Друштво прочитав доста страници од темава и сепак сватив дека она што моментално ми се случува е многу честа појава во нашето опшество и речиси на секој трет му треба помош од некое стручно лице или пак некој што истото го поминал.
Вака, долго време сум со една девојка и поради грешките од типот (24/7 заедно) многу од другарите што ги имав од мал што се вика го прекинав контактот со нив или го одржувам колку да се каже. Морав да сменам пријатели (друштво) не по мое задоволство туку со цел да не останам еден ден сосема сам. Како изминуваше периодот со обврски на факултет , дома , еден период поради тоа што се чувствував како да сум (САМ со неа) започнав да паѓам во депресија. Се помалку ми се излегуваше, ја губев самодовербата, со други зборови не постапував машки туку сосема повлечено. Еден период фокусирајќи се само на книгата (бидејќи тоа ми беше утеха) почнав слабо да јадам да губам апетит и воедно да слабеам.
Овие нејадења доведоа до ситуација да во еден ноќен бар се онесвестам. Бев на лекар се ми е ок, крвна слика, дишење. Но остана еден сериозен симптом (паника) а можеби и анксиозност (како што често можев да прочитам). Е сега од тогаш имам фобија од смрт , често сум и деморализиран за да успеам во животот и да продолжам понатаму. Кога излегувам во многу луѓе чувствувам гушење и страв дека ќе паднам некаде и никој нема да ми помогне. На рацете чувствувам како ми лазат мравки, ладна пот (иако не е жешко времето), нозете како да не се мои и нестабилност.
Имав таков напад дома кога спремав испит, од што толку се потресов не можев да седам мислев дека срцето ќе ми запре или пукне , дека не можам да дишам. Чувствувам потреба од тоа да се движам како некоја против-мерка за стравот од смрт , а не можам и немам каде освен дома бидејќи е 05:00ч. Мајка ми кога сум имал напад на депресија ми давала Хелекс (мислам најмала mg). Но не сакам од "хемија" да живеам , а воедно ми е срам да одам на психијатар не сакам да помислат дека сум умоболен. Порано често возев точак и џогирав, а сега со обврски сум повеќе дома и тоа мислам дека многу ме убива не ми дава можност за просперитет. Некој совет како да го надминам проблемот со паничен напад или анксиозност (како и да е). Поздрав сопаталци