анксиозност се јавува обично кај посвесни, поинтелегентни, пофилозофски настроени, фантазери, поосамени, длабоко во себе повлечени особи. Тоа ти е еден вид навика, енергија што те следи.Човек кога ке почни некое време да се чуствува Не ми е гајле за ништо ке правам што сакам, и кога ке го прави тоа потсвесно му станува навика. Почни некое време да се замараш со се, да се затвориш во себе, ке стани навика, после тешко ке ти биди да се промениш. Човек во животот треба да помини тешки срања за да почнат да му се случуваат убави работи. Мора да даде се од себе за да стигни на посакуваното ниво. Проблемот е што ја губи вербата и надежта при најмал предизвик и се разочарва непотребно, бидејќи некои случувања самиот си ги протолкува негативно. Се е до начинот на перцепција. Кога ќе почни да потпаѓа под негативно влијание, тој почнува да гледа црно, се перцепцира негативно а со тоа си влече да му се случуваат негативни работи, и продолжува да пропаѓа во јамбис се подлабоко и подлабоко.
Но верувајте ако почни да се бори за да ги промени работите, и да верува само во позитивното без да му дозволи на умот да си игра емотивни игри со него, без да се откажува на секој предизвик, кога ќе понат да му се случуваат позитивни работи, кога ќе ја почуствува таа среќа на позитивноста, после само позтивно ке се случува. Значи на позитивното се лепи позитивно, а на негативното негативно.
Треба да престаниме да си кажуваме во главата што треба а што не треба и да го правиме тоа во релноста.
Како пример ќе го земам внатрешниот дијалог или монолог што го имаме во себеси, кога си зборуваме самите кој не изнервирал и што сакаме да му речиме или направиме, кога се прашуваме зошто некој така постапил со нас и со враќаме филмот по 100 пати, зошто не сме презеле чекор кога требало, како да го добиеме тоа што го сакаме и сл. Значи првен треба да му ставиме крај на зборувањето со себеси, замислувањето работи што се случиле или сакале да се случат и да престаниме да се повлекуваме во себеси.
Човекот е социјална животина што е дизајниран да ги искажува своите мисли, чуства и желби, секој кој го негира тој налив е подложен на стрес и анксиозност
Е сега прва работа што треба да се преземи за лекување на позтивност е изложеност на стравот. Бидејки стравот е прв, главен и основен симптом, па после доаѓа несигурност, срам, гнев, омраза, бес, опсесија, зависност, љубомора, и ред други да не ги набројувам, мора да се решиме од стравот како основен причинител.
Тоа можи да го решиме само и само со изложеност на тоа што не плаши. Секој се плаши од различни работи ама има некои што се каректиристични за повеќето.
Ке започниме со тоа што ќе го удриме в корен стравот и излегваме од комфортната зона секогаш кога ке ќе го почуствуваме. Ке набројам неколку примери кои ке бидат бенефитни за секого
1 во следните 30 дена сакам секој ден да излегувате на јавно место, улица, автобуска, кафич и да започнувате муабет со секого што ке сретните, било мажи, жени, стари, млади. Што сакате прајте муабет не ме интересира, само доколку да комуницирате вербално
2 исто во следниов месец намерното да го правите она што не сакате да го направите, и намерно да ги заебите работите, од љубопитност да видите што ке се случи, т.е. да направите нешто спротивно од тоа што мислите дека треба, друго ако мислите дека е понижувачки да носите некое згрешено парче облека на пример од спротивен пол, наоравете го токму тоа, нема да бидите осудувани како што си мислите, напротив останатите ќе бидат љубопитни зошто го носите па можеби сами ќе ви започнуваат муабет, можите да им речите дека тоа е најнова мода во милано и поголем дел ке ви поверуваат, мнозинството од луѓето се прости и глупави, па зошто би се грижеле што мисли некој прост глупак, на почеток со тоа парче облека ке се чуствувате непријатно, срамно ама токму така ќе ги надвладеете тие чуства
многу што настојувам да направите е при некој поголем собир на луѓе е да зборувате пред сите, можи јавен настап, караоке, на непозната група луѓе, било каде што ќе начекате шанса.
Исто сакам да почните да ги кршите правилата од време на време, да правите што сакате, вклучувајки да му искарате на некој посупиорен од вас, да скршите предмет, чаша можи во кафеана од земја да манитем малку бон тон, да направите нешто малку опасно и забрането, ама само малку да е сепак во границите, во никој случај да доведувате себеси и другите во опасност, нешто како американциве што се глупираат на пранкови, тепање со перници, истурање вода ладна на некој, мавање пита во фацата јерси шор, и сл. Целта да се осетите живи и да се ослободите малку, потсетесе дека животот е наш и дека тука сме на овај свет на кратко време, треба и да се забавуваме а не да се грижиме што мислат луѓето за нас. знајте дека сите се загрижени за себеси како се претставуваат па немаат време да ви судат
3 без разлика дали сте машко или женско особено ако сте слободни да им пријдете на личност од спротивниот пол и да започните самите интеракција
4 во следниот месец да не користите воопшто компјутер, смартфон, па и телевизор, да видите дали ќе се чуствувате подобро.
5 работете на подобрување на вашата положба на телото, таа е во директна поврзаност со начинот на поглед на светот, кога сте анксиозни сме згрбавени со погледот надолу, а кога сме згрбавени се чусвтвуваме анскиозно, едно го предизвикува другото, а со денешното згрбавено седење поради смартфони и компјутери сами си ја каниме анскиозноста, би препорачал, вежби за истегнување, побарајте на интернет вежби за зајакнување на грбот и за отворање на градниот кош, враќање на рамената во неутрална положба назад и долу, враќање на вратот назад во неутрлна положба, масажирање на цело тело да се отстранат блокадите, тоа можи со пвц цевка обложена со сунѓер, или да одите кај специлист, за масажа или ролфинг
Гледајте да бидете што повеќе излезени во интеракција со луѓе и да ги развивате вашите комуникациски вештини, вашата самодоверба и снаодливост