Арена...

Статус
Затворена за нови мислења.

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Во ред,отиде и Колосеум како што отиде,но нема тема за новото место-гладијаторската Арена :pos: незнам само кој е филмот идеш у петок на Шако Полумента,па после иде некој DJ што ти ја знам и фали секако неизбежниот Rnb и hip hop :jaj:...аман бре луѓе ќе не фати од толку многу мешање на стилови...искрено јас како поборник на екс Колосеум сум крајно разочаран од новиве измени ама тоа е :toe:...јас засега ќе чекам некој добар Dj ама како тргнало...:(
 
Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Изгледа поисплатно му било на газдата со вакви пис оф шит работи... :/

Ах... Да се надеваме дека некогаш некаде во оваа есен/зима/пролет ќе има место за транс журки низ градот... :/

А за Арена... Ауч... Не би влегол таму освен ако изненадат со транс забава. Ама како што стои работата, не се надевам многу.
 
^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Јас колку што знам нема да има програма со хип хоп и диџеи...
Отварање е со Џенан Лончаревиќ :vozbud: и Миа, после се Тања Савиќ и уште некој, па Сергеј Цетковиќ.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
А за Арена... Ауч... Не би влегол таму
Јас да бев зачленет во некоја сепаратистичка организација како баскиската ЕТА или некој џихад воин би влегол внатре нареден на мене со C4 или тринитро тротил :)
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Јас колку што знам нема да има програма со хип хоп и диџеи...
Отварање е со Џенан Лончаревиќ :vozbud: и Миа, после се Тања Савиќ и уште некој, па Сергеј Цетковиќ.
Ќе има Dj-и во сабота :helou: само не иде у петок Тања Савиќ у сабота Џон Дигвид :toe:
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ајде добро нек си биде Арена.... него некои муабети слушнав као се спрема нешто кај објектот пред ЕСМ у центар доле во подрумите.... 1000 квадрати.... да не е на повидок новиот Колосеум?
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Ајде добро нек си биде Арена.... него некои муабети слушнав као се спрема нешто кај објектот пред ЕСМ у центар доле во подрумите.... 1000 квадрати.... да не е на повидок новиот Колосеум?
Мислам дека тоа ќе биде дискотека на Картел...имаат кафиќ имаат клуб сега сакале диско :toe:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
мене ме интересира дали некаде у градов пуштаат хаус и некој по комерцијален транс ? дефинитивно недостига тоа... мака ми е и од дискотеки со хип хоп рнб музика и луге облечени како за на свадба...
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
Штета. Голема штета. Огромна штата. Незнам како да го наречам ова.

Колосеум си беше фино место, странскиве DJ-и таму ги носеа, добри техно/транс/хаус журки имаше. ИМАШЕ. Кличниот збор во реченицата.
Сега сето тоа е заменето со Арена, исто како и Гранд, во скопската ,,населба’’ КАДИНО. Кој кур ке ни е шабанарија во центар на град :tapp:

Мал сум, т.е мал бев за да одам во Колосеум. Не дочекав да отидам. А по муабетиве гледам дека добро беше, си носеа DJ-и хаусче маусче, како што кажав погоре. Го усраа начисто. Сеа секоја недела ке гледаме различни плакати по Скопјево, де Шабан Шаулич де Синан Сакич ми дошле у Арена :tapp::pop:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.622
Поени од реакции
10.893
Вчера баш јадам во 7ца и едни двајца копуци седнале до мене и праат муабет на тема арена...еј колку беше вчера добро на овој или оној, да бе вечер е сергеј, утре брат му трифун итн...и тука паѓа она јакото...закон еј, сега не мора до гранд да се мкнеме...сељачаана! Кај да искачам во таа дупка бе...без навреда за кошуло-носачите, ама па и куршуми ќе летаат на лепша од ночи или која било друга...од мементо правец во арена...исто ко во охрид ќе ја напраат - сељачко прибиралиште!
Припор, Дељадровце, Ѓорче 3, Кондово, Планини, реки и мориња итн...Скопје е се само не нормален град со добар ноќен живот...јбг.
И уште полошо, сега ќе ги нема ни фраерите и фраерките од јбт и карев...стрикно сељачкото.
 
Хахахахххаа...хаха...ха...wa...wawaawaaaa..waaaaaaaaa... :starts crying:
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Вчера баш јадам во 7ца и едни двајца копуци седнале до мене и праат муабет на тема арена...еј колку беше вчера добро на овој или оној, да бе вечер е сергеј, утре брат му трифун итн...и тука паѓа она јакото...закон еј, сега не мора до гранд да се мкнеме...сељачаана! Кај да искачам во таа дупка бе...без навреда за кошуло-носачите, ама па и куршуми ќе летаат на лепша од ночи или која било друга...од мементо правец во арена...исто ко во охрид ќе ја напраат - сељачко прибиралиште!
Припор, Дељадровце, Ѓорче 3, Кондово, Планини, реки и мориња итн...Скопје е се само не нормален град со добар ноќен живот...јбг.
И уште полошо, сега ќе ги нема ни фраерите и фраерките од јбт и карев...стрикно сељачкото.
Карев одувек било андерграунд школо не биди таков , сите се ко мртви внатре.
Него не ми беше тоа муабетот . У право си збориш , најлошото нешто што може да му се случи на скопје се случи , после ова се надевам дека грците ќе не окупираат пошто бар они немаат шабанско.
Радо би седел и би играл (на) сиртаки него да трпам Славица Чуктераш да ми врти гз во центарот на градот.
Па маме му ебам , кој идиот треба да си за да отидеш во Арена да се забавуваш. Ама ќе ги глеаме секојдневно нашите другари ,браќа , сестри и сл. како одат таму „ради друштво“ .
Кој ве ебе , ќе си седам дома сам...

Едит : Прадон на пцовање , мало сам емоционалан на ову тему. Зато следечи пост чу да отворим са Аца Лукас - Бајпас.
 
*It's Gold*

Break Of Dawn
Член од
23 октомври 2009
Мислења
30
Поени од реакции
7
Многу ЛОШО! И досега не сум сретнала некој што кажал дека е супер промената! Катастрофа, баш сум разочарана...Баш си беше супер претходно хип-хоп, забавно, па ќе дојде некоја група... Сега неам зборови, не би припарила внатре!!!:salut:
 
Член од
14 август 2009
Мислења
5
Поени од реакции
3
Не сакам да контрирам на мислењата, бидејќи не сум поборник на турбо фолкот, но сепак морам да кажам некои факти. Срамота е што сега секој втор го осудува Colosseum т.е сегашна ARENA, а додека беа најдобрите dj луѓето никаде ги немаше.Секоја журка беше исполнета до пола, додека истите тие фаци редовно беа на Жаре во B2 во сабота. Самиот клуб беше приморан целосно да се ребрендира и да ја смени програмата бидејќи во спротивно ќе требаше да се затвори. Многу е чуден фактот што откако целосно се промени програмата наеднаш на сите им недостасува стариот клуб, а веќе цела година никаде ги нема гостите:toe:. Сепак никој сопственик не работи за љубов и понекогаш е приморан да ја промени програмата за да си го зачува бизнисот. Факт е дека Colosseum е најголема и најдобро опремена дискотека во Македонија и дека нашата младина не знаеше да го цени тоа. Немора да се согласите со моето мислење, но фактите се тие. Дискотеката викендов изработи дупло подобро одколку било кој викенд во предходната работна година, што докажува дека моментално тој правец е во подем ( колку и да сакаат луѓето да го негираат тоа ). :toe:
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
после ова се надевам дека грците ќе не окупираат пошто бар они немаат шабанско. .
Со оглед на тоа што сите Српски и Бугарски песни се плагијати на Грчките - не знам од каде ова неверојатно неизрдржано мислење го откопа. И поради музика моментот и поради неразбирливиот „грчка окупација“ кикс.
Како и да е, за да го напишам постов ја рскам до даска „Лепотан“, за да тргне.
Пред се, смешни се овие оградувања, за тоа како „некои други“ бараат турбо фолк, и бараат вакви дискотеки, и ја бараат Анабела, а не некој странски диџеј - но ние не сме такви. Ако се судеше по форумов, Скопје е колевка на уметноста, каде секој чита добри книги, слуша добра музика и пие првокласен алкохол, а облекувањето му е неверојатно пристојно. НО, реалноста е дека кога ќе излезам од дома гледам дека турбо фолк забавите се полни, девојките се во сукњи кои личат на стегачи за коса а момците во раскопчани кошули и златни ланци, сите пијат она кое ќе им се најде при рака и креваат раце на „Љепша од ночи“ (пауза во пишувањето, за да си ја пуштам).
Не слушаат младите турбо фолк затоа што тоа го пуштаат по дискотеките туку дискотеките пуштаат турбо фолк зошто тоа им се бара. И разбирливо е што Колосеум го отстапува местото на Арена, јас бар не гледам причина за бунење...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom