Анксиозност

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Свесност, самоанализа, себепосматрање, неидентификација и болење курот на макс, нема ништо подобро. Вежбање и здрава исхрана.
Друже, лесно е да се каже коа неси у депресија. Ама у пракса е мааааалце подруго. Ногу е тешко човек сам себе да се подигне од проста причина шо тогај нема воља. А како да се поткренеш коа немаш воља? Секој знае шо е чарето, ама му фале енергија. За почеток треба некој пријател да го подигне човек, да му иде дома повеке пати. Самото присуство на друга особа, обичен маабет за банални ствари ќе му ги одвлече црните мисли, со тоа и ќе му се подигне вољата. Тек тогај може сам себе да се поткрене на акција.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
За почеток треба некој пријател да го подигне човек, да му иде дома повеке пати. Самото присуство на друга особа, обичен маабет за банални ствари ќе му ги одвлече црните мисли, со тоа и ќе му се подигне вољата. Тек тогај може сам себе да се поткрене на акција.
Да му направи малку бреинвош пошо овој бил слабак и си дозволил да дојде до таква состојба. Ајде да го трошиме времето на слабаци.
Малку се хипокритични оние што мислат дека се анкс/депре. Од една страна (во најголем број) ги обвинуваат другите, а сакаат помош од другите.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Да му направи малку бреинвош пошо овој бил слабак и си дозволил да дојде до таква состојба. Ајде да го трошиме времето на слабаци.
Малку се хипокритични оние што мислат дека се анкс/депре. Од една страна (во најголем број) ги обвинуваат другите, а сакаат помош од другите.
Ај не ди-пр молим те.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Приказната со Исус и слепиот, откако прогледал слепиот убил човек и го обвинувал Исус затоа што му го вратил видот....сигурно ја знаеш.
Можеш да му помогнеш на некого, можеш и да не му помогнеш....и двете варијанти се ок, зависи од твојата природа која од тие две варијанти ќе ти лежи.
Јас би му помогнал, ти не....нема проблем тука.
Автоматски споено мислење:

Кога сме на темава....ако има некој доволно живци да слуша се додека не разбере, на крајот од видеово ќе се излечи :)
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Размислував дали да го споделам со останатите на темата тоа низ што јас поминав кога е во прашање анксиозноста. Решив да ја споделам мојата приказна, иако знам дека ќе се соочам со секакви коментари. Јас ја имам најлошата можна комбинација (анксиозност и продлабочена депресија). На почеток сакам да напоменам дека ова не го пишувам за некој да ме сожалува или да добијам нечие внимание. Го пишувам за сите останати кои поминуваат низ сето ова. Јас искрено не ни знаев што е анксиозноста и депресијата. Кога ќе размислам подобро уште од прво одделение биле присутни во мојот живот. Уште тогаш имав тахикардии и моите ме носеа на доктор, мислејќи дека имам здравствени проблеми од друг тип. Ми се потеа дланките и ме облеваше ладна пот секогаш кога бев помеѓу луѓе. Немав пријатели уште тогаш бидејќи ме сметаа за чудно дете и дел од нив се мајтапеа со мене. Така се повлекував во себе и не бев свесен дека сум депресивен и анксиозен. Имаше денови кога не сакав да одам на училиште. Низ годините мислев дека тоа е нормално и дека сите поминуваат низ тоа. Мојата грешка беше што уште на почетокот не побарав помош и не се заинтересирав да се обидам да дознаам за што станува збор. Имам разговарано со стручни лица , но мене разговорите не ми помогнаа никогаш. Лекови не сакам да земам бидејќи не сакам да сум билка. Инаку сега состојбата ми е значително полоша од почетокот, ама живеам од ден за ден. Се навикнав на тахикардиите и знам дека ја немам таа среќа да ми се случи нешто лошо и дека брзо ќе поминат. Најлошо е кога на личност која страда од депресија, ќе и кажеш да не се самосожалува. А всушност не разбираат дека ти во нив гледаш искрен пријател на кого сакаш да му се довериш за тоа низ кое што поминуваш. Затоа немам доверба во луѓето и не зборувам за својата состојба со никого во реалноста. Имав блиска личност која ја сакав многу, а кога и кажав дека поминувам низ сето тоа ми рече дека сум измислил приказна за да и го привлечам нејзиното внимание. Затоа ако не можете да и помогнете на личноста која поминува низ сето тоа, барем не и одмагајте односно не и создавајте чувство на вина дека таа е виновна за тоа низ кое поминува. Совет за сите кои поминуваат низ ова да посетат психолог, можеби разговорите со него ќе ви помогнат во вашиот случај.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
А кој е?
Не сте деца приказни да ви се измислуваат.
Па никој не е виновен поради тоа што поминува низ таква состојба. Сакаш да кажеш дека јас намерно си ги создавам тахикардиите и дека сакам да имам такво непријатно чувство. Јас би дал се барем еднаш да почувствувам мир и да не поминувам низ сето тоа. Плус постојат многу кои не ни знаат дека се анксиозни.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Колку пати неделно правиш тренинг и каков?
Не знам на каков тренинг мислиш, ама тогаш од докторите добив одговор дека не е ништо страшно. Патем и додека тренирав фудбал, на спортска медицина ми спомнаа за тахикардиите и за шум ама рекоа дека е од моментален страв тоа. Сега скоро бев и на колордоплер и правев некои останати испитувања и ми беше кажано дека тироидната жлезда најверојатно ги прави тахикардиите. Јас знам дека е поради анксиозноста, ама уморен сум веќе да ме препраќаат кај психолози кога нема никаков ефект тоа кај мене.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Па никој не е виновен поради тоа што поминува низ таква состојба.
Не може никој да не е виновен. Секогаш некој е виновен за нешто.
Не сакам да кажам дека намерно си ги создаваш, сакам да кажам дека психата не ти се развила ко шо треба.
Како дете секако дека не можеш многу да смениш, најмногу важи од опкружувањето, ама сега...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не знам на каков тренинг мислиш, ама тогаш од докторите добив одговор дека не е ништо страшно. Патем и додека тренирав фудбал, на спортска медицина ми спомнаа за тахикардиите и за шум ама рекоа дека е од моментален страв тоа. Сега скоро бев и на колордоплер и правев некои останати испитувања и ми беше кажано дека тироидната жлезда најверојатно ги прави тахикардиите. Јас знам дека е поради анксиозноста, ама уморен сум веќе да ме препраќаат кај психолози кога нема никаков ефект тоа кај мене.
Не сакаш лекови и психолози и психијатри...епа тогаш си на правото место!
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Не сакаш лекови и психолози и психијатри...епа тогаш си на правото место!
Психолозите кај кои сум бил гледаат само да ти ги земат парите, а лекови поради друга причина не сакам да земам. Млад сум да се трујам и да живеам како билка. Се трудам на други начини да си помогнам. Со прошетки во природа, одам на риболов, утрински прошетки и се останато што може да ме релаксира. Не е работата само да се земаат лекови, постојат и други начини некои практикуваат јога на пример.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не знам на каков тренинг мислиш, ама тогаш од докторите добив одговор дека не е ништо страшно. Патем и додека тренирав фудбал, на спортска медицина ми спомнаа за тахикардиите и за шум ама рекоа дека е од моментален страв тоа. Сега скоро бев и на колордоплер и правев некои останати испитувања и ми беше кажано дека тироидната жлезда најверојатно ги прави тахикардиите. Јас знам дека е поради анксиозноста, ама уморен сум веќе да ме препраќаат кај психолози кога нема никаков ефект тоа кај мене.
Мене твојов проблем ми личи дека е можно поврзан со недоволна физичка активност и можни недостатоци во исхраната. На твое место би пробал со суплементи, редовни тренинзи и квалитетна храна. Не е ефтина варијанта ама вреди да пробаш, можеби ќе има ефект.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Психолозите кај кои сум бил гледаат само да ти ги земат парите, а лекови поради друга причина не сакам да земам. Млад сум да се трујам и да живеам како билка. Се трудам на други начини да си помогнам. Со прошетки во природа, одам на риболов, утрински прошетки и се останато што може да ме релаксира. Не е работата само да се земаат лекови, постојат и други начини некои практикуваат јога на пример.
Сум чул за јадење брокула, валеријана, трчање кругови окулу зграда, јога, молење во црква, носење магнети, полудраги камења, јога, јадење квасец, марухуана, бањање во ладна вода, одење на акупунктура, пиење масло од маслиники и зачини во 4.00 наутро на гладен стомак, пиење чаеви од маточина и жалфија, јадење чоколадо, пиење урина, местење на коски, хипоноза, таблети од Бвит и Магнезиум итн...
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Мене твојов проблем ми личи дека е можно поврзан со недоволна физичка активност и можни недостатоци во исхраната. На твое место би пробал со суплементи, редовни тренинзи и квалитетна храна. Не е ефтина варијанта ама вреди да пробаш, можеби ќе има ефект.
Физички сум активен барем 2 пати неделно, а повеќе би рекол нередовна исхрана која е резултат на депресијата. Најчесто немам апетит. Земам само Магнезиум и Ц витамин на препорака од интернист.
Автоматски споено мислење:

Не може никој да не е виновен. Секогаш некој е виновен за нешто.
Не сакам да кажам дека намерно си ги создаваш, сакам да кажам дека психата не ти се развила ко шо треба.
Како дете секако дека не можеш многу да смениш, најмногу важи од опкружувањето, ама сега...

Ако бараме конкретен виновник тука е хормоналниот дисбаланс. Кај лицата кои се анксиозни тоа е најчесто главната причина. Или поточно недостаток на серотонин, допамин, окситоцин и ендорфин.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom