да го запамтите бидејќи сеќавањата од светот на соништата се многу кревки и се забораваат многу лесно. Доста добро е во почетокот да си ги запишувате сите свои сонови. Наскоро откога ќе почнете да сонувате цели филмови и книги може да ги запишувате само оние сонови коишто се исклучително интересни или поучни.
Следното ниво е да почнете да ги манипулирате своите сонови. Ова се нарекува луцидно сонување и на интернет може да најдете доста техники за негово усовршување. Основно е да ви стане јасно во текот на самиот сон дека сонувате. Откога ќе станете свесни за време на сонот, тогаш треба да научите да летате буквално како Супермен во сонот со помош на визуализација и употреба на вашата свест. Тоа е важно да се научи бидејќи оваа вештина на летање ќе ви треба за контрола на вашето астрално тело. Со тек на време е можно изведување на астрална проекција директно од сонот.
За време на вежбањето на активностите со соновите може паралелно да си давате сугестии дека ќе имате таканаречена ноќна мора во текот на ноќта што значи дека ќе се разбудите потполно свесни во своето астрално тело, парализирани со огромен шум во ушите и тресење на целото тело а можеби и по некое духче околу вас што ќе си игра мајтап. Знам дека звучи малку страшно, ама верувајте дека првиот пат кога ќе го доживеете ќе видете дека е ептен страшно и напросто незамисливо. Единствено што ви преостанува е да го дожувувате повторно и повторно се додека стравот не исчезне. На мене ми беа потребни 2-3 години и барем 20-30 вакви ставови за да го отстранам стравот. Друг важен факт е да ги контролирате своите мисли бидејќи секоја ваша мисла во астралниот свет многу брзо ќе се манифестира околу вас. Доколку за време на оваа искуство почнете да мислите на некоја сенка која сака да ви наштети, тогаш веднаш таа сенка ќе ја видите околу вас и многу брзо ситуацијата ќе ескалира бидејќи вашиот зголемен страв ќе ја направи сенката уште пострашна што ќе го зголеми вашиот страв итн итн. Значи најважно е при првите назнаци на оваа состојба одма да се фокусирате на нешто многу убаво и светло без никаков страв.
Доколку сте ја искусиле оваа состојба барем неколку пати тогаш би препорачал вежбање за постигнување на астралната проекција преку медитација и состојба на транс. Доколу имате некоја искусна особа којашто изведува хипноза, тогаш таа особа може да ви помогне со тоа што ќе ве стави во состојбата на транс.
Медитацијата е многу убава активност којашто можете да ја изведувате за многу различни причини и цели. Нема да навлегувам подлабоко за сите нејзини аспекти туку ќе опишам само како може да се користи за астрална проекција.
Како што рековме погоре пред астралната проекција да биде можна, мора физичкото тело да биде исклучено. Значи мораме најпрвин да го релаксираме на максимално ниво, без притоа да заспиеме и да одлутаме во астралниот свет потполно несвесни. Препорачувам седење во удобна фотелја за изведување на оваа вежба бидејќи лежењето најверојатно ќе ве заспие. Можно е да ја изведувате и лежејќи, на пример после спиење откога сте потполно наспиени и шансите да заспиете повторно се многу мали. Јас обично ја изведував седејќи пред да заспијам или лежејќи за време на викендот после спиење од 12 саати. Двата начини потполно функционираат и даваат добри резултати.
Се почнува со усогласување и фиксирање на вашето физичко тело. Откога ќе го балансирате и ставите во позиција кадешто се чувствувате добро, не смеете после ова да направите било какво движење со вашите мускули, освен дишењето. Се почнува со фокусирање на сите делчиња од вашето тело. Првин со прстите на вашите нозе, после целата нога, раците, трупот, шијата и на крајот главата, посебно локацијата на челото кајшто е третото око. За време на ова многу е важно активно да не мислите на ништо друго освен на ова. Многу мисли ке ви пролетуваат низ вашата свест но оставете ги да пројдат, не впуштајте се во анализа на ниту една од нив. Кога ќе дојде на ред да го релаксирате и челото тогаш може да приметите дека почнувате да гледате разни бои и други визуални формации. Тоа е нормално и исто како со вашите нормални мисли, не впуштајте се во анализа на истите туку оставете ги да пројдат.
Откога потполно сте релаксирани тогаш се оди на следната фаза што е постигнување на состојбата на транс. Почнете да си претставувате како се пропаѓате се подлабоко и подлабоко. Фокусирајте се на својот солар плексус, што е локацијата точно на средината на вашиот граден кош. Преставувајте си како се повеќе и повеќе тонете и како се повеќе и повеќе работата на вашата свест и физичко тело се забавува. Во одреден момент ќе дојдете до еден вид на бариера кајшто ќе почнете да осеќате потполно стопирање на вашето тело. Во прв момент тоа може да изгледа страшно но сватете дека тоа е само ваша перцепција дека вашето тело стопира, бидејќи вашата свест се подместила во астралното тело кадешто искуството е сосема поинакво. Откога ќе ја пробиете оваа бариера и потполно пренесете свеста во астралното тело, продолжете уште малку со вежбата на тонење додека состојбата не се стабилизира. Откога ќе ја пробиете бариерата, ќе го имате точно тоа искуство како во ноќните мори. Телото ќе ви биде парализирано, ќе слушате огромен шум сличен на тој којшто се слуша кога ќе се јавите на телефонски број којшто има факс машина а ќе осеќате дека вашето тело се тресе како под огромен напон на струја плус тоа можеби ќе почнете да гледате околу себе во собата со помош на третото око. После ова може да ја активирате својата свест и да почнете со вештината на летање со којашто ќе почнете да го движите астралното тело напред. На овој начин сте извеле потполно свесна астрална проекција.
Среќен пат
) и успешно сурфање на космичкиот интернет
Линкови за повеќе информации:
Фокусирано за основите на астралниот свет и изведување на проекција со помош на спиењето
www.astralvoayge.com
Фокусирано за вежбање на потполно свесно изведување на астрална проекција со помош на транс и медитација
http://www.astraldynamics.com/home/astral-projection-training/treatise-on-astral-projection.html