Александар Милошески е 24 годишно момче од Скопје, студент, систем инжињер и мрежен администратор кој паралелно студира и работи се до пред 5 месеци кога му е дијагностициран голем тумор на мозокот, кој мора да се отстрани со хируршка интервенција во најскоро време.
Се работи за бенигно ткиво кое се наоѓа на кората на мозокот, односно оток/израсток..., во пределот на темето на главата, во пречник од околу десетина сантиметри во елипсовидна форма. Ги опфаќа деловите над левата и десната хемисвера на мозокот покривајки и зафаќајки ја и вената која ја изнесува крвта од мозокот. Според неврохирурзите кои досега ги погледнале снимките, туморот најверојатно е стар 8 до 10 години и како последица на неговата големина се имаат формирано и 5 цисти (згрутчување на мозочната течност) три на левата страна каде што туморот зафаќа поголем простор, и две на десната. Податокот што станува збор за бенигно ткиво само по себе е добра вест бидејки не е агресивно во растењето и ширењето, меѓутоа, негативна карактеристика е што е веќе многу големо, па силно притиска на нервните центри во мозокот над кои се наоѓа поради што постои можност да предизвика трајни оштетувања на истите. Исто така, ткивото ја зафаќа вената која излегува од мозокот, што може да претставува потенцијална опасност по животот.
Долг период, не беше возможно закажување на конкретен датум за операцијаta, пред се поради несоодветните услови за изведување на истата во клиничкиот центар во Скопје, па потоа и на клиничкиот центар во Љубљана – Словенија, за на крај да биде откажана и поради недостигот на финансиски средства за истата да биде обавена во Луцерн – Швајцарија.
Сепак, по 5 месеци лутање низ болничките ходници, денес конечно е закажан датум на Интернационалниот Институт за Неврохирургија и Невроистражувања во Љубљана – Словенија (International Institute of Neurosurgery and Neuroresearch (IINN)). Огранизатор, како и главен хирург кој би требало да ја изведе е невро-хирургот Винко Доленц (Acad. Vinko V. Dolenc, M.D. ,Ph.D. , Senior Councillor Professor and Head.)
Поради состојбата во која се наоѓа Александар, неопходно е во најскоро време да биде извршена операцијата за која е потребно да се соберат доволно парични средства.
Како и сите поголеми хируршки интервенции, оваа операцијата чини 25 000 евра само за уплата во клиниката, и дополнително уште најмалку 5000 евра за пропратните трошоци (патување, дополнителни испитувања кои треба да се направат пред операцијата, престој во Словенија итн.)
Поради висината на цената е потребна вашата финансиска помош.
За таа цел ја направивме оваа група и ангажиравме телефонски броеви на кои може да донирате парични средства:
T-mobile : 070 143 109
Cosmofon: 075 143 550
Vip: 077 143 703
како и трансакциона сметка со број:
300007086019204
Комерцијална Банка АД Скопје