Непотребно предизвикувате дополнителен страв и паника кај луѓе кои веќе страдаат од тоа. Јас сум од тие што три години "се клукал" апчиња. Негативен ефект којшто мислам дека се должи на апчињата е главоболката којашто се јавува повремено на едната страна од главата. Но, сум задоволен од поддршката која сум ја добил од матичниот лекар и смиреноста (отсуството на страв) која што била резултат на дејството на лековите како основа за изградување на самодоверба и излегување од таа состојба. Не знам зошто го употребувате тој термин "клукање" како да се работи за нешто ненормално, но во третманот на анксиозно-депресивни растројства не се препишуваат 5 видови на апчиња. Ако некој пие 5 различни видови лекарства не значи дека сите тие ги пие поради депресија и паника, туку најверојатно се работи за друго сериозно заболување кое мора да се третира на тој начин, а анксиозноста се појавила како последица на стравот и стресот од болеста.. Ако некој ви кажал нешто, не значи дека ви кажал се.
Преувеличуваш некои работи во негативен контекст друже, а самиот не знаеш за каква состојба се работи.
Јас не сум против, оние коишто се засегнати да се обидат максимално да ги избегнат лекарствата. Напротив. Но не сите можат на тој начин да се справат со болеста. Впрочем, мал дел се тие коишто успеваат да излезат на крај со паничните напади без посета на лекар. Човек којшто не доживеал напад на паника не може ниту да замисли за каков хаос станува збор, особено на почетокот, a не да има таква самодоверба и да успее да ја смири потсвеста со тоа што ќе медитира.
Во однос на случајот. Не знам зошто девојката воопшто очекувала дека Хелексот може да помогне при вакви ситуации. Хелексот е ништо. Апсолутно ништо. Не вреди да се зема во толкави количини само заради неговиот ништожен и привиден ефект.
Зошто со претходната терапија имало подобрување но не дала стабилен резултат?? Затоа што била предвреме прекината (заради бременост).
Јас би и кажал да не се плаши да оди на лекар и да се врати на терапијата која и помага (бидејќи 15 години се мачи и јасно е дека нема сили односно самодоверба самостојно да се справи со ситуацијата), а кога се плаши од нус-појави нека помисли само која е таа нус-појава која може да биде пострашна од хоророт на мисли кој го доживува постојано и постојано. Речиси и да нема таква, а воопшто веројатноста е мала. И да не ја прекинува терапијата на своја рака. Терапијата се прима најмалку шест месеци, а во ваков случај најверојатно за стабилен ефект кој потоа ќе и овозможи да стекне самодоверба и да премине конечно преку ова ќе и биде потребно можеби и година или подолго (што не е ништо во споредба со 15 години на живеење во страв). Впрочем таа сама ќе почувствува моментот кога ќе биде спремна засекогаш да ги остави апчињата. А во меѓувреме мора да применува физички вежби (или јоги), социјализирање макар против своја волја, да привикнува кон соочување со стресни ситуации во животот, да пие чаеви (но не како замена за терапија)...