Анксиозност

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
кога лекарите немаат појма што се случува со тебе,ќе ти речат дека си анксиозен,тепај антидепресиви кои ќе те поткренат малку,ама нема да дојде до излекување на проблемот......ќе се потиснат симптомите,а ако телото страда од некоја инфекција/болест ќе дозволи да се развива и понатаму,па не се знае кај ќе се заврши последно......
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Од главата си патиме... Иначе ги имам сите симптоми и подолго време веројатно боледувам од ова, така да сите до сега ми се грешни дијагнози. Што значи дека грешно сум мислел цело време...
Кои се симптомите на ова пореметување?
Психолошките симптоми на анксиозноста се претерана плашливост и загриженост, чувство на внатрешна напнатост и немир, зголемена чувствителност на бука,
Телесните симптоми на анксиозноста се забрзана работа на срцето, тешко дишење, чувство на недостаток на воздух, стегање во градите, сува уста, потешкотии во голтањето („кнедла во грлото“), зголемено потење на дланките, често мокрење, вртоглавица, „пеперутки“, во стомакот, болки во мускулите, ослабена сексуална желба, треперење на целото тело.
Присутни се и пореметувања во однесувањето: чувство на блокираност, преувеличување на доживувањата, тешкотии во спиењето во смисла на несоница, често будење или пак ноќни кошмари.
Ако кај една личност се присутни повеќето од овие симптоми повеќе од 6 месеци најверојатно таа особа пати од анксиозно пореметување. Возрасни особи со ова пореметување често се загрижени за секојдневниот живот, за одговорностите на работното место, финансиите, за здравјето на своите најблиски, се мачат со катастрофични предвидувања во врска со своите најблиски. Анксиозна личност целата е облеана со неодреден, ирационален страв со кој се парализира во своето функционирање. Се јавува и силно чувство на немоќ.

Многу малку луѓе се спремни да го прифатат фактот дека страдаат од анксиозност. Многу од нив анксиозноста ја кријат позади чувството на физичка непријатност, како што е срцебиење и замор; некои ја кријат позади бројните стравови кои им изгледаат реални и оправдани; кај некои луѓе анксиозноста може да биде скриен импулс кој ги гони да се препуштат на заборавот во алкохолот и други зависности.
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5

прочитај кои се симптомите од недостаток од магнезиум и се ке ти биде јасно, секоја втора, трета особа пати од недостаток само кај сите не се манифестира на различен начин...јас 4 месеци се клукав со асентра и хелекс, не пиев алкохол 3 месеци редовна исхрана, спиење по 10 сати но залудно симптомите само се потиснуваа додека не налетав на статија која вика дека Mg може да е заслужен за симптомите....еве 4 ден Mg од 250 мг секое утро и не се опишува како се осекам....
 
Ако си имал искуство дали тоа во текстот е точно?
 
дали магнезиумот го земаш чист или е во комбинација со цинк ??
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Анксиозноста е сите знаеме состојба која ретко е предизвикана од физички фактор, оттука знаеме дека на физички начин не се решава затоа и антидепресивите кои директно влијаат на мозокот не можат да бидат трајно решение во најголем број на случаеви, но секако дека ако состојбата е доволно лоша за човекот да страда од неа треба да се користат и антидепресиви.
Според моето лично искуство медицината неможе да даде вистински лек, може да ја подобри нашата состојба а да ја излечи неможе.

Но има алтернатива која јас практично си ја приложив, и сметам дека секој може на лесен начин да се ослободи од,
стравот, чуството на напнатост, стегање во градите, забрзан пулс, чуство на блокираност и тн.
Алтернатива, спорт, било фудбал или теретана одење шетање во природа, само спорт да е.
Потоа молитва многу ќе ви помогне.

Но исто така бев кај една жена што помага Јулија (50 год) од карамани Битолско,(не наплаќа ако оставиш арно)
кога отидов кај неа почна нешто со крст да прави,
јас бев напнат, малку страв и сл, веднаш ме очисти, ме опушти не бев ама ич напнат веќе, чудо незнам што да кажам. Ми рече не се трујај со апчина исфрли ги и ми ги даде горе наведените совети.
јас не вервав во вакви работи ама домашните оди па оди,
ама сега спортовам, втеретана, влето тумбе кафе вежбам битола има справи поставено и во природа е поубаво,
и фудбал понекогаш, а молитва секој ден си правам.
Ова за мене и за многу други беше и е лекот.
И знам дека секој може да се излечи без разлика колку и да е убеден дека нема лек за него.
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
Ако си имал искуство дали тоа во текстот е точно?
ти велам 4 дена го пијам и ко на небо сум, инаку апчињата се магнезиум оксид од 250мг, 100 таблети околу 500 денари се....пробај па пиши за твоето искуство :cuc:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Погледенете го видеото.
Има и едно подолго видео со наслов Psychiatry - An Industry of Death кое содржи слики кои се потресни и не се за секого, особено не за анксиозните.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.840
Поени од реакции
11.483
Колку и да е моќен мозокот да ти прави бербат во животот, ти си тој што треба да го контролира, а не обратно. Баталете психијатри, апчиња, терапии...се сум поминал и немало ефект, до тебе е. Тие ти се само потпора која ќе ги прикрие симптомите колку толку, глас кој што сакаш да го чуеш да ти даде некоја ведрина, оптимизам ама не е тоа тоа уствари.
Сам свој газда си, факт. Ви посакувам успешно справување со оваа појава, на сите кои имате било каков проблем ради истата.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Погледенете го видеото.
Има и едно подолго видео со наслов Psychiatry - An Industry of Death кое содржи слики кои се потресни и не се за секого, особено не за анксиозните.

Овој твој пост нема да му помогне на ниту еден човек кој нема доволно искуство со анксиозност, депресија, панични напади....
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Овој твој пост нема да му помогне на ниту еден човек кој нема доволно искуство со анксиозност, депресија, панични напади....
Тогаш голтајте асентра, што да кажам.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
Тогаш голтајте асентра, што да кажам.
е па поможи во случајот - дај кои сенегативните страни на голтањето асентра,искуства лични или од познаници,весници и статии
 
Kajgana Shop

На врв Bottom