Анксиозност

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Јас би дала само неколку напомени:

1. Со сета почит кон исклучоците, ама факт е дека најголем дел од лекарите во Македонија се бивши студенти по медицина, т.е. ретко кој се надградува, информира, едуцира. Инаку не би препишувале терапии кои се стари 30 години и чии несакани ефекти се познати.

2. Апчињата, кои во Македонија ги даваат како да даваат Пеперминт, не се лек за состојбата во која се наоѓате. Тие само помагаат да можете да профункционирате и да се соочите со проблемот. Треба да се даваат на кратко време и дозата да се намалува - нешто што лекарите во Македонија не го прават.

3. Ова можеби треба да биде прво: анксиозноста е знак дека треба да направите коренита промена во животот. Анксиозноста е знак дека долго време правите нешто што се коси со вас самите, правите нешто што не ве прави среќни, т.е. ги вложувате сите сили, правите се‘ да бидете она ШТО НЕ СТЕ!!

4. Ви треба некој за да пребродите. За време на паничните напади, ви треба некој што ве разбира и ве сака. Значи некој што ќе биде со вас, иако сте тргнале на прошетка и после 20 метри сакате да се вратите назад.
За да дојдете до суштината на проблемот ви треба стручно лице. Не секој психолог или психијатар одговара на секого. Сами ќе си одредите дали човекот наспроти вас ви помага или не.

5. Занимавајте се со работи во кои уживате или откријте нови. Плетењето и везењето се многу медитативни, а не се скапи ниту мора да имате талент за да се занимавате со нив. Сликајте, пејте, играјте! Јогата и медитацијата се многу полезни.

6. Не се напрегајте повеќе отколку што треба. Анксиозноста нема да ја снема ако се обидете да се изгубите во обврските и да работите до бесвест. Она што може да ви се случи е целосна исцрпеност на организмот кое само ќе ја влоши ситуацијата.

7. Нешто што можеби ја прави анксиозноста „неизлечива“ е што сите сакаат да бидат како што биле. Анксиозноста ја доживуваат како лош сон, после кој се’ ќе биде како што било и порано.
Не, нема да биде и НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ. Начинот на кој сте живееле пред анксиозноста ве исцрпил и ве кутнал. Треба да промените нешто, а не со носталгија да се сеќавате на времето какви сте биле. Не ја сфаќајте анксиозноста како борба, туку начин на раст и созревање. Треба да ги напуштите старите претстави, старите обрасци на однесување и „да се потсетите дека сте заборавиле да се сакате. Сте заборавиле дека ВИЕ сте љубовта на вашиот живот. Не вашите родители, не вашите деца, не вашата работа, туку вие, самите. Без вас, нема љубов, нема живот“*.

*цитат од едно предавање :)

Tocno taka , jas sum primer koj od panicni napadi nemozese da spie , pritisokot mi se krevase do 200 , se osekav kako da nemozam nisto da napravam sam , ama svativ deka PANIKATA i PANICNITE NAPADI se retka privilegija sto ne mu se dava na sekogo vo zivotot , eve denes vekje skoro 2 godini nemam nitu eden panicen napad i gord sum na toa bidejki bitkata koja ja pobediv bese mnogu teska i mnogu lesna :) i denes namesto panicni napadi sve mi e vo obraten pravec t.e poubavo nego li pred da mi pocnat panicnite napadi i zatoa vikam deka sekoj koj ima panicni napadi e golema privilegija ili eve da kazam dar od boga .

- Mora da gi smenite starite so novi naviki i problemot e povekje od resen :)
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 23:41 ---
и така, бев на лекар и завршив со асетра 50мг и хелекс 0.25мг...некој коментар?! совет :D

Lekarstvata ne pomagaat mnogu ajde uste od start da ti kazam , ASENTRATA e katastrofalen lek , ja go piev 100 mg i se osekav ko duh :) :) i na svoja glava gi prekinav site terapii , a HELEX mozes da si pies dodeka ne ti se vospostavi povtorna harmonija na nervniot sistem , inaku trgaj ASENTRA dodeka ti e vreme .
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 23:44 ---
последнава недела, нешто почна да ми е ко глава во облаци, како да см надвор од моето тело ... многу е лошо чуството.... незнам што да правам, дали да одам на лекар... значи кога ке легнам, многу ми е лошо се осекам како да лебдам, ама не е удобно ВООПШТО, ги осекам нозете како да не ми се дел од телото, како да сум надвор... дали е ова анксиозност,, многу сум под стресс во последно, незнам како да се справам, имам премногу обврски.. ке ве молам за совет како да ја смирам анскиозноста.. доколку е тоа, или пак можеби е висок крвен притисок...премногу сум загрижен и многу се депресирам , студент , знаете како е .. незнам како да се ослободам од стресот а и со тоаа да се ослободам од ова страшна состојба која ја немав се до пред оваа недела.. curse you anxiety ! ! ! !

Resenieto ti e pred nos .
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
од четврток ги пијам апчињата, алкохол 0% две недели кафе исто така 10 дена и веке се чуствувам како друг човек...натака ке видиме би требало да се опраи работата...:D
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Во последно време имам големи проблеми и големи стресови во животот и работата општо. Каже те ми начини каде што можам да ги неутрализирам или намалам евентуалните последици од стресот по телото и здравјето ??
 
другар пробај со бедоксин и б комплекс...напиши нешто повеке оти ова не кажува мн за проблемот...
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
72
Поени од реакции
83
Научи да го исклучиш мозокот, барем за неколку минути.

Кажи си на себе си дека времето непостои, година, месец, ден, саат, бројка..не постои.

Сонцето изгрева и сонцето заоѓа, тоа е тоа.
Автоматски календарот запамтен во мозокот и сите работи што ги имаш планирано исчезнуваат за момент.

А друг момент е да не помислуваш на ништо, ни зборови, ни слики, со затворени очи. За ова треба пракса. Така ќе го оладиш малце мозокот, а со тоа и ќе ја намалиш анксиозноста.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
Последниве две недели ме мачи некоја анксиозност од преголем стрес од факултет и семејни проблеми. Имам несоница, и ако заспијам се будам за 2-3 сати со забрзана работа на срцето,немам апетит,болки во стомак, не можам да седам на исто место,не можам ни да се сконцентрирам на учење. едноставно не можам да најдам мир. Пробав со разни методи, б-комплекс, разни чаеви кој помагаат при смирување , дури и прочитав негде на интернет дека се зема и диазепам при анксиозност, но ме смири малку околу 3 сати максимум, потоа ми беше уште полошо од нив. Совет како да излезам од оваа ситуација?
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
вака, на почетокот осетив големо подобрување сеа скоро 10 ден со лекарствава некогаш ми се врака она чуство мада мислам дека е реакција од асетрата кој вистински делува по 3-4 недели...некој совет, мислење....или мн барам за 10 дена :D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

Земи читај нешто, Моќта на сегашниот миг од Екарт Тол прочитај ја.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
вака, на почетокот осетив големо подобрување сеа скоро 10 ден со лекарствава некогаш ми се врака она чуство мада мислам дека е реакција од асетрата кој вистински делува по 3-4 недели...некој совет, мислење....или мн барам за 10 дена :D
Што правиш друго, освен што пиеш лекови? Одиш ли не терапија?
Ај да не се цитирам самата, види што имам напишано погоре.
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
Што правиш друго, освен што пиеш лекови? Одиш ли не терапија?
Ај да не се цитирам самата, види што имам напишано погоре.
Вака ми рекоа дека ке ги пијам лековите 2-3 месеци(мада за 2 месеци доагам па ке идам на контрола), хелексот го оставам за 5-6 дена така рече докторот а за терапија неам време зашто таква ми е работата да не сум постојано у државата...така да сеа сум у божји раце мислам дека има подобрување после 2 недели откако сум на лекови...:D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Вака ми рекоа дека ке ги пијам лековите 2-3 месеци(мада за 2 месеци доагам па ке идам на контрола), хелексот го оставам за 5-6 дена така рече докторот а за терапија неам време зашто таква ми е работата да не сум постојано у државата...така да сеа сум у божји раце мислам дека има подобрување после 2 недели откако сум на лекови...:D
Лековите се само начин да функционираш, ама проблемот не се решава со лекови, барем не со асентра. Ако за себе немаш време, како мислиш дека ќе го надминеш проблемот?
Замисли да си сега 90 години и прашај се: на што требало да посветиш повеќе време? Дали ти жал што не си работел повеќе? Или ти е жал што не си се посветил на себеси?

Можеби на тој начин ќе можеш да го одделиш важното од поалку важното. И ај врати се уште еднаш и прочитај што сум напишала. Без скокање и цик-цак читање.
Поздрав
 
Вака што се однесува до начинот на живот пред и потоа го сменив не за 100%
туку 102.3 што ми рекол другарот Амди...Пред тоа нередовни оброци(никогаш доручек у живот), нередовно спиење, мн кафе, цигари, енергетски пијалоци, алкохол не пиев по две недели се убивав, сеа тоа го нема више се доведов у некој си ред...Тоа е што можев да направам за себе у моментот плус бев на невропсихијатар(моја лична пријателка на која и верувам премногу) и ми ги даде горе наведените лекови...Инаку што се однесува за нив незнаеш со да мислиш еден вика добри се друг вика не се, еден вика фрлај хелекс друг вика фрлај асетра...Хелексот го баталив како што ми рече докторката(хелекс по потреба) после две ипол недели сеа сум на асентра само...
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
вака, на почетокот осетив големо подобрување сеа скоро 10 ден со лекарствава некогаш ми се врака она чуство мада мислам дека е реакција од асетрата кој вистински делува по 3-4 недели...некој совет, мислење....или мн барам за 10 дена :D
Ефектот на овој тип лекарства се осеќа после неколку месеци.. Најчесто после 6 месеци. Вистина е дека нема конечно да те излекуваат бидејќи апчињата не се волшебни, а проблемот постоел во некоја скриена форма во потсвеста долго време дури да се појават јасни симптоми и најчесто се задржува таму долго време.
Самите лекарства можат да предизвикаат чувство на анксиозност, вознемиреност, поспаност, несоница, главоболка...
Сепак пробај, нема да биде лесно и нема да биде брзо, но тоа е животот.
Хелексот знаат да предизвикаат многу гадни ефекти (полоши и од анксиозноста и паничните напади) ако се земаат редовно подолго од 2-3 месеци. Батали тоа, не ти врши работа.
 
се слагам другар, мада слушам за асентрата мн позитивни мислења....Така да вреди да се проба нема што да изгубам освен аксиозноста :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom