Апел за помош на Александар Милошески

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Александар Милошески треба ИТНО да се оперира од тумор на мозок, операцијата е во Словениjа на Институтот за неврологија, а бидејки македонскиот фонд за здравство одбива да покрие макар и дел од трошоците за операцијата потребна му е вашата финансиска помош.

Може да донирате 100 денари со повик на бројот 070 143 109 (само за мрежата на Т-Мобиле).
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Донирано, утре истово ке биде направено и од мобилните на моите.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Донирано и од мене. На фејсбук исто така има доста луѓе кои го споделуваат линков, така што се надевам дека ќе се соберат парите за операција. Откажете се од една кутија цигари или кафе луѓе, за живот се работи! :smir:
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Добро,а дали може да направите некако да се донира и од другите мобилни оператори?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Донирано.
Се молиме за најдобро за Александар.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Донирано, но дали е можно да се отвори и линија на VIP? Знам за полно луѓе кои се префрлени или се префрлаат на VIP, па може и од таму да се добијат солидни донации.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Како бре одбива да плати макар и дел ова Здраствениов фонд?-.-Осет да се немало.
Донирано.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
571
Поени од реакции
8
Штотуку се активареше и ONE. Може да донирате на 075 143 550 One.

Се работи и скоро ќе може да се донира од ВИП

--- надополнето ---

Трансакциска сметка 300007086019204 Комерцијална Банка АД Скопје александар милошески
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.314
Може да го искористам ова како модератор на goal.com да постирам таму оваа тема ?? па можеви некој ке помогне ?..плс одговорете ми во сандаче пошто се логирам само пораки да проверам ...благодарам на времето
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Донирано.Со среќа пријателче.
 
Член од
28 октомври 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Отворен е и бројот за донирање од VIP операторот...

077 143 703​


Повеќе инфо тука.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Ова е превземено од групата што се наоѓа на фејсбук

Александар Милошески е 24 годишно момче од Скопје, студент, систем инжињер и мрежен администратор кој паралелно студира и работи се до пред 5 месеци кога му е дијагностициран голем тумор на мозокот, кој мора да се отстрани со хируршка интервенција во најскоро време.
Се работи за бенигно ткиво кое се наоѓа на кората на мозокот, односно оток/израсток..., во пределот на темето на главата, во пречник од околу десетина сантиметри во елипсовидна форма. Ги опфаќа деловите над левата и десната хемисвера на мозокот покривајки и зафаќајки ја и вената која ја изнесува крвта од мозокот. Според неврохирурзите кои досега ги погледнале снимките, туморот најверојатно е стар 8 до 10 години и како последица на неговата големина се имаат формирано и 5 цисти (згрутчување на мозочната течност) три на левата страна каде што туморот зафаќа поголем простор, и две на десната. Податокот што станува збор за бенигно ткиво само по себе е добра вест бидејки не е агресивно во растењето и ширењето, меѓутоа, негативна карактеристика е што е веќе многу големо, па силно притиска на нервните центри во мозокот над кои се наоѓа поради што постои можност да предизвика трајни оштетувања на истите. Исто така, ткивото ја зафаќа вената која излегува од мозокот, што може да претставува потенцијална опасност по животот.

Долг период, не беше возможно закажување на конкретен датум за операцијаta, пред се поради несоодветните услови за изведување на истата во клиничкиот центар во Скопје, па потоа и на клиничкиот центар во Љубљана – Словенија, за на крај да биде откажана и поради недостигот на финансиски средства за истата да биде обавена во Луцерн – Швајцарија.
Сепак, по 5 месеци лутање низ болничките ходници, денес конечно е закажан датум на Интернационалниот Институт за Неврохирургија и Невроистражувања во Љубљана – Словенија (International Institute of Neurosurgery and Neuroresearch (IINN)). Огранизатор, како и главен хирург кој би требало да ја изведе е невро-хирургот Винко Доленц (Acad. Vinko V. Dolenc, M.D. ,Ph.D. , Senior Councillor Professor and Head.)


Поради состојбата во која се наоѓа Александар, неопходно е во најскоро време да биде извршена операцијата за која е потребно да се соберат доволно парични средства.
Како и сите поголеми хируршки интервенции, оваа операцијата чини 25 000 евра само за уплата во клиниката, и дополнително уште најмалку 5000 евра за пропратните трошоци (патување, дополнителни испитувања кои треба да се направат пред операцијата, престој во Словенија итн.)
Поради висината на цената е потребна вашата финансиска помош.
За таа цел ја направивме оваа група и ангажиравме телефонски броеви на кои може да донирате парични средства:

T-mobile : 070 143 109
Cosmofon: 075 143 550
Vip: 077 143 703

како и трансакциона сметка со број:
300007086019204
Комерцијална Банка АД Скопје
И текст 1 што начекав таму
Devojcinja i Momcinja,

Grupava mentalno broi poveke od 2500 clenovi. Koga site nie bi se angazirale i vo tekov na ovaa sedmica sekoj den uspeeme da ubedime eden covek da donira 100 den na eden od slednive mobilni operatori T-Home 070 143 109, One 075 143 550, Vip 077 143 703 veke sledniot ponedelnik sredstvata potrebni za operacija ke bidat sobereni. Vkupniot trosok za opercijata e malku poveke od 30 000 evra. Sumata e golema, megutoa so zdruzeni sili moze da se sobere. Ve molam pomognete!

Za vreme na pladnevniot rucek so kolegite ili soucenicite, na vecerno ili popladnevno kafe so prijatelite, na semejniot rucek i sekogas koga ke imate prilika denovive setete se na Aleksandar i bidete humani!

Blagodarime.
п.с. Извинете али не видов дека во постот над мене е ставен линк од истиот текст и истата група.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во групата прочитав дека се собрани до сега околу 1000 евра, а потребни се 30.000. Ајде луѓе донирајте, значи 100 денари не ви прават некоја голема разлика во животот, а на некој ќе му спасат живот. Операцијата е мислам на 11 ноември.

Еве ви уште еднаш линк од групата иако погоре имаат оставено.
http://www.facebook.com/home.php?sk=group_173435936003157&ap=1
 

Kajgana Shop

На врв Bottom